- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Романија на страна на Грција во спорот за името
Романија ја подржува Грција во спорот околу името со Македонија, изјави во Атина романскиот претседател Трајан Басеску, јави руската агенција РИА Новости.
Романија во врска со прашањето за името целосно поддржува грчката позиција. Принципот на добрососедство е обврска на сите држави без оглед на тоа дали се членки на Европската унија (ЕУ) или нее, изјави попладнево Басеску по разговорите во Атина со грчкиот претседател Каролос Папуљас.
Оваа изјава на романскиот претседател зачудува со оглед на фактот дека официјален Букурешт ја признава Македонија под нејзиното уставно име, ја поддржува евроатланската интеграција на Македонија, а двете православни цркви имаат блиски односи.
Во веста на руската агенција РИА Новости се укажува дека повеќе држави во светот, вклучувајќи ја и Русија, ја признаваат Македонија под уставното име.
Грција поради неразрешениот спор го блокираше влезот на Македонија во НАТО и се заканува дека истото вето ќе го примени и за интеграцијата на Македонија во ЕУ, наведува РИА Новости.
Извор ВЕСТ...
Никако не ми е јасна изјавата на Романскиот претседател...
До вчера беа подржувачи на Македонија...Денес оди типот во Гејланд и јаде бурек...