Annabel
Неутрална*
- Член од
- 18 декември 2008
- Мислења
- 1.298
- Поени од реакции
- 183
Ваква младина ни треба.
Само добри и совесни родители можат да воспитаат вака едно дете;засегнато со вистинските проблеми во светот кои се одразуваат и на нејзиниот живот.
Дете кое не ја нарекува мајка си глупава и спие со 3-ца мажи истовремено затоа што смета дека тоа и раѓањето на дете и се приоритети во животот.
Колку сегашната младина е засегната од светските случувања?
Дали воопшто размислува на таа тема?
Само да ги посочам немирите во Иран и снимката од застреланата девојка на која не верувам дека некој може да остане рамнодушен.
Само затоа што не се случува кај нас не значи дека треба да останеме “глуви“ за случувањата надвор од нашава држава.
Доволно е само понекогаш да размислиме дека таму некаде,на некого му е многу потешко од нас и дека треба да ги учиме и нашите деца да бидат свесни за тоа што се случува,за да можат реално да гледаат на работите,а не да се “трескаат“ од земја затоа што некогаш сме немале пари да им дадеме за излегување или не сме им го купиле најновиот модел на мобилен телефеон.
Ако случајно темава не е за овде,слободно нека се префрли каде што треба затоа што навистина незнам за каде е најприкладна:smir: