Црвојадини (временски дупки)

  • Креатор на темата Креатор на темата Fantom
  • Време на започнување Време на започнување
Ако беше усвоено, немаше да биде во мистерии нели :) ...а патувањата ќе беа така кратки...

Исто како и за телепортот... веројатно прерано е за нас... барем уште 2-3 генерации да се дискутира за истово, барем на некое ниво кое ќе дозволи веќе и конкретна дискусија.
 
Да не се сликичките никој нема да сфати што се збори...Текстот ми изгледа како постовите на деданое само упростени...
Башка ова е само нечиј приватен сајт со нечии приватни замисли и идеи...Ништо од ова не е усвоено.

Мислев усвоено како теорија. Теоретски замислено, не потврдено.

Шпекулациите се од Кип Торн и Стивен Хокинг меѓу другите.
И Ајнштајн и Шварцшилд имаат пишувано за ова.
Врвни физичари.
Значи се работи за равенки, кои водат кон размислување за постоење на такви нешта.
Не е истото докажано во реалноста, докажано е математички, исто како што не беше докажана теоријата на општа релативност или римановата геометрија пред да дојде примерот со Меркур или замислата за црни дупки, но после се покажаа како адекватни.
Така да ова е се теорија, но како и претходните има тенденција да биде реалност.
 
една од понудените опции е влез во црна дупка и излез од бела....но мора да бидат слични по маса мислам
 
Од црна дупка нема излез, освен евентуално ако не колабира истата и го затвори просторот околу себе, правејќи бебе вселена, нова вселена(хокинг).
Нема излез од црна дупка во класична смисла, има врска помеѓу црвја дупка и црна дупка, но за тоа потоа, како ќе прогресира муабетот.
Црните дупки се подрачја со огромна маса и гравитација за кои е докажано дека постојат, најмногу во центарот на галаксиите, а црвјите дупки се теоретски објекти за кои се претпоставува дека би овозможиле патување без да се соочиме со границите кои ни ги носи апсолутната брзина на светлина.
 
Нема такво нешто, ниту е откриено, ниту ќе се открие набргу, бидејќи црвјите дупки се резултат на веројатност, а не реалност, сега за сега.

Се’ погоре ми е од стара литература на Хокинг и Саган... Последнава информација за бројот на дупки кои се набљудуваат ми е од априлскиот број на хрватскиот месечник Kosmos, кој случајно имав прилика да го разлистам. Колку е точно и проверено не знам, ама не би лажеле веројатно само за да пополнат страници.
 
Шпекулациите се од Кип Торн и Стивен Хокинг меѓу другите.
И Ајнштајн и Шварцшилд имаат пишувано за ова.
Врвни физичари.
Значи се работи за равенки, кои водат кон размислување за постоење на такви нешта.
Не е истото докажано во реалноста, докажано е математички, исто како што не беше докажана теоријата на општа релативност или римановата геометрија пред да дојде примерот со Меркур или замислата за црни дупки, но после се покажаа како адекватни.
Така да ова е се теорија, но како и претходните има тенденција да биде реалност.

А тие равенки се?
 
Космос ти е ко Галаксија на времето, премногу градење на прикаски врз основа на она кое би можело да биде, кое би сакале луѓето да го слушнат, но не и она кое што е.
Добро можеби има и реални текстови, но за сензација пробутуваат и некој ваков.
Нема доказ за црвји дупки, просто бидејќи нема начин да се приметат.
Црните дупки се приметуваат бидејќи имаат ефект врз објектите околу нив.
 
Ова ми е втор број на Kosmos шо сум го пролистал, не го носат кај нас, ама од другите текстови колку шо видов, далеку се од само полнење страници со празна слама.
За црвји дупки нормално дека нема цврст доказ, ама тој парадокс што се случи со астероидот кој беше пратен заради испитување на потекло и состав, доведе до претпоставка за нивно постоење која е доста рационална, ако се земат сите фактори во предвид.
 
Космос ти е ко Галаксија на времето, премногу градење на прикаски врз основа на она кое би можело да биде, кое би сакале луѓето да го слушнат, но не и она кое што е.
Добро можеби има и реални текстови, но за сензација пробутуваат и некој ваков.
Нема доказ за црвји дупки, просто бидејќи нема начин да се приметат.
Црните дупки се приметуваат бидејќи имаат ефект врз објектите околу нив.

Хмм...па Fantom даде пример каде што се докажува можно постоење на црвја дупка. Можеби не можат да се видат, ама можат да се примети нивното присуство, исто како кај црните дупки.
 
А тие равенки се?

Произлегуваат од општата теорија на релативноста, од Ајнштајн-Розенбриџ, до сега се испитувани во многу трудови.
Не знам какви равенки сакаш, сигурен сум дека ако те интересира ќе си најдеш по нет.
Ако те мрзи, еве нешто.
http://th-www.if.uj.edu.pl/acta/vol40/pdf/v40p0025

Не е поентата тука равенки да ставаме, туку да се подобјасни суштината во која многумина грешат.
п.с. никакви релевантни примери не поставил Фантом.
p.ps. Фантом дај линк до статија за исчезнувачкиот астероид.
 
Само наведов пример поради кој е и појавена теоријата за црвојадини. Не е докажано како астероидот преминал таму за толку кратко време, туку се’ е сведено на претпоставки. Колку се точни и дали се размислува во вистинска насока, само времето ќе покажит.
 
Времето се разбира дека ќе покажит за црвјите дупки, но тоа што ти поставуваш некакви замислени од некој луд уредник со цел промет факти ќе покажит дека не требит космос да купвиш.
Јас знам дека е мистерии форумов, но за конкретни физички и математички недоследности, веднаш реагирам. Нема тука многу простор за шпекулации.
 
Времето се разбира дека ќе покажит за црвјите дупки, но тоа што ти поставуваш некакви замислени од некој луд уредник со цел промет факти ќе покажит дека не требит космос да купвиш.

:))))))))
Не го купив, го најдов пред недела дена во кафич остаен.
Секако, најмногу за се’ околу космосот се ослонвам на „Кратка историја на времето“ од Хокинг и „Космос“ од Саган. Ептен ретко списанија купвам за таја работа. Саган оваја проблематика ја имат површно и плитко обработено, додека кај Хокинг има повеќе теории и подтеории, во стилот „шта би било кад би било...“. Сепак, пристапно и убаво е објаснета теоријата за функционирање на една црвојадина, како и можностите кои се отвараат ако некогаш успееме да ги искористиме овие црвојадини, ако воопшто успееме некогаш. Од друга страна, делот за настанокот на црвојадините и условите на создавање на таков тунел скоро и да ги нема, туку е наведено дека „се создаваат во посебни услови сеуште непознати на модерната наука“.
 
Од друга страна, делот за настанокот на црвојадините и условите на создавање на таков тунел скоро и да ги нема, туку е наведено дека „се создаваат во посебни услови сеуште непознати на модерната наука“.

Е тоа е веќе нормален популистички пристап кој треба да се следи и понатаму надоградува. Не да се измислуваат астероиди кои исчезнале.
Значи теории има куп стари и еден век. Убави, елегантни решенија, но во реалност?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom