Знаејќи ги работите што се случуваат во ова време, знам дека кога ќе имам деца во состојба ќе бидам и да ги следам кај одат и што прават. Дури и ме плаши фактот за тоа дека би можеле да направат и најмал дел од сите оние работи кои се за мене, денес, нормални.
Родителите мораат да имаат контрола врз своите деца, затоа и се родители. Неможе, не е нормално да имаш ќерка и да и речеш, кога сакаш излези, кога сакаш врати се, што сакаш прави. Ќе се врати трудна, па ти ќе бидеш оној што ќе си ја треска главата и ќе се нервира. Она не е крива, ти си крив, родител си, треба да си го воспиташ детето.
Еднаш паднав на муабет со една многу понапредна личност од денешнава младина на која и е дозволено се, мисли дека на детето треба да му се даде слобода за да може полесно да се социјализира. Гледано од друга гледна точка, истата персона изгуби невиност на 14, а забремени на 15 години од некој непознат, многу постар јунак. Детето може да се социјализира и ако има излез до 11 а има 18 години.
Можеби имало моменти кога ми сметало тоа што имам лимитиран излез, но имајќи во предвид што се имам направено и колку пати им имам предизвикано нервози на моите, ги сфаќам. А и подобро ми е кога знам дека има некој што се грижи за мене, сепак сум малолетник. Се ќе си дојде во свое време, барем да си го преживеам детството наместо после да жалам дека пребрзо имам пораснато.