Zaphod Beeblebrox
Поранешен покул Божино
- Член од
- 7 јуни 2008
- Мислења
- 16.676
- Поени од реакции
- 21.233
„Ех кога бев во Америка каква Кока Кола пиев“, вакви зборови често ќе чуете од некој што бил таму, но заборавете на холивудските филмови и Кока Колата која ја пијат главните актери, бидејќи најдобрата Кока Кола во светот, верувале или не, се пие во Македонија.
Претставниците на компанијата македонскиот производ го избраа за најдобра Кока Кола на светот за 2008 година.
„Да се биде фабрика со најдобар производ во светот е огромно достигнување. Работиме во 178 земји, имаме повеќе од 800 фабрики и мислам дека сите во Пивара Скопје го заслужуваат ова признание - и менаџментот и вработените“, изјави Тим Брет, регионален претседател на Кока Кола компанијата.
Скопската пивара е дел од Кока Кола Хеленик групацијата која е присутна во 28 земји. Нивниот директор за квалитет Гери Брустер наградната му ја додели на генералниот менаџер на Скопската пивара, Константинос Спанудис.
Како се мери квалитетот на Кока Колата и како претставниците на компанијата ја избрале токму македонската за најдобра во светот?
„Кока Кола компанијата секојдневно од пазар зема производи, коишто се анализираат во нивните најсовремени, специјализирани лаборатории и се оценува нивниот квалитет“, рече Јелена Костовска, менаџер за осигурување на квалитетот.
Сега Македонија може да ги повика странците да дојдат кај нас да го пробаат најдоброто од својот производ.
Можеби земјава нема никогаш да стане светски првак во фудбал, но сепак Македонија е прва во нешто - правиме најдобра Кока Кола на светот.
Кока Кола групацијата е една од најголемите светски корпорации, нејзиниот најпознат бренд е присутен во речиси сите светски земји и се произведува повеќе од 100 години.
А1