Авионски несреќи во Македонија

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.688
Поени од реакции
5.306
Првата авионска несреќа во Македонија од цивилен карактер, според хроничарите на македонското воздухопловство, се случила на 22 октомври 1951 година. Авионот на ЈАТ, Douglas C-47А-20-DК со регистрација YU-АCC, што полетал од Белград се урнал на аеродромот во Скопје. Загинале 12 луѓе.


На 22 септември 1975 година авион од типот Antonov 2R со регистрација SP-WNZ на операторот ZUA (Zakladu Uslug Agrolotniczych) при слетување на Скопскиот аеродром се судрил со Antonov со регистрации SP-WOB, исто така од ZUA.


На 24 Јули 1992 карго авион Antonov 12 BK на Volga - Dnepar Airlines со регистрација CCCP-11342 се урна на 26 километри југоисточно од Скопје, за време на приоѓање кон аеродронот. Авионот удри во планина близу селото Лисец. Во оваа несреќа животот го загубија осум лица.


На 5 март 1993 година, на полетување од Скопскиот аеродром, се урна патнички авион ФОКЕР 100 на компанијата Палер Македонија со 97 патници. Во несреќата загинаа 86 лица. Во аналите за несреќата, е запишано дека причина за падот на Фокерот е тоа што крилјата на воздухопловот не биле размрзнати, што довело до негов дефект и паѓање.


Осум месеци подоцна, на 22 ноември истата година кај Охридскиот аеродром, се случи и втората воздухопловна несреќа. Патнички авион „Јак-42Д“ на Авиоимпекс се урна поради грешка на пилотот и однесе во смрт 115 луѓе - само еден преживеа. Авионот беше на рута од Женева до Скопје каде што требаше да слета. Меѓутоа поради лошите временски услови беше пренасочен кон Охридскиот аеродром на принудно слетување. Се урна во блиската Тројан-планина.


На 18 септември 1995 авион Antonov 2R која беше ангажиран во гасење пожари се урна во близина на Скопје. Загинаа два члена на екипажот.


На 17 март 2001, во текот на воениот конфликт во Македонија, воен хеликоптер МИ-17 удри во бетонски столб на Попова Шапка. Загинаа пилотот и инженерот, а десетина војници беа повреди.


На 12 јануари 2008 хеликоптер на АРМ се урна кај месноста катлановско Блаце. Притоа загинаа 11 мировници на АРМ кои се враќаа од мисијата „Алтеа“ во БиХ.


Во авионска несреќа надвор од Македонија, на 26 февруари 2004, во близина на Мостар загинаа македонскиот претседателот Борис Трајковски, шест негови соработници и двајцата пилоти на владиниот „Кингер“.


На 28 Август 2008 година, авион од типот Цесна со регистарски таблици ZL-DCV се урна во месноста Скребатно кај с. Лескоец, во близина на Охрид. Во несеќета животот го загубија пилотот и тројца патници во авионот. За среќа избегната е поголема катастрофа бидејќи авионот удри во автомобил фиќо во кој во моментот се наоѓаше малечко девојче. Истото освен претрпен шок нема други повреди. Очевидци велат дека авионот летал ниско, имал неправилна работа на моторот, по што се урнал најверојатно обидувајќи се да ја избегне толпата.
_______________________________________________________________________


кој има повеќе информации за некоја од овие несреќи слободно нека постира :helou: јас лично се сеќавам на двете несреќи од 1993, на Фокерот што се сруши при полетувањето (тоа од телевизија што гледав и имав комшија мој што погина во оваа авионска несреќа) и на падот на авионот на Авиоимпекс, коа удри во планината над Оровник. на тоа место сум бил неколку пати и сеуште има остатоци од авионот, има некои делчиња, седишта во фаза на распаѓање и слично. исто иам слушнато дека просторот кај што падна овој авион е преоран неколку пати, за да се исчисти теренот... погоре пишува дека несреќата настанала поради грешка на пилотот, но од тоа што имам читано и што имам правено муабет со луѓе шо се разбираат од оваа област, станува збор за грешка на контролната кула односно погрешно наведување....
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Димче, заради твојов пост - тотална депресија.
 

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
Осум месеци подоцна, на 22 ноември истата година кај Охридскиот аеродром, се случи и втората воздухопловна несреќа. Патнички авион „Јак-42Д“ на Авиоимпекс се урна поради грешка на пилотот и однесе во смрт 115 луѓе - само еден преживеа. Авионот беше на рута од Женева до Скопје каде што требаше да слета. Меѓутоа поради лошите временски услови беше пренасочен кон Охридскиот аеродром на принудно слетување. Се урна во блиската Тројан-планина.
Се сеќавам на оваа авионска несреќа, т.е на остатоците од авионот, некако како во сон ми идат сликите, зошто имав поминато од таму баш неколку дена после несреќата. Па после испаднаа некои приказни дека душите на жртвите од авинот ги вознемирувале жителите на селото. (Оровник, мислам беше на таа планина).

Во секој случај морбидна тема, да се надеваме дека нема да се случуваат вакви авионски несреќи во иднина.
 
Член од
24 ноември 2008
Мислења
1.035
Поени од реакции
44
Првата авионска несреќа во Македонија од цивилен карактер, според хроничарите на македонското воздухопловство, се случила на 22 октомври 1951 година. Авионот на ЈАТ, Douglas C-47А-20-DК со регистрација YU-АCC, што полетал од Белград се урнал на аеродромот во Скопје. Загинале 12 луѓе.


На 22 септември 1975 година авион од типот Antonov 2R со регистрација SP-WNZ на операторот ZUA (Zakladu Uslug Agrolotniczych) при слетување на Скопскиот аеродром се судрил со Antonov со регистрации SP-WOB, исто така од ZUA.


На 24 Јули 1992 карго авион Antonov 12 BK на Volga - Dnepar Airlines со регистрација CCCP-11342 се урна на 26 километри југоисточно од Скопје, за време на приоѓање кон аеродронот. Авионот удри во планина близу селото Лисец. Во оваа несреќа животот го загубија осум лица.


На 5 март 1993 година, на полетување од Скопскиот аеродром, се урна патнички авион ФОКЕР 100 на компанијата Палер Македонија со 97 патници. Во несреќата загинаа 86 лица. Во аналите за несреќата, е запишано дека причина за падот на Фокерот е тоа што крилјата на воздухопловот не биле размрзнати, што довело до негов дефект и паѓање.


Осум месеци подоцна, на 22 ноември истата година кај Охридскиот аеродром, се случи и втората воздухопловна несреќа. Патнички авион „Јак-42Д“ на Авиоимпекс се урна поради грешка на пилотот и однесе во смрт 115 луѓе - само еден преживеа. Авионот беше на рута од Женева до Скопје каде што требаше да слета. Меѓутоа поради лошите временски услови беше пренасочен кон Охридскиот аеродром на принудно слетување. Се урна во блиската Тројан-планина.


На 18 септември 1995 авион Antonov 2R која беше ангажиран во гасење пожари се урна во близина на Скопје. Загинаа два члена на екипажот.


На 17 март 2001, во текот на воениот конфликт во Македонија, воен хеликоптер МИ-17 удри во бетонски столб на Попова Шапка. Загинаа пилотот и инженерот, а десетина војници беа повреди.


На 12 јануари 2008 хеликоптер на АРМ се урна кај месноста катлановско Блаце. Притоа загинаа 11 мировници на АРМ кои се враќаа од мисијата „Алтеа“ во БиХ.


Во авионска несреќа надвор од Македонија, на 26 февруари 2004, во близина на Мостар загинаа македонскиот претседателот Борис Трајковски, шест негови соработници и двајцата пилоти на владиниот „Кингер“.


На 28 Август 2008 година, авион од типот Цесна со регистарски таблици ZL-DCV се урна во месноста Скребатно кај с. Лескоец, во близина на Охрид. Во несеќета животот го загубија пилотот и тројца патници во авионот. За среќа избегната е поголема катастрофа бидејќи авионот удри во автомобил фиќо во кој во моментот се наоѓаше малечко девојче. Истото освен претрпен шок нема други повреди. Очевидци велат дека авионот летал ниско, имал неправилна работа на моторот, по што се урнал најверојатно обидувајќи се да ја избегне толпата.
_______________________________________________________________________


кој има повеќе информации за некоја од овие несреќи слободно нека постира :helou: јас лично се сеќавам на двете несреќи од 1993, на Фокерот што се сруши при полетувањето (тоа од телевизија што гледав и имав комшија мој што погина во оваа авионска несреќа) и на падот на авионот на Авиоимпекс, коа удри во планината над Оровник. на тоа место сум бил неколку пати и сеуште има остатоци од авионот, има некои делчиња, седишта во фаза на распаѓање и слично. исто иам слушнато дека просторот кај што падна овој авион е преоран неколку пати, за да се исчисти теренот... погоре пишува дека несреќата настанала поради грешка на пилотот, но од тоа што имам читано и што имам правено муабет со луѓе шо се разбираат од оваа област, станува збор за грешка на контролната кула односно погрешно наведување....
тоа со црвеното тие грешка загинати се 24 луѓе само од селото и околу 12 крави а овци над 300 бидејки авионот паѓа во селото Ќолиља,исто и второто штосиго пишал само што тогаш,загинуваат околу 64 луѓе голема трагедија тогаш целото село се има преселено во Петровец,многу деца се останати сирачиња тој ден бидејки во цела несреќа имале среќа да бидат на чколо за време на настанот,лично познавам една жртва која била во непосредна близина на местото на уривање на рускиот авион,се спасила само бидејки во моментот вадела кофа од бунарот при падот и експлозијата притисокот ја има бутнато во бунарот и се спасила единствено трајно оштетување што го има тое што го има изгубено слухот а за тоа дека авионот и прошол низ куќата и останала без поблиска фамилија да не праиме муабет

ПС : кајтие фокер-100 ??
 

kIRe9

OK. u'r right
Член од
4 март 2009
Мислења
1.419
Поени од реакции
73
јас знам за една несреќа која се случила во близина на скопскиот аеродром...
имено авионот(со пропелер оние малине) во себе имал повеќе боци супстанца за прскање против комарци(ако не се лажам)... кога авионот полетал боците се превртеле и се стркалале во задниот дел од оавионот...со што целата тежина отишла позади... авионот се наоѓал на одредена висини меѓутоа пилотот(кој случајно е дедо намој маалски другар) не можел да го контролира авионот при што се срушил... пилотот за жал изгорел од пламенот шо се вика жив изгорел...
паднал авионот во близина на селото миладиновцки(не сум сигурен) и оваа случка се има десено пред 10-15 можда и 20 години..
 
Член од
1 август 2007
Мислења
1.193
Поени од реакции
37
Осум месеци подоцна, на 22 ноември истата година кај Охридскиот аеродром, се случи и втората воздухопловна несреќа. Патнички авион „Јак-42Д“ на Авиоимпекс се урна поради грешка на пилотот и однесе во смрт 115 луѓе - само еден преживеа. Авионот беше на рута од Женева до Скопје каде што требаше да слета. Меѓутоа поради лошите временски услови беше пренасочен кон Охридскиот аеродром на принудно слетување. Се урна во блиската Тројан-планина.
Овде загина на татко ми директорот.
 

acermk

лавот во сенка
Член од
18 јуни 2009
Мислења
1.920
Поени од реакции
826
Сите авионски несреќи на познати македонски личности се наместени (креирани) од запад...
 

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Се затвори ли истрагата за некоја од овие несреќи? Сето ова е премногу несериозно. Само се заташкуваат работите, па не е ни чудно што грешките постојано ни се повторуваат. Спрема процентот на летови кој што се остваруваат кај нас, ако не сме на прво место по несреќи.
За евентуална реконструкција како што се прикажува на Discavery за авионските несреќи на запад не може да стане ни збор.

Имаше пред неколку месеци нешто во код на А1, со Снежана Лупевска за последната хеликоптерска несреќа. При што беа наведени цел куп на фактори кој што довеле до несреќата. Меѓу другото беше наведена и модернизацијата на хеликоптерите. И дека пелотите не ни биле обучени де ги користат новите инструменти кој што биле вградени. Ги вградиле инструментите а пари за обука не одвоиле.:nesvest: А пилотот токму овие инструменти ги користел при обидот да слета на скопскиот аеродром.:nesvest::nesvest: Поради намалената видливост не било можно визуелно слетување па се преминало на електронско.
Исто така не била од никого направена ревизија на сработеното од израелската фирма. И сега забрането е летањето со преостанатите модернизирани хеликоптери. (Приземјени се).
Одговорност од некого! Нема шанси.

П.С.На почетокот на деведесетите мислам дека еден министер си поднесе оставка (Антони Пешев). И за таа оставка мораше да се случи несреќата со Јак 42, затоа што за предходната со фокерот одби да поднесе оставка. А авионски компании тогаш се отвараа како бурекџилници - без никакви критериуми. Мислам дека имаше едно 5-6 авионски компании тогаш.
 
Член од
17 ноември 2009
Мислења
84
Поени од реакции
7
Осум месеци подоцна, на 22 ноември истата година кај Охридскиот аеродром, се случи и втората воздухопловна несреќа. Патнички авион „Јак-42Д“ на Авиоимпекс се урна поради грешка на пилотот и однесе во смрт 115 луѓе - само еден преживеа. Авионот беше на рута од Женева до Скопје каде што требаше да слета. Меѓутоа поради лошите временски услови беше пренасочен кон Охридскиот аеродром на принудно слетување. Се урна во блиската Тројан-планина.


neznam dal na pilotot ili na tie od kontrola na letanje bila greskata, najverojatno na pilotot... ne se sekjavam,mala bev.. samo znam deka se rabotese za rusin i za jazicni greski... i toa dilemata bila: za zborot pravo koj znaci desno ili obratno i po ova nedoraziranje vo prevodot avionot zavrsil direktno vo planina. Za avion od Svajcarija mislam se rabotese?
 
А

Ајсшутер

Гостин
Знам имало порано авионска несреќа близу селото Каратманово, како што знам бил авион со кој фрлале вештачко губриво ако добро памтам инаку таму во близина има и аеродром ако знае некој повеќе за ова нека пише.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.401
Поени од реакции
6.021
На 28 Август 2008 година, авион од типот Цесна со регистарски таблици ZL-DCV се урна во месноста Скребатно кај с. Лескоец, во близина на Охрид. Во несеќета животот го загубија пилотот и тројца патници во авионот. За среќа избегната е поголема катастрофа бидејќи авионот удри во автомобил фиќо во кој во моментот се наоѓаше малечко девојче. Истото освен претрпен шок нема други повреди. Очевидци велат дека авионот летал ниско, имал неправилна работа на моторот, по што се урнал најверојатно обидувајќи се да ја избегне толпата.
Ова беше навистина морбидно.Цел ден леташе над охрид , пуштам тв и ја слушам информацијата за несреќата....:nesum:
 
Член од
14 јуни 2007
Мислења
105
Поени од реакции
6
Живко Поповски е советник во Агенцијата за цивилно воздухопловство. Пред 16 години, кога падна "фокерот" на македонската авиокомпанија "Палер", бил раководител на секторот Воздухопловна техника во Контролата на летање на Скопскиот аеродром. Ова е неговото сеќавање на кобната несреќа:

Иако до крајот на зимата остануваа само околу две седмици, тој 5 март 1993 година беше вистински зимски ден. Како зимата тогаш да почнуваше, студен и магловит, со температури под нулата, а слаб снег ја имаше прошарано земјата.Aеродромот "Петровец" работеше нормално, бидејќи видливоста беше поголема од минимално дозволената, иако не се гледаше крајот на пистата. Тој ден имаше зголемен сообраќај и повеќе авиони претпладнето летнаа кон своите дестинации во Западна Европа, носејќи ги гастарбајтерите кон нивните нови привремени живеалишта од каде ги издржуваа своите семејства.

Околу пладне (12.05 часот) пред мојата канцеларија, која се наоѓаше во приземјето, на крајот на ходникот и веднаш до гаражата, се случуваше невообичаена бркотница. Го препознав возбудениот глас на Пепи, кој беше началник на Контрола на летање во Скопје, кој итно бараше клучеви од "ладата нива". Излегов и го прашав што се случува, а тој со очаен глас ми рече: "Изгледа падна авионот на Палер"?! Се стаписав и занемев. Веќе го имав земено мантилот и потрчав кон гаражата. Пламенчо ја имаше стартирано ладата. Пепи, Љупчо од Метео и јас тргнавме со ладата кон воената платформа. Пепи ни објасни дека контактот со палеровиот "фокер 100" е изгубен веднаш по полетувањето за Цирих и смета дека тоа мора да се случило некаде зад локалајзерот (уред за инструментално слетување). Авионот беше нов, добиен директно од фабрика пред една година.

Кај воената платформа Пепи слезе за да ги ангажира хеликоптерите на УНПРОФОР, а ние продолживме понатаму, иако немавме претстава каде треба да одиме. Маглата не дозволуваше целно да го насочиме нашето движење. Сепак, продолживме кон северниот крај на пистата. Штом стигнавме до локалајзерот забележавме чад од нивите помеѓу пистата и автопатот. Мрежата од аеродромската ограда беше скината и се гледаше црна трага по земјата. Низ чадот и маглата се појави стравотна глетка. Авионот беше прекршен на три дела и од секој излегуваше чад. Се договоривме Пламенчо да се врати со возилото за да ги извести другите каде е локацијата на несреќата, а Љупчо и јас поитавме кон местото на несреќата.

Калта од ораницата ни го отежнуваше движењето. Како што наближувавме така се повеќе се соочувавме со ужасот што беше пред нас. Расфрлани човечки тела со откинати делови, разни работи од багаж, делови и опрема од авионот имаше на сите страни. Пламените јазици немилосрдно се ширеа, а грозната миризба на изгорено од авионот и човечко месо беше неподнослива. Пробавме да утврдуваме кој од расфрланите патници е жив. Сите беа со ужаснат лик, со искината облека и со разни повреди. Никој не зборуваше, освен што по некој испушташе неартикулирани гласови. Тие што даваа знаци на живот ги стававме на остатоците од пластика или на некој капут и ги пренесувавме што подалеку од жариштето. Во стравотната глетка забележавме една сенишна фигура која единствено стоеше на колена. Преку напнатата облека забележливо беше дека десното рамо и е шинато, а левата потколеница скршена и очигледно изместена. Имаше изгореници по лицето и рацете. Се тресеше. По долгото здолниште заклучивме дека е жена. Ја легнавме на една поголема пластика откината од внатрешноста на авионот и ја оддалечивме од местото на ужасот. Љупчо зеде еден од расфрланите капути и ја покри.

По извесно време пристигна помош прво од војската на АРМ, а потоа и од аеродромските служби - итната помош и противпожарната бригада. Продолживме со извлекувањето на повредените се додека забележувавме живот низ расфрланите тела, а хеликоптерите на УНПРОФОР неуморно одржуваа воздушен мост со болниците во Скопје.

Штом надлежните органи си ја презедоа работата, ние се повлековме.

Билансот беше стравотен. Во авионот имало околу стотина патници заедно со екипажот. Среќа да преживеат имаа само тринаесет патници. Меѓу нив убедливо најсреќен и неповреден (не барем физички) беше еден од стјуардите, кој сам слегол од катастрофираниот авион и со помош на Пепи, влегол во унпрофорскиот хеликоптер.

Во него животот го загубија двајцата пилоти и авиомеханичарот. Капетанот, Холанѓанец, инструктор на фабриката и пилот на кралското семејство. Копилотот лично го познавав. Беше битолчанец, кој пред тоа леташе за ЈАТ. Главниот авиомеханичар беше Швајцарец со дозвола за соодветниот тип на авион.

Утредента на вести ја покажаа жената што стоеше на колена како една од преживеаните. Беше сместена во Градската болница во Скопје, вон животна опасност. Кажаа дека е Швајцарка.

Со мојата сопруга, докторка, која одлично зборува германски и француски, веднаш ја посетивме. Ја пронајдовме на вториот кат сама во соба. Изгледаше сосема нормално. Едниот образ и беше со изгореници премачкани со некоја маст. Рамото и беше вратено во нормална положба, а и потколеницата и беше оперирана. Штом мојата сопруга и се обрати на германски, нејзините очи широко се отворија од изненадување што некој и се обраќа на нејзиниот мајчин јазик. Кажа дека е од Цирих и дека за прв пат патувала за Скопје. Со нејзиниот маж Албанец од Косово, тукушто земени, биле во посета на неговото семејство во Качаник. Со најубави зборови говореше за својот сопруг и за гостопримството што и го приредиле неговите. Ме погледна и рече:
-Го препознавам господинот, тој вчера ми помогна, но зошто не го извлече и мојот маж?
-Но од каде да знам кој ‚и е маж? - реагирав.
-Тој до којшто клечев на колена беше мажот ми.
-Тогаш сигурно и него го имаат евакуирано - реков.
-Но каде го имаат сместено, дали е жив?- упорно инсистираше Швајцарката. Во тој момент дојдоа браќата на нејзиниот маж и почнаа да ја распрашуваат во што бил облечен нивниот брат, што носел на себе за да можат да го идентификуваат. Го немало ниту во загинатите ниту во живите.

Подоцна дознав дека сопругот на Швајцарката бил во бессознание, сместен во Клинички центар, но под друго презиме, сигурно по грешка. Се сеќавам дека по неколку дена со специјален лет двајцата беа префрлени на лекување во Швајцарија.

Не верувам дека овој кошмар ќе исчезне од мојата меморија. Сигурно уште долго во градите ќе ја чувствувам неподносливата миризба. Но, во едно сум сигурен - во тие ужасни моменти ниту еден од нас не ни помисли дали да спасува Македонци, Албанци, Турци, православни, муслимани, католици, мажи или жени. Тогаш ние спасувавме луѓе, кои ги имаше снајдено тешка несреќа. Луѓе кои беа во агонија и на кои им требаше помош. Во спасувањето сите бевме едно - спасувачи, луѓе.

Не може ли нешто добро да не обедини и да ги надминеме сите пречки и несреќи, па да тргнеме напред обединети и силни, остварувајќи ја целта: поубаво утре за нас и за нашите поколенија? Треба да може, и тоа под итно. Сите сме чеда на Македонија, без разлика на посебностите.

Дневен весник - ВЕСТ
 
Член од
21 ноември 2012
Мислења
1.174
Поени од реакции
744
На 22 ноември 1993 година кај Охридскиот аеродром, се случи и втората воздухопловна несреќа. Патнички авион „Јак-42Д" на Авиоимпекс се урна поради грешка на пилотот и однесе во смрт 115 луѓе - само еден преживеа.
. Овде се вели дека несреќата се случила на 20 ноември и дека немало преживеани. Која е вистината?
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
. Овде се вели дека несреќата се случила на 20 ноември и дека немало преживеани. Која е вистината?


Има еден преживеан како што знам и уште работи на аеродром (или бар работеше до неодамна).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom