Македонија - Исланд 2-0

  • Креатор на темата Креатор на темата Zemzela
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Реков ако ги стави Владе и Ивановски тепаме..:)

Одлични настапи на Владе заедно со Величе,Наумовски се изнапромаши..какви топки одбрани голманот на Исланд не е свесен ова на Наумовски два шута два пати убаво одбрани.Се надевам на добар исход второ местоо :vozbud::vozbud:

:oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe:
 
Еве што и треба на Македонија. Нека се стават момци што играт со срце за репрезентацијата, а не платеници како Пандев.

:oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe:
 
Многу ми се свиѓа тактика на Јонуз со офанзивен фудбал со многу шанси.
Денеска го ставив Ивановски на фејсбук гледав слики викам мора да даде гол денеска и стварно :)
 
Браво Браво. Одлична игра и нека ни е честита победата. Да се надеваме на 2 победи во наредните 2 дуели...
 
Нека ни се множат победите!!!
Браво за нашите!!
 
Честита нека ни е победата :vozbud::vozbud::vozbud: !!!!!
Со вакви млади момци можеме далеку да стигнеме, каде што досега не сме биле. Само што треба да има се даде поголема доверба, сега дури гледаме што може да направат. Пандев нека си ја подвие опашката, на Исланд да не му даде гол, срамота:tapp:

Браво за Ивановски, Стојков и Деспотовски, тие се нашите надежни фудбалери. Но сепак да не ги заборавиме, Шумуликоски, Митревски и Наумовски.
Браво на младите, тие не водат напред, не пензионерите !!!

:oeoeoe::olee::bravo:
 
ИВАНОВСКИИИИИИИИИ..

ПАНДЕВ УЧИИИИИИИИИИИИ.


Ивановски или Гроздановски беше?

Сепак Ивановски беше.


хахахахах..... Шо може Пандев да научи од Ивановски?
 
Сосема заслужена победа и би рекол очекувана. Но прашањетое зошто Пандев игра толку катастрофално во последниве мечеви? Дефинитивно одигра под нивото за еден играч кој што е пред трансфер во Јувентус!
 
Ај нека ни е честита победате се надеваме на мимимум уште една:vozbud:
 
Честито прва победа на Јонуз, нека му се множат, баш сакам да ни докаже на мнозинството од нас дека е правиот човек за таа функција.
 
НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!!!! 2-0 !!!

Добра игра!!!! Штета за пропуштената шанса со Норвешка!!! Пандев нема среќа !!!
 
Комплетно ново лице на Македонија, под услов играчи како Грозданоски, Деспотовски и Ѓеоргиевски да ни го водат средниот ред, а не како некогаш, дрва од типот на Петров, и веќе општо-познатиот Величе. А Пандев, ако планира да не дава 100% од себе кога игра за Македонија, нека излезе јавно да каже, а не само да не' разочарува од натпревар во натпревар. Честито победа, и нека биде ова почеток на една, нова за нас, победничка серија. МА-КЕ-ДОНИЈА!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom