Последниот Србин ќе умре во 2225 година

  • Креатор на темата Креатор на темата Human
  • Време на започнување Време на започнување

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.542
Поени од реакции
5.215
Секоја година Србија останува без еден град со големина на Јагодина. Природен наталитет во регионот имаат само Албанците, Ромите и Босанците. Да немаше војни, денес ќе бевме 20 милиони. Сепак, најголемиот убиец е абортусот - за 50 години исчезнале 14 милиони Срби
Познатото пророштво на Митар Тарабиќ, дека Срби ќе има толку, колку што ќе можат да застанат под една слива, може да се оствари за 250 години! Дека не се работи за празноверие, туку за сурова статистика, потврдува и податокот дека од 1992 година Србија забележува континуиран пад на наталитетот, а само во текот на последната деценија со тоа загубила повеќе од 260.000 жители. Статистичарите пресметаа дека, ако овој тренд продолжи, во 2060 година Србија ќе има 1,5 милиони жители помалку од денес. Истата проценка вели дека со ова темпо последниот Србин ќе умре во 2225 година!
И покрај се, експертите од Центарот за демографски истражувања сметаат дека нема место за паника. Факт е дека Србија секоја година останува без еден град со големина на Јагодина, Бачка Паланка, Рума или Вршац, но според нив, со тој проблем се соочуваат повеќе земји на Стариот континент.
Според податоците објавени во „Демографски преглед“, чиј автор е магистерот Горан Пенев, од 2004 година во Србија секоја година се раѓаат 30.000 луѓе помалку отколку што умираат, а посебен проблем претставува и фактот дека населението забрзано старее. Просечниот жител на Србија се наоѓа во петтата деценија од животот, а според бројот на луѓето постари од 65 години се наоѓаме на високото четврто место во светот, веднаш зад Италија, Германија и Грција.
- Состојбата не е добра, но ние сме далеку од тоа дека треба да се занимаваме со шпекулации дали ќе не има и до кога ќе опстоиме - тврди Мирјана Рашевиќ од Центарот за демографски истражувања. - Може да се каже, дека проблем со наталитетот имаат повеќе развиени држави во светот, а дека нашата земја одговорно се однесува кон ова прашање го потврдува и минатогодишното усвојување на Стратегијата за рехабилитација на граѓаните. Таа опфаќа низа чекори и мерки, од популациона едукација, финансиска помош на семејствата, активирање на локалната самоуправа, зачувувањето на репродуктивното здравје на младите, па се до мерки и акции поврзани со здраво потомство. Некои од овие мерки веќе детално се разработени, утврдени се носителите на активностите и роковите, но треба да се знае дека се работи за долготраен процес кој не може преку ноќ да донесе очекувани резултати.
Шумадинецот Кунта Кинте
Сепак, согласна е нашата соговорничка, факт е дека во иднина ќе бидеме се помалку и помалку. Единствен начин да не станеме држава без жители, покрај реализацијата на усвоената Стратегија, е создавање на услови да станеме земја на имиграција, наместо на емиграција, т.е. да создадеме економски услови кои ќе придонесат жители од Азија и Африка се повеќе да доаѓаат и да работат во Србија.
Тоа веројатно ќе ја спаси Србија како држава, но не и Србите како народ. Посебно поради тоа што природен прираст на населението во регионот имаат само Албанците, Ромите и Босанците (муслиманите), но не веруваме дека некого ќе го израдува фактот дека со текот на времето ќе станеме малцински народ во сопствената држава.
bebinja8.jpg
Целосно спротивно од мислењето на демографите има магистар Билјана Спасиќ, проф. на Економското училиште во Крагуевац и автор на книгата „Зошто исчезнуваат Србите“, која предупредува дека состојбата е повеќе од алармантна. Не е прашање дали, туку кога целосно ќе исчезнеме, а начинот на кој се бавиме со овој проблем, вели таа, укажува на тоа дека последната година на нашето живеење како народ ќе дојде многу порано од очекуваното.
Селата забрзано изумираат
Вистинската слика за демографската катастрофа најмногу се гледа во руралните средини, кои сочинуваат дури 95 отсто од вкупната површина на нашата земја. Според податоците на Заводот за проучување на селата, во следните 15 години во Србија дури 700 села ќе останат без жители и тоа главно старци. Според последниот попис од 2002 година, во 60 села живееја помалку од 20 жители, на просечна старост од 65,5 години, што значи дека тие веќе сега се избришани од лицето на земјата.
Имајќи го предвид фактот дека според стапката на наталитетот сме меѓу последните во Европа, т.е. дека просечната стапка на семејствата раѓаат 0,88 деца, или една петтина помалку од што е потребно за проста репродукција, не се без основ приказните дека сме на прагот на биолошко изумирање. Ако се остварат лошите прогнози, веќе до крајот на овој век во централна Србија може да живеат само 2,1 милион жители, а во Војводина нешто повеќе од 800.000. Со други зборови, во однос на сегашните 7,4 милиони, бројот на жителите може дупло да се намали.
- Секоја сериозна земја крајно одговорно се однесува кон овој проблем, додека ние по правило ја бутаме главата во песок. Речиси не постои земја на светот која нема министерство за грижа за семејството, за децата, за населението или без разлика како се викаат, освен секако нашата земја - вели соговорничката. - И додека сериозните држави плански го предвидуваат бројот на децата по семејство, при што целта е да се обезбеди барем проста репродукција, податокот дека нашите брачни двојки во просек имаат помалку од едно дете (0,88), никого не го загрижува. Што значи податокот дека сличен проблем имаат Германците или Французите, кои бројат по неколку десетици милиони жители, кога според последниот попис од 2002 година, Срби имаше нешто повеќе од 6 милиони? Покрај тоа, убедена сум дека ние сме и помалку од 6 милиони, што веројатно ќе се покаже во текот на идниот попис.
Исчезнале 20 милиони Срби
Билјана Спасиќ смета дека овој проблем дефинитивно мора да се пренесе во институциите на системот. Аналогно на искуството на популационата политика, која во светот е присутна уште од средината на 19 век, државата мора да овозможи здрава економска појдовна точка за решавање на ова прашање. Според неа, белата чума во Србија е директна последица од војните, абортусите, самоубиствата и преселбите! Токму овие четири причини во текот на последниот век придонесоа новиот век да го дочекаме со 20 милиони луѓе помалку!
jagodina.jpg
Јагодина
- Прв и најголем проблем се абортусите! - тврди нашата соговорничка. - Само во Русија се врши поголем број на вакви зафати, додека ние се гордееме со некаква либерализација во оваа област. Само кај нас може малолетна тинејџерка без согласност на родителите да направи абортус, при што често остануваат трајни последици, како што е на пример стерилитетот. Имајќи предвид дека годишно во Србија се вршат околу 300.000 абортуси, не е тешко да се пресмета дека со тоа сме изгубиле најмалку 14 милиони луѓе само во текот на последните 50 години.
Според неа, вториот проблем претставуваат војните, во кои во текот на минатиот век сме изгубиле најмалку 4 милиони жители! Најлошото во сето ова, потсетува Спасиќ, е фактот дека обично се работи за млади луѓе во најдобрата возраст за репродукција, кои не успеале да создадат семејства. Можеби во текот на 20 век во војните полошо од нас поминаа само Ерменците.
- Кога говориме за самоубиствата, пред нас се само Унгарците - тврди Спасиќ. - Годишно на тој начин губиме околу 2.000 луѓе, а кога се работи за преселување во други земји во светот, верувам дека само Евреите имаат поголем проблем. Речиси 4 милиони Срби се преселени во странски земји ширум планетата, од Аљаска до Огнената земја, а најголемата несреќа е во тоа што тие многу бргу се асимилираат и практично веќе со втората или третата генерација ја губат секоја духовна врска со матицата земја.
Србите исчезнуваат и наскоро нема да постојат, исто како што повеќе не постојат Сумерите, Маите и другите изумрени народи, убедена е Спасиќ, а дали на територијата на некогашна Србија подоцна ќе живеат некои Кинези, Албанци или Суданци, според неа, воопшто и не е важно. Секако, под услов во меѓувреме ако не ставиме прст на чело и под итно не преземеме нешто околу овој проблем.
Убил еден цел град
Во почетокот на 90-тите години од минатиот век, јавноста беше шокирана од исповеста на д-р Стојан Адашевиќ, кој речиси четири децении работел во КБЦ Дедиње и кој во текот на кариерата убил еден цел град со големина на Смедерево!
- Направив околу 50.000 абортуси и свесен сум дека на тој начин убив еден цел град. Прекинав еден момент кога направив еден абортус и видов живо и формирано дете. Тоа ме ужасна и почнав да сфаќам дека всушност убивам деца - рече своевремено д-р Адашевиќ.
Прво да исчезнеме, па да се обновиме
Историчарот Предраг Марковиќ не сака да размислува за тоа „што би било, кога би било“, но потсетува на еден необичен феномен кој оди во прилог на тоа дека сме многу издржлив и жилав народ.
- Најголем демографски „бум“ всушност остварувавме по најголемите несреќи и страдања - потсетува Марковиќ.
- Најголем прираст на населението забележавме во 20-тите години од минатиот век и кон крајот на 40-тите, значи токму после двете најголеми светски војни. Поради тоа, многу е тешко да се проценува колку ќе бевме ако не заобиколеа воените несреќи и дали некогаш ќе исчезнеме. Од друга страна, Марковиќ потсетува дека и покрај лошите прогнози има појави кои охрабруваат.
- Од 2000 година па до денес, континуирано се зголемува бројот на првачињата и верувам дека состојбата ќе се подобри и ќе се стабилизира на едно пониско ниво, каква што е сега состојбата во земјите на централна и западна Европа - вели Марковиќ.


www.idividi.com.mk
 
КОЈА ТРАГЕДИЈА!!!

Среќа у Македонијава има wannabe "српчиња" за извоз, а и не ни требаат, така да ќе ги испраќаме таму да се множат.
 
Ништо чудно кога истиот проблем го имаат речиси сите земји од Европа. Србите се се помалку и затоа што постојано војуваат, во првата светска војна Кралството Србија (заедно со Црна Гора и Македонија) имаше најголеми загуби од сите земји кои учествуваа во првата светска војна во однос на населението. Половина од машкото население загинало, слично и во втората светска војна па војните во југославија + нискиот наталитет, тоа е тоа ... :toe:
 
Бог да чува и да брани.Очигледно некому навистина му било досадно.
 
Мене ме загрижи наталитетот на Србите исто колку и проблемите на гнездење на розеклуните пингвини...

Толку текст изнапишан за проблеми на некој туѓ народ кој цела своја кратка историја се обидувал да не покори и посрби!
 
Зошто Србите, а не Грците? ЗОШТО??? :tapp:
 
Матер им ебам ќе ни надокнадат. Ние се појавивме едно илјада години пред нив, они ќе останат илјада години после нас. Не може ова процесов да го убрзаме?
Зошто Србите, а не Грците? ЗОШТО??? :tapp:
:tapp: Зашо грците се деца на ангелите, сонциња се, не знам зашо оној катиљ народон од Северна, горна, бившо идна југословенско јужносрпска западнобугарска бановна покраина и република Скопје МКД ФФМИСО9001 не ги сака?! :toe: They r the chosen ones... :pop:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Ако Србите се 5 пати повеќе од нас а ќе изумрат во 2225 година, ќе биде чиста среќа ако Македонците опстојат до 2100 година.

Се ситиме на несреќата на другите, ама ние ќе бидеме минато многу пред Србите.
 
Лани во Србија се родиле 30.000 бебиња помалку отколку што е потребно за проста репродуктивна замена на популацијата..плус имаат еден од највисоките морталитети во Европа со 14 промили..односно околу 102.000 луѓе годишно умираат во Србија....да не збориме за стареењето на популацијата што е карактеристична скоро за цела Еропа.....депопулација..што ни во Македонија не е непозната..ако се иземат Албаницте и Ромите
 
A nas pred toa ke ne snema. Kako sto iz gleda Makedonija ke bide prvata zemja vo Evropa sto ke ima muslimansko mnozinstvo za 20 godini.
 
Ако Србите се 5 пати повеќе од нас а ќе изумрат во 2225 година, ќе биде чиста среќа ако Македонците опстојат до 2100 година.

Се ситиме на несреќата на другите, ама ние ќе бидеме минато многу пред Србите.
Која 2100бе ние уште некоја година ќе поживуркаме.
 
Ова важи за сите земји,посебно на балканов,само ако се продолжи опаѓањето на наталитеот со ова темпо во што се сомневам.Можеби уште 10 години ќе биде популацијата во опаѓање,но после се ќе си се врати на свое место.Сега зависи тоа,можеби кај некои земји ќе се врати ситуацијата во нормала порано,а кај некои подоцна,се тоа зависи најмногу од еконосмкиот развој.
 
A nas pred toa ke ne snema. Kako sto iz gleda Makedonija ke bide prvata zemja vo Evropa sto ke ima muslimansko mnozinstvo za 20 godini.

Албанија е во европа
тие имаат мнозинство муслимани
Косово е во европа
и тие имаат мнозинство муслимани
 
A nas pred toa ke ne snema. Kako sto iz gleda Makedonija ke bide prvata zemja vo Evropa sto ke ima muslimansko mnozinstvo za 20 godini.

Во следните 20-30 години во Македонија ке останат петнаесетмина верници......
така да нема врска кој ке се мнозинство:helou:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom