Паниката посилна од земјотресот
Цитат:
Земјотрес со јачина од пет степени според Европската макросеизмичка скала е регистриран претпладнево во валандовскиот регион. Земјотресот најсилно е почуствуван во Валандово, Дојран и околните места, а со нешто помал интензитет и во Струмица и Гевгелија.
Според Сеизмолошката опсерваторија, земјотресот е регистриран во 10,03 часот со епицентар 125 километри југоисточно од Скопје.
По најавите од некои грчки медиуми дека ќе следува посилен потрес во подрачјето на југоисточна Македонија меѓу населението завладеа страв и паника. Според македонските сеизмолози нема никакви предвидувања за ваков земјотрес во било кое подрачје од територијата на Македонија, ниту пак предвидувањата од овој вид можат да бидат научно засновани. Сепак, репортерот на А1 кој го посети валандовското село Башибоз јавува за паника и страв кај населението.
Молитвите на оџите се се погласни, а очите на луѓето се свртени кон небото.
Поради физички и психички стрес тие се движат дезориентирано. Под силниот притисок од неизвесноста тие бегаат наместо надвор - внатре.
__________________
Не можам а да не приметам дека пак Грците нешто паламудат....