Македонија ЃП и Слога Југомагнат исклучени од Првата македонска фудбалска лига!

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
.............................................
само ќе ти пишам дека овие си имаат свои извори преку кои ја искривуват сликата за фудбалот кај нас, а на хари не му треба да плаќа пари за да плука и да го омаловажува некого!!! ако некој е толку способен, нека повели и нека го турни од власт, а ако не е нека не кука по медиуми и по платени новинари!!!
.................................

Не му треба да плаќа пари за да плука и омаловажува. Така е. Хари ДОБИВА пари од донации за да плука по сите нас и да не омаловажува.
Ти дечко не знам дали гледаш македонски фудбал. Не е за тебе омаловажување кога твоите млади репрезентации не знаеш кога последен пат победиле или дали воопшто победиле некогаш? Кој е за тоа виновен? Јас? Ти? Блашко и Рафет? Миленко? Или тој што ги бира селекторите и што треба да создаде нормални услови за тренинг на младите деца?
Ајде сега со цел памет кажи „ па тоа е реалноста, немаме ние талентирани млади фудбалери“. :nenene:
Имаме, ама нема здрава средина за да се развиваат.
 
Миленко е крив :pos2::pos2::pos2::pos::pos::pos:
Добро ти е ова
 
па така им трба на македонија и слога сега они нека си играат меѓу себе ..............:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
 
Искрено мене ми е згрозено од Хари. Го уништи, ама буквално го уништи македонскиот фудбал. Го закопа во гроб и го забетонира така убаво што никој нема да може да го спаси од сите овие гомненици. Ми се гади и од Хари и од сите гнили апаши во федерацијата. А уште повеќе ми се гади од сите мои сограѓани што го бранат Хари само затоа што бил од Прилеп. Сега треба сите, ама буквално сите навивачки групи да се обединат заедно против Хари и да го сменат некако од функцијата. Многу поубаво ќе ми биде кога ќе видам како Мајмуни протестираат против Хари отколку да го бранат поради потеклото. Ама како што тргнало досега тоа ќе се случи сливата кога ќе роди круши.
 
незнам каде читав..Мајмуни го подржувале Харри за да им одат контра на комити:tapp:
 
Е од тоа ќе си умреме. Зашто целта на сите им е да му умри на козата комшијата, а не гледаат за колективното добро. Ако едните не ги бива, другите бетер се и така фудбалот пополека пропаѓа. Нема кој да ги брани интересите на тие што се со добри намери, а Хари краде ли краде додека е на функција.
 
Па затоа и се викаат мајмуни:vozbud:

Ti na MAJMUNI da mu go :pusk: ...

Mene licno mi preci so sekade se veli PRILEPCANECOT hari!!! Neka pisa mafijasot, stetnikot ... i red drugi raboti ama da mu bidi mana so e PRILEPCANEC ?!?!?!?!? Patem i jas sum protiv mafijaskite raboti vo fudbalot ama seta organizacija da se turni hari e od lujge ISTI KO NEGO!!!

VTORO...Fudbalerite na Vardar sakale da igraat ama upravata koja saka da izvleci korist od fudbaler na koj ne mu go ispocituvala dogovorot mu gi odzela legitimaciite...I sega??? Hari e kriv??? Ili sega e vo tesno pa ce go ucenuvaat isite ko nego!!! I na kraj Vardar i Komiti ce go krkaa kako Makedonija i Sloga zaradi tesnogradite interesi na poedinci...

zaklucok...SITE SE PEDERI!!! Nikoj od pretendentite nema lice (ili kredibilitet kako so vela na televizija) da bara da go nasledi hari (namerno e so mala buikva)

i za kraj...
JA SAKAM POBEDA!!! Ama mi trebaat silni Vardar i Pelister za da bidi interesno!!!
 
„Комитите“ го запреа Вардар

Играчите сакаа да играат, навивачите не им дозволија

Миодраг Мицковиќ

Само по неполни 24 часа, откако претставниците на Одборот за спас на Вардар си подадоа рака на претседателот на ФФМ, Хари Хаџи-Ристески и се договорија да го одиграат неделниот меч со Металург од последното есенско коло на Првата лига, ја сменија одлуката и под притисок, тоа веќе не е тајна на надворешни фактори, одлучија, сепак, да го бојкотираат натпреварот со Металург и да го напуштат годинашново првенство.

Што се случи да донесат сосема спротивно решение, останува да се причека на целата разврска околу рашомонијадата наречена Вардар. Не е тајна дека и меѓу навивачката група „Комити“ дошло до целосен раскол кога беше во прашање дали да се игра или не средбата со Металург. Навивачките групи „Стара гарда“ и „Лајонс фанс“ бараат мечот да се игра, членовите на Одборот за спас на Вардар, кој практично ја има сега доминантната улога во клубот со своите 22 од вкупно 29 делегати, беа категорични да се бојкотира натпреварот во Автокоманда со Металург. Дознаваме дека имало доста тензии по саботниот тренинг, кога играчите на Вардар се подготвувале за неделниот натпревар. Меѓутоа, по завршувањето на тренингот, од секретарот на клубот Мишо Мајсторовиќ му биле одземени фудбалските легитимации, дури и печатот на клубот за да евентуално Вардар не побара одлагање на средбата. Сето тоа минало во мошне напната атмосфера, играчите биле ставени пред свршен чин и им било наложено да не го играат натпреварот, по цена на драстични парични казни доколку се појават на теренот во Автокоманда.

„Што можевме ние играчите да направиме, во моментот зависиме од Одборот за спас на Вардар, мораме да ги почитуваме. Ем не не' плаќаат, ем не ни дозволуваат да играме“, ни рече во телефонскиот разговор Музафер Ејупи.

Претседателот на клубот, иако според Централниот регистар тоа не е без оглед што беше избран на последното собрание, Драги Сетинов беше затечен од една ваква одлука на луѓето што го водат клубот.

„Јас знам дека беше најден заеднички јазик со ФФМ и со нејзиниот претседател Хари Хаџи-Ристески. Не можам да објаснам што се случи за неполни 24 часа од тој состанок. Кој влијаеше да се смени таа одлука. Ова веќе не личи на ништо, најверојатно и јас ќе се повлечам бидејќи гледам дека некој во клубот работи зад мојот грб и сака да си одам“, беа зборовите на Драги Сетинов.

Неодиграниот меч меѓу Металург и Вардар сигурно ќе биде регистриран со службен резултат 3:0 за Металург, меѓутоа, со оглед дека заврши првенството Вардар нема да биде исклучен од лигата, ќе се чека првото пролетно коло за да се види дали ќе го продолжи првенството или ќе се смират нервозните состојби во клубот.

Но, едно е сигурно и со Хаџи-Ристески како претседател на ФФМ и без него, со некој друг, Вардаср е во тотален колапс од кој не се гледа излез, практично веќе фудбалски погребан. Одборот за спас на клубот, гледајќи ги своите лични интереси, го доведе на овие гранки до работ на бездна од која нема враќање. И уште едно прашање за луѓето од Одборот за спас на Вардар. Дали ФФМ ќе биде виновен кога утре десетина фудбалери на клубот ќе побараат раскин на штета на клубот и сигурно ќе го добијат бидејќи веќе шест месеци ниту примаат плата, ниту премии, што е уште полошо не им се платени придонеси за пензиско и здравствено осигурување. А тие се професионалци. Ќе можат слободно, без обештетување да си заминат од клубот со што Вардар ќе загуби најмалку 300 до 400 илјади евра, бидејќи веќе беа договорени некои трансфери во другите клубови. Сега заинтересираните клубови ќе ги добијат играчите без пари. Во ваква ситуација, можеби е и најдобро Вардар да се расформира, некогаш беше гордоста на Македонија, денес е фудбалски срам, за жал.

#
 
Слободно нека си оди Сетинов, па тој е најголемото зло во Вардар...

Вардар нема да изгуби 300-400 000 евра од трансфери, туку тие пари ќе ги изгубат неколку лопови кои "раководат" со клубот и кои едвај чекаат некој да фрли пари во Вардар, макар биле и минимални, за да ги лапнат.
 
Да ама сепак тие пари ке бидат загубени, кои реално да влезеа барем 10% од нив ке можевте да закрпите некоја дупка, ама вака......!:toe:
 
Вардар никогаш не видел пари од трансфери, тоа е целиот проблем :)

Една шупелка недоделкана како Тричковски направи трансфер од 700-800 000 евра во Звезда, а ние го избркавме од Вардар...
 
Не го избркавме. И тој си отиде, како што ќе си отидат и овие сега, бидејќи повеќе од 3 месеци не им се плаќаат придонеси.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom