Читам многу. 0д второ одделение почнав со читање на лектирички за помали, а сега гледам нешто на англиски. Понекогаш читам книги кои се за животот, од кои се има корист. Сепак за таквите книги треба многу повеќе да се мисли додека се чита, па често читам и некои кои на мене ми се интересни. Кога сум депресивна земам некое љубовно романче:kesa:, ама тоа ретко се случува.:smir:
Иако сакам јас лично да читам сериозна литература, кога станува збор за чик-лит, нема нешто што подобро го релаксира мозокот, со тоа се сложуваме.:smir:
Би ти препорачала ако ја немаш читано, да ја земаш Адел Паркс има напишано голем број на дела, но „Game over“ и е феноменална книга, релаксира + обработува интересни психолошки профили.
Потоа, добра е Веј Хиј, со „Шангај Бејби“ или Софи Кинсела, покрај целиот циклус на купохоличарката, „Знаеш ли да чуваш тајна“ е една од книгите што ми има поправено расположение кога било непоправливо.
Читам книги речиси цело време.
Понекогаш се заборавам, цел ден знам да го потрошам на некоја книга.
Зошто? Затоа што знам дека тоа е добро за мојот ум, ми се збогатува речникот, а и тие пари што ги трошам на книги, верувам дека нема попаметен начин да ги потрошам.
Почнав со купување на трилогијата „Господарот на прстените“, за сега со сестра ми да си имаме посебна соба наречена „домашна Библиотека“, и која ни служи за релаксација, и поголем дел од денот го поминуваме таму.
Најчесто читам фантастични дела, или криминалистички, но знам да прочитам и некој блокбастер, кој секогаш е проследен со мое огромно разочарување.
Сакам да читам некоја книга што ќе ме остави без здив, што ќе ме тера да читам уште и уште. Тоа е добро, не?
Добро?

Јас би го дефинирала како одлично.
Најбитно е човек да знае како да се изрази за да може да им долови на луѓето што вистински мисли и како се чувствува.Секако, голем број од книгите се успешни ако знаат да ти насликаат нов свет кој што ќе ти ги прошири границите на фантазијата и имагинацијата.
Ретко читам, а го читам она што ме интересира, било за забава, пример Стивен Кинг, било за поддршка на моето јадење фецес, пример Шопенхауер.

Туку има еден интересен феномен со книгиве, многу луѓе читаат во обид да си направат некоја аура на интелект околу нив и да мамат воздишки од типот „Уау, овој/оваа чита“

icon_eek

, појава која ми е толку како извадена од тин филм што не можам да ја објаснам со зборови. Типичен пример беа оние со шамии што се шетаа со книги низ школо колку да се шетаат со книги низ школо. Вчера сведочев и на еден момент на восхит од стилот „Уау, ја читаш Војна и Мир, мора да си многу паметна“. Ако некој умее да го објасни феноменов, нека се изјасни тука.
Шопенхауер рулз! Али Ниче е бољи.

Инаку, за феноменот, книгите секогаш биле сметани за знак на една култура која што има историјат многу одамна.Кога прв пат се појавиле било многу тешко да се дојде до нив, па останале симбол за „учени“ луѓе, аристократи кои што тоа можат да си го дозволат, па како такви станале статус.
Но, тоа не мора да биде гледано од негативната страна, секако она што е трагично е да ја држиш книгата во рака, но да не ја прочиташ или да не ја разбереш.Денес е многу полесно да се изгледа филм и со тоа да се каже дека имаме некаков бекграунд од историја или било која друга тематика, но фактички може да се поткрепи ако полето на интерес ни е добро изградено преку теорија.
Туку, лесно се препознаваат фолиранти, кога ќе ги прашаш кој е главниот лик, нема да можат да се сетат од толку книги што имаат прочитано.
