GTFO
Pushing the button
- Член од
- 3 април 2009
- Мислења
- 5.654
- Поени од реакции
- 4.579
ИНТЕРВЈУ-АРТИМ ШАЌИРИ - КРАЛОТ НА КОРНЕРИТЕ
За Артим Шаќири 12 август требаше да биде еден од најзначајните денови во неговиот живот. Денот кога се прости од, како што тој вели, најдрагиот дрес, дресот на македонската фудбалска репрезентација, наместо задоволство, му донесе разочараност во душата. Желбата барем десет минути да биде во копачки на теренот и дел од големиот фудбалски спектакл, мечот со Шпанија, не му се исполни. И два дена подоцна кај Шаќири емоциите не стивнуваат.
- Навистина не можам да се помирам дека по сè она што му го дадов на македонскиот фудбал, не ми дозволија барем десет минути да поиграм. Искрено, размислував да не се појавам на "Филип Втори", но не можам да заборавам дека секогаш сум имал поддршка од навивачите, и само за нив излегов на теренот.Особено морници ме полазија по телото кога во средата повторно се најдов на рамената на навивачите и кога целиот стадион го скандираше моето име. Сум настапувал на многу стадиони, сум имал овации и на други места, но, сепак, аплаузите на Градскиот стадион ми се најдраги. И кога сум играл послабо, секогаш навивачите кај нас ме поддржувале, и затоа уште еднаш голема благодарност до нив - вели сега пензионираниот репрезентативец во неговото прво интервју по збогувањето од националниот дрес.
Артим Шаќири потекнува од Струшко, поточно од селото Ливада. Впрочем, тој крај е расадник на добри фудбалери бидејќи од таму се и репрезентативците Игор Митрески и Величе Шумуликоски.
- Потекнувам од спортско семејство бидејќи и татко ми, чичко ми и дедо ми играа фудбал. Почнав во тогашниот Динамо од Ливада, кој беше член на Општинскиот фудбалски сојуз, а потоа заминав кај еден мој братучед во Швајцарија, па и таму поиграв. Во 1995 година се вратив, заиграв за струшки Караорман, а следната година со Вардар го потпишав првиот професионален договор. Од тогаш се редеа дури 14 клубови. Играв во Шведска, Германија, Словенија, Турција, Бугарија , Англија, Финска, Данска, Лихтенштајн, Албанија и во Азербејџан. Од секоја држава, од секој град носам убави спомени. Во дел од нив престојував сам, а во дел со сопругата Рудина и со ќерка ми Сара - се потсетува Шаќири
Со неговата добра игра набргу беше забележан од тогашниот селектор Ѓоко Хаџиевски. На 28 мај 1996 година, на пријателскиот меч против Бугарија во Софија, на кој загубивме 3:0, Шаќири дебитираше во репрезентацијата.
- Како во магла се присетувам на тој меч. Знам дека тогаш за нас играа Ќириќ, Седлоски Христов, Гигец (Игор - Саша Николоски н.з.), а кај Бугарите настапи Стоичков, и бевме поразени. Нормално, повеќе се сеќавам на дуелите на кои победувавме, а особено на оние на кои јас бев стрелец.
Шаќири во дресот на македонската репрезентација има постигнато 15 гола. Тој е стрелец и на историскиот гол постигнат од корнер во Саутемптон против Англија (2:2), меч кој пред седум години целокупната македонска јавност ја крена на нозе.
- Вечно ќе се сеќавам на тој 16 октомври 2002 година. Претходно бевме поразени дома од Турција, па настанаа кавгите помеѓу Џиџи (тогашниот селектор Никола Илиевски н.з.) и раководството на ФФМ, на чело со претседателот Ламбе Арнаудов. На тензијата се надоврзаа и написите во англиските весници дека не знаат каде е Македонија и оти не можат да нè најдат на картата на светот. Во такви услови, во Саутемптон отпатувавме предвреме прежалени. Но во првото полувреме, при изведувањето на корнерот, забележав дека голманот Дејвид Симан е излезен, и успеав да го лобувам. Мислам дека повеќе се немам радувано за ниеден гол - го опишува Шаќири овој историски момент за македонскиот фудбал кој, истовремено, му го донесе прекарот Кралот на корнерите.
Само десетина дена по тој меч, на негова адреса почнаа да стигнуваат понуди од разни клубови. Постојано телефонски повици, сликања за разни весници, учество во разни рекламни кампањи, како и настапи во разни телевизиски емисии. Сето тоа придонесе Шаќири во таа 2002 година да биде можеби најпопуларно лице во државата. Речиси немаше човек што не му се воодушевуваше, и по воениот конфликт од 2001 година, тој можеби беше најзаслужен за затоплувањето на меѓуетничките односи во држава.
- Гледав секаде каде што ќе ме повикаат да се појавам, да разговарам со секој што ќе ми пристапеше, бидејќи славата ми годеше. Во исто време ги започнав преговорите со тогашниот англиски прволигаш Вест Бромвич Албион. Кога се договорив со ВБА, морав да чекам англиска работна дозвола. Во тоа време медиумите почнаа да пишуваат дека Англичаните не сакаат да ми дадат дозвола бидејќи сум им дал гол. Сепак, сè заврши како што треба, и јас се преселив Бирмингем. Се сеќавам на одличниот пречек, кога со транспаренти и овации ме пречекаа навивачите на Вест Бромвич - раскажува Шаќири.
Потоа клубовите во кои настапуваше се редеа како на филмска лента. Последниот му беше Карабах од Азербејџан, со кој го освои и националниот Куп. Пред неколку месеци, при изборот на нов селектор, по заминувањето на Катанец, тој покажа селекторски амбиции.
- Кого можеа Клинсман, Ван Бастен, Стоичков... да станат селектори веднаш по завршување на фудбалската кариера, зошто не би можел и јас. Имам богато фудбалско искуство, добро ги познавам потенцијалните репрезентативци и, што е најважно, ги следам сите нови процеси во современиот фудбал. Имам "А" тренерската лиценца, а треба да полагам и за највисокиот тренерско звање "Про" лиценцата. Додека го носев дресот на Вест Бромвич Албион, следев и предавања во тренерската школа која ја организираше Фудбалската асоцијација на Англија. Таму предавачи беа поранешни еминентни фудбалски имиња. Исто така, не треба да се заборави дека имам работено со многу познати тренери, и од секого имам "украдено" по нешто. Затоа во иднина, уверен сум, можам успешно да одговорам на големиот предизвик да бидам селектор на македонската фудбалска репрезентација, ако некогаш ми се понуди продолжува Артим.
Приватно, неговото фамилијарно царство, како што го нарекува, го сочинуваат сопругата Рудина, која е при крај со студиите на Правниот факултет на Штуловиот универзитет во Тетово, и седмугодишната ќеркичка Сара.
- Со Рудина сме заедно од 1994, а од 2001 и во брак. Се запознавме во една од струшките кафетерии, преку наши пријатели, и од тогаш сме заедно. Веднаш потоа таа со мене замина во Словенија додека настапував во Хит Горица. По за мене историската 2002 година, 2003 не можеше да започне подобро, бидејќи ми се роди ќеркичката Сара. Таа е центарот на нашиот свет. Целото слободно време се обидувам да $ го посветам нејзе. Можеби тоа беше решавачкиот фактор за простување од репрезентацијата, повеќе да бидам со моето семејство. Живееме во стан во Струга, често излегуваме, сакаме да отпатуваме и на море. Оваа година летувавме на Хвар во Хрватска.
Иако се прости од репрезентацијата, Артим Шаќири сè уште не мисли да му каже збогум на активното играње фудбал.
- Мојот живот и понатаму ќе биде поврзан со фудбалот. Планирам да играм уште една - две години. Бидејќи во тек е мојата тренерска едукација, моите услуги ќе им ги понудам на луѓето во ФФМ. Уверен сум дека со моето богато фудбалско искуство уште можам да му помогнам на македонскиот фудбал - рече Артим Шаќири, еден од нашите најискусни репрезентативци, кој во својата кариера има настапувано дури во 14 клубови.
Превземено од Вест - http://www.vest.com.mk/?ItemID=EBF4F539F377CF46A31D90A78E691844
Дали мислите дека Шаќири требаше да заигра во пријателскиот меч со Шпанија.Мислам дека ФФМ и Јонуз не беа фер со играчот кој стори многу за Македонија и заслужи да се прости од репрезентацијата со настап.