Смее ли ФФМ да легитимира луѓе при замена на билетите за мечот со Шпанија

  • Креатор на темата Креатор на темата vone
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Локација
Тука негде наоколу
Има ли законско покритие за следното?

ФФМ не смее да легитимира луѓе при замена на билетите за мечот со Шпанија

10.08.2009 Собирањето и евидентирањето на личните податоци на луѓето што ги заменуваат билетите за натпреварот Македонија - Шпанија е во спротивност со Законот за заштита на личните податоци, укажува Дирекцијата за заштита на личните податоци.
Дирекцијата смета дека ваквиот начин на собирање на личните податоци од страна на Фудбалската федерација на Македонија би значело создавање збирка на лични податоци за која не постои законски основ.
Дирекцијата предупредува дека, ако ФФМ ги легитимира луѓето, тие ќе преземат законски мерки, против нив.
Фудбалската федерација на Македонија најави дека денеска ќе почне да ги издава новите билети за натпреварот со Шпанија, како замена за старите влезници кои беа повлечени поради предупредувањето од надлежните органи дека се појавиле многу фалсификувани билети.
Секоj човек, при замената на билетот, според ФФМ, е должен да носи лична карта за идентификација.

http://www.time.mk/story_068e1d13a9_article_5c112675b2.html
 
МНОГУ ПЦОВКИ, ГУЖВА И НЕРВОЗИ ЗА НОВИТЕ ВЛЕЗНИЦИТЕ

9421FF4970A07E4EA853D804693E3D8F.jpg

:uvo::uvo::uvo: А бре македонче :uvo::uvo::uvo:
 
Има право да легитимира,при продавање на било какви стоки и услуги но нема право даги отуѓува податоците и истите потоа мора да бидат уништени. секој продавач има право да знае на кого му продава. Иначе податоците идат у ексел.тоест МАтичниот број или бројот на личната карта е сега ако му титне истиот број јебига нема карти
 
па кога игравме со Англија и Холандија кога се купуваше влезницата се бараше идентификација лична карта или пасош..........ова не е ништо ново:toe:
 
Мене па не ми побараа лична карта, барем не овој пат. За Холандија и Шкотска мислам дека бараа.
 
МНОГУ ПЦОВКИ, ГУЖВА И НЕРВОЗИ ЗА НОВИТЕ ВЛЕЗНИЦИТЕ

9421FF4970A07E4EA853D804693E3D8F.jpg

:uvo::uvo::uvo: А бре македонче :uvo::uvo::uvo:
Гледате негде ред?Не се знае кој кај стои.Тешко Шпанциве ако ја видат сликата ова само кај нас а башка билетарата од времето на тито.Ова беше како да излегле од лудница а не да заменат карти
 
Сите знаеме како се прави ред во овој случај но од никој не добив одговро зашто тој не беше спроведен на дело. Многу сакам да дознаам дали ове од ффм се толку прости и глупи што го направија овој хаос или намерно сакаа да се гужваме на ова јако сонце. Мене ми е несватливо како во други и балкански држави има ред и дисциплина која се спроведува од власта дали во овој случај или на било кое друго место само кај нас е сеуште као да сме диво племе не третираат и као да сме стока а не луѓе.
 
Според законот за Заштита на лични податоци ФФМ нема право да легитимира никого бидејки формира база на лични податоци за кои не постои законски основ, ниту пак согласност на субјектите на личните податоци. Според законот за лични податоци личните податоци на некој граганин на Р. Македонија има право да бидат во видливо поле само на давателот и на примателот а не како во случајов напишани на табаци хартии и видени од кој ке стигне.
 
Гледате негде ред?Не се знае кој кај стои.Тешко Шпанциве ако ја видат сликата ова само кај нас а башка билетарата од времето на тито.Ова беше како да излегле од лудница а не да заменат карти

Барем да им текнеше да организираат побрзо одвивање на "настанов" бидејќи кај нас ништо не може да помине на нормален начин без некој да згази врз народот.
Ниту имаше редари ниту поставија шипки хаос катастрофа немам зборови, барем можеа јавно да кажат дека ќе организираат настан еве на плоштад да се направи побрзо да оди постапкава, инаку за картите и за тие некакви фалсификати кои и непостојат не сакам да зборувам па само тука нема закони и се е како на див запад. Со луѓето си игра кој ќе стигне, профитираат преку нив, и продолжуваат по истиот пат за оваа ситуација само казна од ФИФА е решението и тоа да немаме настапи едно 5 години за да ни дојде паметот.
 
ПРОДОЛЖУВА ЗАМЕНАТА БИЛЕТИТЕ ЗА НАТПРЕВАРОТ СО ШПАНИЈА
На билетарниците кај стадионот „Филип Втори“ во Скопје и во општинските сојузи на Фудбалската федерација на Македонија денеска продолжува замената на влезниците за утрешниот натпревар со Шпанија.
8950D81586D18945A56D92CADBB6FEDC.jpg

Старите билети кои ФФМ ги повлече по укажувањето на МВР дека се диструбуирани поголем број фалсификувани влезници ќе можат да се сменат со нови нумерирани и со соодветна заштита до вечер во 20 часот. Гратис влезниците се менуваат во просториите на ФФМ, а поделените Вип билети не треба да се сменат бидејќи веќе се нумерирани.

Вчерашната замена на билетите мина хаотично со многубројни заблешки на фудбалските фанови кои се жалеа на лошата организација. Поради големите турканици тешко се стигнуваше до билетарниците, а уште потешко се излегуваше од насобраната толпа луѓе. Покрај оние кои ги менуваа билетиите, имаше и такви кои дојдоа во надеж дека ќе можат да купат влезници. Во ФФМ велат дека продажба на нови карти ќе нема.

Секое лице при замената на билетот е должно да покаже лична карта за идентификација. Забелешка за легитимирањето на граѓаните вчера искажа Дирекцијата за заштита на личните податоци која тврди дека тоа е незаконски и го предупреди ФФМ на можни санкции.

По повод 100 години македонски фудбал и пуштање во употреба на новата северна трибина на Арената „Филип Втори“ македонската фудбалска репрезентација утре ќе одигра против европскиот шампион, селекцијата на Шпанија.
Извор: http://www.time.mk/story_efe2a7da9c_article_cd5c9a7c69.html

Аку, браво... Ко за леб колонава... 8 000 карти во продажба, останатите по делегации, певаљки, бумбарки, манекенки, фаци... Така треба. Браво.:pishtoldz
 
Барем да им текнеше да организираат побрзо одвивање на "настанов" бидејќи кај нас ништо не може да помине на нормален начин без некој да згази врз народот.
Ниту имаше редари ниту поставија шипки хаос катастрофа немам зборови, барем можеа јавно да кажат дека ќе организираат настан еве на плоштад да се направи побрзо да оди постапкава, инаку за картите и за тие некакви фалсификати кои и непостојат не сакам да зборувам па само тука нема закони и се е како на див запад. Со луѓето си игра кој ќе стигне, профитираат преку нив, и продолжуваат по истиот пат за оваа ситуација само казна од ФИФА е решението и тоа да немаме настапи едно 5 години за да ни дојде паметот.

Да додадам дека замената почна во 12 часот... Не им се ставаше во 8 најверојатно...

Не знаеме да организираме карти да распродадиме... Не дај боже да се купуваа он-лајн, тогаш којзнае каков хаос ќе настанеше.
 
Само се прашувам што ќе биде со луѓето кои нема да влезат и имаат карти но како што велат ќе влезат оние со фалсификат карти. Тука е најголемата дилема, бидејќи според мене сите карти се исти, но суштината е во тоа што има повеќе од капацитетот на стадионот (зборувам за првите ненумерирани), и сега се заменуваат со нумерирани во рамките на капацитетот на стадионот, со што некој профитираше и неколку илјади треба да останат надвор.
 
Утре ќе биде Трета Светска Војна. Занимливо... Не би припарила на стадион. Предвидувам дека ќе загинам од поштен народ кого го заебале да седи пред стадион со фалсификувани карти.
 
ФФМ не смее да прибира такви информации.

Stoka, a ne narod, narod e prejak termin, pisman narodec sme!

Што е крив народот за тоталниот аматеризам на ФФМ? Немаше никакви шипки од страна, т.е. огради за да се одвои редот за 4-те билетари што работеа. Луѓето што успеаја да си ги заменат картите не можеа да излезат од толпата па луѓето ги креваа и на раце.

Што е крив народот за тоа што Хари и компанија направија невидена збрка од ова?

Ваква организација и во Норвешка ќе резултираше на ист начин, тотален аматеризам.

Тоа што си администратор на форумов не ти дава за право да тресеш зелени кај ќе стигнеш.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom