Велешанец (КАЈГАНЏИЈА!) исчезна во водите на Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата аце_шваба
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Да се надеваме на најдоброто...иначе гим ли заврши детево? Мислам дека го знам..
 
Навистина жално и трогателно, сепак се надевам дека на крај ќе биде се ок

Друга работа, како не ви е срам бе кретени едни да зборувате без врска овде, па битно ли е дали бил наркоман, педер или марсовец!? Чукнете ја малку таа лејката гниди едни, се работи за млад живот ебате тоа недозреаните кромањонци...

Засрамете се, немам што повеќе да додадам

Се извинувам за пцуењето ама морав...
 
Избор на живот, нажалост без избор за рекациите кои што покасно следеле.
Нема да коментирам ништо надвор од границите, само на момент, ќе морам да се згрозам од коментарите полни лицемерие или „солење“ памет во моменти кога тоа навистина не е потребно.
Животот знае да биде непредвидлив и тоа е тоа. :(
 
Ај клуч на темава додека официјално не се потврди/демантира...судбината на...

воне прво шансите да го најдат се многу мали и ти тоа многу добро го знаеш. Второ ако не се лажам (нека ме поправата правнициве) ако едно лице се води за исчезнато за повеќе од 40 дена се смета за мртво. А до тогаш повеќето на форумов и ќе заборават на случајов.
Така да остави сега нека си се испокажат лушето, бдејќи кога ќе се добие конечната официјална информација, најкасно 40 дена од сега, ќе нема што повеќе да се кажува на темата.
Единствено што би сакал како идеа да спомнам е дека ако не е во спротива со правилата или општата поилитика на форумот, да им се даде информација за како можат до пристапат до сите негови мислења ако сакаат.
 
Кога се случило ова?
 
Што е со будалите на минатите страници...
Жалам, но во некои ситуации оној што ќе оди контра нема да го собера кремот од аплаузот!
-Погледнете колку сум јас реален и искрен, а вие сте гадови бидејќи ме осудувате поради тоа- не проаѓа.


Едно нешто е важно.
Суцо ја обожаваше марихуаната.
А овој бед се случи од лепак.
Да е овде на темава, би се посрал од пцуење на употребата на лепак за вакви цели..
Но незнаев дека му доаѓаат филмови да го земе и тоа...


И уште едно нешто е важно.
Човекот не беше даун, ало!
Човекот беше....различен.
Суцо беше хепи поради смислата на камењата! А даун кога мора да оди да измие заби... :(


Мојот дедо има исчезнато во Вардар, и тоа пред толпа луѓе....никогаш не беше пронајден.
Кога ми се јавија сабајле, мислев дека се зафркаваат...неточна информација...како минеше денот, паниката се крена до небо, а потоа се спушти длабоко....се додека не излегов да прошетам. Младински е зелен, птичиштата цвркотат, луѓето се смеат.
Каде си...ти, со некоја твоја теорија за гасениците....:(((
 
Ај да се надеваме на најдоброто! Се надевам дека е жив! И ми се плаче, бе, ако не го ни знам...
 
Темата Среќен роденден Fabullous_178 брои три страни.
Оваа веќе осум..за кратко време.

Жалам за нас луѓево. А се надевам,уште се надевам за милото.
 
Ќе молчам и ќе се молам за него. Дете, јави се и разубави го денот на твоите најблиски...и ние сме дел од нив!:cuc:
 
Темава има одредена функција - мора да се смират страстите.

Оние кои претераа ги санкционирав - секое наредно јадење „трици“ ќе го кошта глава тој што ќе ги пројаде ... не ми играјте со трпението при крај ми е во вакви ситуации :tapp:
 
Прочитав негде пример кој во никој случај не треба да се споредува со овој...

Побогу не споредувајте 5 годишно детенце кое од невнимание а и незнаење што може да му се случи едноставно отишло до брегот да си ја земе топката,со ова,ова е веќе игра на умот што му се случило .Разликата е во тоа што детето,старецот,било која претходна жртва во Вардар,биле во свесна разумна состојба. Тој не бил. Вардар земал од бебиња до алкохоличари до ова последново.
Никој не знае од нас како било и што било навистина додека се тетеравел.Можеме само да погодуваме. Можеби доживеал срцев удар,излив,од преголем притисок,можеби се онесвестил,300 варијанти можат да бидат во игра. Ниту пак другар му може да посведочи. Тоа е тоа.
Не бев воопшто блиска со него,но доволно за на улица да го застанам и да му речам здраво и што има ново. Па и од култура да било еве ебате,детето беше сосема ок,за сите оние кои исповраќаа на темава ''дека им се лошело од лицемерие'' a во тоа имаат златен медал.Да бе да,вие не велите-добар сум,а всушност не сте кога ќе ве прашаат како сте?
Копуци едни. Засрамете се сите вие пациенти на сеанси кои мислите дека не може вас да ви се случи затоа што нема да бидете до реката. Може нема да седите до Вардар,но затоа пак улиците ни се доста фреквентни и се вози лудо. Можеби нема да се удавите но со секој изминат ден вашиот мозок ќе се изаби до степен на мутлава ретардација.
Не ни сакам да попувам повеќе за опојните средства ниту пак да да прикажувам на јавно место како форумов колку тие штетат на човековото здравје,доволно медиумите ги зацрнија и паралелно ги нашминкаа . Ваш живот,подарен,без никакво покритие. Само вие и никој друг ќе си го искористите најдобро што знаете.
 
Во секој случај жално е кога ќе се случи вакво нешто, па за кој и да се работи млад човек. Инаку на последната собиранка лани, имав прилика да се запознаам со него и си направивме онака фин нормален муабет. Ама нема играчки со дрога, лепак и слични глупости. Се надевам ако ништо друго ќе послужи како пример за други да не завршат на ист начин.
 
Мене во овој момент ми останува само да МОЛЧАМ. Кога ќе дојде времето ќе си го кажам своето!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom