Девојчето кое го замолчи светот на 5 минути

  • Креатор на темата Креатор на темата Annabel
  • Време на започнување Време на започнување

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183

Ваква младина ни треба.
Само добри и совесни родители можат да воспитаат вака едно дете;засегнато со вистинските проблеми во светот кои се одразуваат и на нејзиниот живот.
Дете кое не ја нарекува мајка си глупава и спие со 3-ца мажи истовремено затоа што смета дека тоа и раѓањето на дете и се приоритети во животот.

Колку сегашната младина е засегната од светските случувања?
Дали воопшто размислува на таа тема?

Само да ги посочам немирите во Иран и снимката од застреланата девојка на која не верувам дека некој може да остане рамнодушен.
Само затоа што не се случува кај нас не значи дека треба да останеме “глуви“ за случувањата надвор од нашава држава.

Доволно е само понекогаш да размислиме дека таму некаде,на некого му е многу потешко од нас и дека треба да ги учиме и нашите деца да бидат свесни за тоа што се случува,за да можат реално да гледаат на работите,а не да се “трескаат“ од земја затоа што некогаш сме немале пари да им дадеме за излегување или не сме им го купиле најновиот модел на мобилен телефеон.

Ако случајно темава не е за овде,слободно нека се префрли каде што треба затоа што навистина незнам за каде е најприкладна:smir:
 
Алал да му е на девојчево секоја чест.Е богами ваква младина ни треба.Да поминеш толкав пут за да дотераш некој памет,вреди.Само дали ќе се опаметат луѓево незнам.
 
Прво, девојчево не го напишало текстот, го напишал друг за неа, и тоа е тотално неважно.

Второ, снимката е од пред повеќе од петнаесетина години колку можам да проценам по луѓето, што е исто така неважно.

Трето, најдобриот дел, на самиот почеток... loosing my future, is not like loosing on election or a few points on the stock market... :cuc:

И на самиот крај, ... Then why go out and do the things you tell us not to do? Do not forget, why you`re attending this conferences. Who are you doing this for? We are your own children.

И додека сите аплаудираат и размислуваат колку е во право, ние го живееме најгрозниот и најубиствениот дел од историјата.
 
И додека сите аплаудираат и размислуваат колку е во право, ние го живееме најгрозниот и најубиствениот дел од историјата.

Точно.Ама барем младинава да биде свесна за тоа,а не...не им чуе ним ни за војни,ни за глобални затоплувања,ни за глад,ни за сиромаштија...

Како да натераш едно дете барем ако ништо друго да размислува малку на овие теми :raz: ?
 
И? Има некој абер од дипломативе после говорот? Или да погодам продолжија сите по старо.
 
E вакви треба а не тука деца да сакаат уше на 15 години.
 
Точно.Ама барем младинава да биде свесна за тоа,а не...не им чуе ним ни за војни,ни за глобални затоплувања,ни за глад,ни за сиромаштија...

Како да натераш едно дете барем ако ништо друго да размислува малку на овие теми :raz: ?

Малата у еден дел вика, токму пред вториот да го цитирам...

At school, even in kindergarden, You teach us how to behave in the world. You teach us, not to fight with others, to respect others, to clean up our mess, not to hurt other creatures, to share and not be greedy. Then Why do you...

Оние родители кои ги прават своите деца бидејќи сакаат да ги имаат, а не затоа што сакаат да имаат секс едноставно... оние родители кои прочитале две книги во својот живот а децата го виделе тоа... оние родители кои со децата ќе седнат да гледаат animal planet а не вести... оние родители кои се свесни за состојбата во која живеат, лесно ќе им ја пренесат и на своите деца. Проблемот не е во децата, проблемот е во нас кои веќе не сме деца и имаме намера да бидеме, или веќе сме родители.

Како очекуваме децата да се грижат, кога ние сме опседнати со дневна политика? Децата знаат за пиштоли, пцовки, политичари и слични пич*е материне на буквата П. Родителите се опседнати со својот лош живот и не ги учат да бидат деца. Тие од старт се расипани, а вистинските морални вредности кои нас ни ги предадоа како светост останаа тука меѓу нас како некое жарче кое тлее и набргу ќе биде исипано од детската кофичка полна со вода, бидејќи тие растат брзо и се илјада пати по страшни од некогашните кои со претпазливост газеа. Децата кои растат во новиот милениум израснуваат во вистински терминатори како од филмот, и само прашање на време е кога некој од нив ќе се дрзне сето она кое девојчето молеше на снимката да го прогласи за ерес, и новиот инквизициски поредок повторно да стапи на сила, за мала група на луѓе да може да го контролира светот и се` она кое им смета во него за тие да уживаат во своите Playboy mansion оргии. Ќе го доживееме и тоа, само сврти се и види колку бесрамно луѓе се убиваат како да е само ново обично изгрејсонце. Убијците се појавуваат на телевизија насмеани, веќе не се ни кријат, а за тоа време напите синови ги гледаат како идоли. Ние наместо да ги учиме за поинакви идоли кои се скромни и бараат поинакво нешто од крвави пари, гледаме во телевизорот, потколнуваме и потајно и ние сме љубоморни на големите хациенди на убиецот. Сите ние сме отидени бестрага, а сакаме нашите деца да бидат паметни. Кога ќе си го видам тилот, и на него ќе има истетовирано <3 Pamela :pipi:

kamikaza skopje напиша:
Мене ми е смешно,што би рекол татко ми: Цаци ја зошто те земав за жена(мајка ми)
Еве идеален пример за тоа што го зборувам, од една друга тема на истиов подфорум. Малиот слуша дека татко му ја омаловажува жена му, и мисли дека е тоа нормално. И оди 10 години покасно разубеди го дека не треба да ја тепа жена му. :nesum:
 
Само да ги посочам немирите во Иран и снимката од застреланата девојка на која не верувам дека некој може да остане рамнодушен.
Зависи ЦНН и компанија како ќе ти презентираат. И кај нас во чаршија загина жена на прозор ни крива ни должна, па освен нејзините најблиски никој во светот не падна во несвест.
Нашето мислење секогаш се раководи/усмерува од медиумските техники на насочување на размислувањето.

Колку сегашната младина е засегната од светските случувања?
Дали воопшто размислува на таа тема?
Види, нашата младина си има доволно мака во животот. Мобилниот или моторчето не им го гради животот. Тие тоа добро го знаат. А дали младината таму се секира нешто посебно како нашите се снаоѓаат низ животот? Како во конфликтот загинаа... или за нашата економска состојба? Колку воопшто беше прикажана состојбата кај нас?
Што знам ова ...погоре рекоа, некој друг му напишал. Глума, поткрепена со медиумска промоција.

Како да натераш едно дете барем ако ништо друго да размислува малку на овие теми :raz: ?
Кои теми? За оние или за овие каде Македонија се федерализира веќе отворено, каде не му се дава на детето право на име, презиме...нормален живот. За кои теми конкретно се мисли.

just because i dont see the point in some little group of kids who travel on a plane to tell a bunch of adults who are so far up themselves that the world is being ruined, when they already know it and choose to ignore it
Ова е еден од коментарите на јутуб, навистина груп оф кидс со а лот оф мани. И смисол за пишување слаткоречиво писмо.
 
Јас не сакама некој кога има забелешки на нашата младина. Условите и околностите ги тераат луѓето на специфични прилагодувања и „бунтовнички“ реакции. Таму некаде се малку повеќе засегнати од редица круцијални прашања; многу нормално е некој што нема мир да те трогне со порака за мир, тоа е како некој да зборува за родител кој му недостасува.
Сме знаеле и ние на овие простори да реагираме и да ги замолчуваме другите околу нас и пошироко. Едноставно, не се осеќаме „доволно загрозено“ за да се „потрудиме“ да кренеме глас.
Останато ни е едно тешко наследство од времето на Југославија кога имаше политичари а ние верувавме дека они се тие кои ги решаваат проблемите.
Помина времето кога кредибилитетот на нашите водачи имал било каква тежина, ни остана само трага од концептот дека „има кој да го реши“... (ние сме надбљудувачи и евентуално мрчатори)
Убава ни е младината, ние не чиниме, не се снајдовме со психичката транзиција!
 
Види, нашата младина си има доволно мака во животот. Мобилниот или моторчето не им го гради животот. Тие тоа добро го знаат. А дали младината таму се секира нешто посебно како нашите се снаоѓаат низ животот? Како во конфликтот загинаа... или за нашата економска состојба? Колку воопшто беше прикажана состојбата кај нас?
Што знам ова ...погоре рекоа, некој друг му напишал. Глума, поткрепена со медиумска промоција.

Кои теми? За оние или за овие каде Македонија се федерализира веќе отворено, каде не му се дава на детето право на име, презиме...нормален живот. За кои теми конкретно се мисли.

Аи. Мислев дека прилично едногласни ќе бидеме сите на темава, ама ете, секогаш приредува изненадувања форумот и неговите членови.

Какви ти се тие прашања? Па се работи за глобален муабет, за нешто кое ја засега целата планета и се работи за укажување на свеста на возрасните, односно планетарниот старешински совет кој одлучува за судбината на седум милијардното племе. А тие so far, се како оние од црногорскиот виц кои го самоубиле народот зашто немало кој да го љупи компирот на србите.

Не зезај човеку, какво име, каква федерализација, тоа е само парченце од сложувалката која има околу милијарда делчиња. Вистинскиот проблем не е една тотална бесмислица на две групи луѓе чии водачи имаат желба за уште поголем профит, туку начинот на размислување на тие водачи и каде тие ги водат своите “пријатели“.

Младината таму, ако е претставена со оваа мала девојка, очигледно се грижи за нашата економија, бидејќи го спомнува тоа, но во обраќање од 5 минути не може сите да не каже по име и презиме и кој колку му недостасува во домашниот буџет. Говорот е непродуктивен бунт против светскиот поредок. Навистина непродуктивен, но е бунт и јас комплетно го поддржувам.

Можеби Ким Јонг од Северна Кореја навистина е во право кога сака да се расфрла со нуклеарки. Па ако може да води светска доминација една група педерчиња од Америка, зошто па тој да не може? Ќе изгинеме 7/8, но можеби потоа ќе живееме малку по свесно. Откако ќе се изгориме со нуклеаркиве, можеби потоа ќе се потпреме на искуството и ќе речеме, да живееме како луѓе, пошто како животни очигледно заебавме.
 
Викторе, ова беше (иако лошо го изнапишав текстов, испадна како расправија) одговор на она за кое авторот на темата индиректно ги посочува нашите млади.

Инаку она за темата, искрено многу ми личи на глума. Всушност не на глума толку колку на одлично извешбан говор, кому и најдобриот говорник ќе му се воодушеви.

Затоа и овој цитат
just because i dont see the point in some little group of kids who travel on a plane to tell a bunch of adults who are so far up themselves that the world is being ruined, when they already know it and choose to ignore it
што го ископирав од тој сајт ми остави (иако едноставен) впечаток и мислам дека тоа е тоа.
Толку конференции, толку докази и факти од одговорни, признаени експерти во тоа поле-сите тие се без успех. Што би се очекувало од ова. Затоа сметам дека ниту оваа група е случајна, ниту нивниот текст.

Мене овие (без сценарио и режија) подолу видеа далеку повеќе ме допираат. Овие состојби се страшни, а траат веќе стотици години (барем првите со војни и глад).

Или ова

ова-Чернобил посебно

Што знам, имам таков впечаток за видеото, а реалноста е сосем друга.
Дури и да е така, на пример да е ова искрено и влијателно истапување во јавноста, имаше одлични играчи, мирољупци и миротворци-многу влијателни во светот-кои никој не ги слушаше. Дури и ги ликвидираа-последно од Беназир Буто-никој посебно не одвои 5 минути, дури ни за поголемите борци од неа. Дали Америка и Кореја ќе прекинат со закани, дали оној остров од пластика ќе се намали, дали Британија, Франција...ќе го намалат загадувањето во светот...
Ситните делови од сложувалката ја формираат целата сложувалка.
Можеби ова тие 5 минути и следните половина час ќе се памети (но повеќе оти е младо девојче), луѓето ќе застанат, но што после ова. Пак по старо.

Можеби грешам (за нашите млади не, сигурен сум дека е така) за ова видео, но сепак тоа е моето мислење -скептик у старт, али животот таков ме направил.
 
Викторгг напиша:
Прво, девојчево не го напишало текстот, го напишал друг за неа, и тоа е тотално неважно.
Прво на темата го напишав тоа... впечатокот ни е ист. :helou:

Но сеуште, поентата на темата (барем како јас ја сфатив) не е Беназир Буто, ниту Јоко Оно или Трајче Петковски некое детенце во село во Битолско. Поентата е лудилото на возрасните, на нас сите. Па макар го напишал и Обама лично, пораката која ја пренесува е фантастична и мислам дека е единствениот проблем на кој треба целата планета да се фокусира. Не на тоа дали е некој во право за Ирак или дали треба да се сочуствува со бегалците од Косово. Туку, оние кои имаат моќ напред, а сите ние зад нив да тргнеме и да го средиме светот во кој живееме. Ама тоа не се прави со чистење лименки во парк, туку со чистење на својата душа и ум од среброљубие.
Така ја го сфаќам видеото, темата, прашањата, светот...
 
Богата е Македонија со ваква младина со чиста мисла :back:.
Остани таков!
 
И? Има некој абер од дипломативе после говорот? Или да погодам продолжија сите по старо.

Да бе, сите се свестија и рекоја дека уше одма све најбоље ќе прават. Буш му се јавил на Путин имидијетли после говоров и се сретнале. Решиле дека од сад па надаље и убудуче има да биде све ОК. Така да, немајте гајле, девојчево си ја заврши работата.
 
Јас не сакама некој кога има забелешки на нашата младина. Условите и околностите ги тераат луѓето на специфични прилагодувања и „бунтовнички“ реакции. Таму некаде се малку повеќе засегнати од редица круцијални прашања; многу нормално е некој што нема мир да те трогне со порака за мир, тоа е како некој да зборува за родител кој му недостасува.
Сме знаеле и ние на овие простори да реагираме и да ги замолчуваме другите околу нас и пошироко. Едноставно, не се осеќаме „доволно загрозено“ за да се „потрудиме“ да кренеме глас.
Останато ни е едно тешко наследство од времето на Југославија кога имаше политичари а ние верувавме дека они се тие кои ги решаваат проблемите.
Помина времето кога кредибилитетот на нашите водачи имал било каква тежина, ни остана само трага од концептот дека „има кој да го реши“... (ние сме надбљудувачи и евентуално мрчатори)
Убава ни е младината, ние не чиниме, не се снајдовме со психичката транзиција!

Поентата е дека не е само тешкото наследство од Југославија за кое што (можеби) треба да размислуваат нашите деца,туку за целата ситуација во светот.Да не ги учиме на себичност-дека ако нема војни кај нас не треба да помислат дека на другиот крај од планетата умираат невини луѓе.

Ние,ние,ние....еден дел сме само ние...тоа е работата,што децата не ни знаат што се случува во светот,а треба да бидат свесни за тоа.Реков,ако не е кај нас не значи дека не влијае на нас.Па и ние сме дел ОД светот.И ние сме дел на некој начин од тие случувања.
Или што ? Нашава држава се наоѓа ПОМЕЃУ планетата Земја и Месечината па сме недопирливи?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom