- Член од
- 14 декември 2007
- Мислења
- 3.271
- Поени од реакции
- 708
афет, Гејтс, Рокфелер, Тарнер, Винфри, Блумберг и Сорос се сретнале зад затворени врати ЊУЈОРК - Тајната средба на најбогатите луѓе во светот, на која се дискутирало за глобалната финансиска криза, се одржала на 5 мај во Њујорк. Мистериозната средба, на која беше забранет пристап за медиумите, ја свикале Ворен Бафет, извршен директор на „Беркшир-Хетавеј“; Бил Гејтс, косопственик на „Мајкрософт“; и Дејвид Рокфелер помладиот, претседател на „Рокфелер фајненшел сервисес“. Покрај Гејтс, Бафет и Рокфелер, меѓу присутните биле Опра Винфри, Џорџ Сорос, Тед Тарнер и градоначалникот на Њујорк, Мајкл Блумберг. Таа се одржала во претседателската сала во Универзитетот Рокфелер во Њујорк.
Како толку моќни личности од американскиот живот успеале да ги изменат и координираат своите агенди за така кратко време, и да се состанат во исклучителна тајност во светската медиумска метропола и понатаму останува мистерија, како и крајниот исход од конференцијата на милијардерите. Во писмата со кои ги поканиле останатите да присуствуваат, Гејтс, Бафет и Рокфелер ја навеле светската рецесија и ургентната потреба да се направи план за иднина. Тие посочиле дека сакаат да ги слушнат мислењата на повеќе клучни лидери во финансискиот и во филантропскиот сектор.
„Хроника на филантропијата“ проценува дека од 1996 година учесниците донирале повеќе од 72 милијарди долари во добротворни цели. „Добротворните организации се сериозно погодени од глобалната рецесија и на средбата најверојатно бил направен обид да се постави новиот курс на филантропијата“, изјави Стејси Палмер, главен и одговорен уредник на „Хроникл“ за ABCNews.com. Таа нагласи дека ваквите средби се многу невообичаени. „Не можам да се сетам кога друг пат тие биле во иста просторија за да разговараат за филантропија“, изјави таа. „Ова е невидено досега“.
Голема е веројатноста дека овие луѓе никогаш не биле во иста просторија во исто време. ABCNews.com укажува дека состанокот потсетувал на средбите од 1907 година, кои Џ. П. Морган ги одржувал во својот дом, во обид да се запре финансиската паника во земјата.
На секој од присутните му биле дадени 15 минути да направи презентација за тоа како ја гледа идната глобална економска клима, идните приоритети за филантропијата, и што смета дека елитната група треба да направи. Според еден од присутните, Гејтс бил најимпресивен говорник на денот, додека Тарнер, пак, најискрен, а Ворен Бафет најнепопустлив во однос на неговата агенда за промени. Винфри, се наведува, била „внимателен слушател“.
Богатството на Гејтс се проценува на 57 милијарди долари во 2008 година; а според проценките, до неодамна Бафет имал 37 милијарди долари, што ги прави најбогати Американци. Едно време Винфри беше единствена црна милијардерка во светот, таа има големи холдинзи во забавната и во издавачката индустрија, а воедно е и водечки филантроп. Тарнер, основачот на Си-Ен-Ен во една пригода донираше милијарда долари во ОН. Личното богатство на Сорос се проценува на 11 милијарди долари, додека Блумберг е рангиран како осми најбогат Американец, со 20 милијарди долари. Меѓу другите поканети биле Ели и Едит Брод, чие сегашно богатство се проценува на 5,2 милијарди долари; Џон Моргриџ, поранешен извршен директор на „Циско“, и неговата сопруга Таша; Питер Петерсон - сениор, претседател на „Блекстон груп“; Џулијан Робертсон, основач на „Тајгер менаџмент груп“; и Пети Стоунсифер, поранешен извршен директор на фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“. „Сите тие беа таму, големите и добрите“, изјави еден учесник.
utrinski
haahhahahahhaha.....ovie se glavnite krivci za ekonomskata kriza , ova se del od gospodarite koi vladeat so nas robovite i tie ke ja "resavaat" krizata
ova se edni od najgolemite krvopijci i ovie se odgovorni za momentalniot ekonomski holokaust