Ротаријанството во македонија:
Препис
Посебен морален систем
Меѓу сите вакви клубови, Ротари се одликува со уште еден елемент: неговиот етички систем, сконцентриран во една извонредна етичка норма која има и свое специфично име. Тоа е четиристраниот тест (The Four-Way Test). Тој се спроведува секогаш кога еден ротаријанец има дилема за тоа кое поведение да го оствари. Тоа е решение за дилемите при мислењето, исказот и делата.
"Четиристраниот тест" е упатство за морално владеење од највисок хуманистички и филантропски ранг. Тој не дава одговори, туку обратно - поставува прашања на кои одговорите ги дава токму оној што тестот го користи. Овој мал прашалник на четири концентрично поставени вредности (вистина, правичност, пријателство и алтруизам), на тој начин ги мотивира етичките сили на поединецот и го соочува со сопствената совесност. А, познато е, човек себеси најмалку се лаже.
Ние уживавме во постојаното зголемување на добрата волја, пријателство и во довербата на нашите клиенти, конкуренти и јавноста - и, што е посебно вредно, во извонредното подобрување на моралниот карактер на нашиот персонал."
Како морално начело што треба да е водилка на секој ротаријанец, "Четиристраниот тест" е усвоен во Ротари интернешенл во услови на една друга криза - онаа воената, во 1943 година. Деценија подоцна Тејлор е избран за претседател на Ротари Интернешенл за ротаријанската 1954-1955 година.
Денес четиристраниот тест се практицира меѓу ротаријанците на сите нивоа, а неговите принципи, од страна на клубовите и нивните активисти, се афирмираат и во пошироката заедница. Тој постојано се објавува во сите ротаријански публикации, посебно во магазинот "The Rotarian", се испишува на билборди, но и се аплицира на работнички и други договори.
Од неодмна, на влезната врата во ресторанот од стариот скопски хотел "Бристол" стои спомен-плоча со знакот на Ротари, на која се чествува еден редок јубилеј: полните седум децении ротаријанство на тлото на Скопје, на Македонија, па и на поширокиот регион. Станува збор за местото каде што пред седумдесет и една година, првите скопски ротаријанци ги започнале своите клупски средби и богатиот клупски, хуманитарен и општествен живот. Плочата, по предлог на клубот, е поставена со ангажман на досегашниот претседател на скопскиот Ротари клуб, д-р Сашо Делиниколов.
Појавата на тој наш нов знак во градот, е убав повод да се потсетиме на ротаријанските почетоци карактеристични не само за Скопје и Македонија, туку и за нашиот регион во целина.
Еве како, накусо, оди таа приказна...
Со одлуката на Бордот на директорите на Ротари Интернешенл од 1928 година стои забележана официјалната изјава на ова највисоко тело дека Бордот се согласува со предлогот на Комитетот за распространување, Ротари да се организира и во 10 нови земји и подрачја, меѓу кои и во тогашна Југославија, Бугарија и Грција. Со тоа, патот за формирање на ротаријански клубови на балканскиот простор бил отворен. Првите Ротари клубови во бивша Југославија биле формирани истата таа година во Белград и Загреб. Во 1930 година во тогашната држава имало 5 клубови (уште и во Нови Сад, Осиек и Суботица), со вкупно 100 ротаријанци. Веќе следната година таа листа расне на вкупно 12 клубови со 303 членови, а на листата се наоѓа и скопскиот клуб.
Како што стои во официјалните документи, првиот Ротари клуб Скопје е формиран на 30 мај 1931 година, а чартер-церемонијата (официјано иницирање на еден клуб со предавање на т.н. чартер, одлука за формирање во која се наведува бројот на клубот и припадноста кон одреден дистрикт што свечено се предава од страна на претставник на Ротари Интернешенл) се одржала на 30 мај 1933 година. Во официјалната евиденција на Ротари Интернешенл скопскиот клуб е заведен под редниот број 3474.
Првиот скопски ротари клуб е дел од регионот бр.77, што се простирал на територијата на тогашна Југославија.
На 1 октомври 1933 година Ротари клубот во Скопје брои 21 член, а веднаш потоа бројот на членовите почнува да расте. Неколку години подоцна свој прв Ротари клуб добива и нашиот град Битола. На тој начин, скопскиот и битолскиот се првите Ротари клубови на Македонија. Според првенството и активноста особено се истакнува првата скопска ротаријанска заедница.
Првиот Ротари клуб Скопје функционирал сe до окупацијата во 1941 година, кога неговата работа била забранета.
Обнова на ротаријанството во Македонија
Цели 54 години подоцна, во јуни 1995 година, по иницијатива на неколку видни личности и ентузијасти, во Скопје се формира обновениот Ротари клуб, како прв клуб за служење кон општеството во самостојна и независна Република Македонија. Така, годинава се заокружуваат полни осум години од обновениот Ротари клуб во Скопје.
Прв претседател на обновениот скопски Ротари клуб е проф. д-р Димитар Јуруковски, а негови последователни претседатели се една редица од респектирани деловни луѓе од македонската бизнис заедница: Свето Јаневски, Јорго Ќука, Ѓорѓе Ѓурковиќ, Савка Димитрова, Руди Лазаревски и Сашо Делиниколов. Плочките со нивните имиња стојат на сината лента од почесната претседателска медалја со ротаријански запчаник која моментно ја носи актуелниот претседател, проф. д-р Славе Наумовски. За следен претседател скопските ротаријанци веќе го избраа својот член, проф. д-р Димитар Мирчев.
Активностите на овој клуб се бројни и се движат од опремување болници со технички материјал, вакцини и лекарства, помош на училишта, набавка на возило - мобилна стоматолошка ординација за скопските села, па сe до добивањето помош од половина милион долари испратени од Ротари фондацијата за време на бегалската криза во Македонија, како и други бројни хуманитарни активности врзани за минатогодишната воена криза. Посебна, продуктивна и хумана активност развива и подмладокот на Ротари, скопскиот Ротаракт клуб, еден од најквалитетните клубови во регионот, чии членови поради тоа неодамна беа домаќини на една вонредно успешна обласна конференција на ротаракторците од целиот регион.
Скопскиот клуб, со еден збор, ужива посебен респект во поширокото ротаријанско подрачје.
Ротаријански броеви и вредности
Ако делот ја одразува целината, да се вратиме, пред крајот на овој запис, повторно на општите теми, посебно на системот на ротаријанскиот симболизам и системот на вредности што го претставуваат дури и тие нумерички метафорични изрази, и да се обидеме да го затвориме кругот во ротаријанското тркало на динамички вредности...
Интересно е дека во принципите и во симболизмот усвоени во Ротаријанството се среќаваат и одредени броеви кои постојано се среќаваат, што изгледа дури и како составувачите на Системот да инсистирале на нив. Тоа се, пред сe, броевите 4 и 24. За ротаријанските "четворки" говоревме посебно во неколку наврати. Покрај 4-те авении на служењето, тука се и Целите на Ротари наведени под 4 точки, 4-страниот тест, дури и 4-те основачи на Ротари.
Во симболизмот на броевите, бројот 4 е аритметички израз на сето она што се манифестира во физичка форма. Четири, според учењата на древните цивилизации, е и број кој ги означува на елементите (оган, вода, воздух и земја) од кои, имено, е составен светот. Геометриски, пак, бројот четири тој се изразува како квадрат. Тоа е стабилна структура која се однесува на материјалните зданија. Во изведените значења четворката се однесува на четирите страни на светот, но и на четирите евангелија (Матеј, Марко, Лука, Јован) од Новиот завет. Бројот 4 се однесува на т.н. тетраграм, кој го подразбира запсот на името на Бога на хебрејски (ЈХВХ).
Во ротаријанството се среќава и бројот 3, особено во формулата 3-Х (Health, Hunger and Humanity) во домените во кои Ротари интеренешенл и Ротари фондацијата, како негова финансиска установа, се ангажираат доделувајќи грантови и развивајќи прокти во чии рамки "ПОМАГАЈЌИ ИМ НА ДРУГИТЕ, СИ ПОМАГААТ СЕБЕСИ".
Бројот 24 кој, покрај во 24-те зборови во Четиристраниот тест, се среќава во 24-те запци од амблемот на Ротари интернешенел, е последица на дуодецималниот систем наследен од древните цивилизации. Тој се однесува на едно деноноќие како целина и во себе ја симболизира целоста и непрекинатата промена, преку смената на спротивните принципи еден во друг, денот и ноќта, светлина и мракот, доброто и злото, андрогиниот принцип, смената на добрите и лошите времиња, но и континуитетот, трајноста на дијалектичкиот принцип, на бескрајната смена на спротивностите. Дваесет и четворката е составена од две споени дванаесетки - во непрестајно движење.
Од друга страна, 6-те оски на ротаријанскиот запчаник ги делат 24-те делови во нови групи од по четири, затворајќи го, така, кругот во една игра на можен, до крај недокажлив, но постоен возвишен симболизам во кој, како што спомнавме некаде на почетокот на овој текст, се подразбира врвниот етички принцип под кој може да се подразбира и Бог, но и начелата на хуманото и правично однесување со цел да се хармонизираат односите во најтесната цивилна, но и во универзалната човечка заедница.
Во неповторливиот амбиент во ресторанот "Виа Игнација" во Вевчани,на 9 јули беше извршено примопредавање на претседателската и на секретарската функција во Ротари Клубот Охрид.Нов претседател на охридските ротаријанци е Аница Палацо,а секретар Игор Наумовски.Тие доааѓаат на местото на Кире Колески и Васил Кузманоски,кои минатата година ја вршеа претседателската,односно секретарската функција.На чинот на примопредавањето на највисоките функции во Ротари Клубот Охрид,беше извршен и свечен прием на нови членови.Д-р Лазар Коњановски,д-р Никола Бакрачески,Будимир Соколовиќ,Мимоза Попоска,Ружди Муфти и Илија Ставрески, се новите ротаријанци кои ја искажаа својата почестеност што станаа дел од ротари семејството.Аница Палацо, образложувајќи ја својата програма за делување во ротаријанската година напомена дека нејзина цел ќе биде јакнење на капацитетите на Клубот,зголемување на бројот на членовите,реализација на проекти од интерес на градот и пошироката заедница.Средбата во Вевчани имаше и донаторски карактер.Дел од собраните средстава,вкупно 500 евра, се дадени за натамошно музичко усовршување (соло часови) на младата охриѓанка и голем музички талент Миланка Новеска.Новеска со неколку избрани песни им ја разубави вечерта на охридските ротаријанци.
___________________________________________________________________________
Какви морални вредности, какви донации????? Ветер и магла ?
Еден од начините за поврзување помеѓу апашите и политичките бизнисмени........
по принципот еден оди сто води ...........
Сето тоа спакувано во име на добротворство, бизнис елита,........
Само не знам до кога, буџетарски пацери ќе се појавуваат како бизнис елита, со сите апетити на бизнисмени .............