Коста до кога ќе плачиш? Ваму те удриле, таму судиите те зафркнале... чекај, чекај напред е зимата за тебе. Она што е уште поинтересно е тоа што се плачиш за тоа дека си поминал лошо против градски екипи, со ретки исклучоци (како Подмочани) има места каде пред утакмица ќе го викнат тренерот и после краткиот разговор со челниците на противничката екипа ќе се врати и ви вели дечки мора да изгубиме. Јас вака ако се жалам како тебе, само за натпреварот против Радолишта има да испишам 10 страни. Факт е тоа што судиите им помагаат на домашните екипи, отсекогаш било така, а и ќе биде во наредниве 10 години. И немој да те лажи умот дека, ако сте пред пораз на домашен терен, нема да барате помош од судијата. Лани играв против Караорман и не знам колкави измени имаат во составот оваа година, но покажаа дека немаат страв од гостински терен (што е многу битно за во оваа лига) и не ме чуди воопшто што се убедливо први, веројатно имаат донесено уште неколку добри играчи, имаат пари, а и има како што погоре имаше некој напишано екипи кои им должат. Караорман (освен ако не се случи некое чудо) ќе биде прв, за второ место ќе се бориме ние, Борец, Работник, евентуално ако смешаат прсти и Мирче Ацев и Преспа (што не ми се верува) и Кораб кој никогаш не губи дома, но ме изненадува што досега немаат поени од гостувањата. Жал ми е што нема да можам да играм против Караорман, сигурно ќе биде интересен натпревар.
Така, Коста намали со плачење по форуми оти да знаеш дека ова што ти се случувало не е НИШТО!