Се намалува безбедносната закана за Македонија, од Косово и Албанија!

  • Креатор на темата Креатор на темата Polaris
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
30 август 2008
Мислења
2.232
Поени од реакции
286
Се намалува безбедносната закана за Македонија, од Косово и Албанија!
Во Документот кој е изготвен на 9 мај, а на 11 бил испратен до службите во ОН, се вели дека поради постојаното подобрување на безбедносната ситуација, во појасот околу централниот дел на северната граница, во делот кон Косово и западната граница кон Албанија, заменик-генералниот секретар дал одобрување на препораките од македонските претставници, овие делови да преминат од трета во втора фаза. Дел од нив во 2001 година беа зафатени со воениот конфликт

Обединетите нации на големо ја менуваат политиката кон Македонија. Во доверливиот документ, потпишан од заменик-генералниот секретар Дејвид Венес и пратен до сите служби на ОН, до кој дојде ВЕЧЕР, се наведува дека сите безбедносно-ризични делови во северозападниот дел од границата на Македонија, преминуваат во зелена безбедна зона.
Дел од нив во 2001 година беа зафатени со воениот конфликт. Документот кој е изготвен на 9 мај,а на 11 бил испратен до службите во ОН.
Во документот се вели дека поради постојаното подобрување на безбедносната ситуација во појасот околу централниот дел на северната граница во делот кон Косово и западната граница кон Албанија, заменик-генералниот секретар дал одобрување на препораките од македонските претставници, овие делови под итно да преминат од трета во втора фаза.
Во однос на северната граница, станува збор за реон од пет километри од патот Тетово-Јажинце до патот Скопје-Блаце.
Во западниот дел кон Албанија, препораките се однесуваат на подрачје од десет километри од општината Маврово и Ростуше па се до границата со западниот сосед.
Исто така, препораките се однесуваат на појас од 10 километри по должината на границата кон Србија во делот кон Косово. Во втора зона на безбедност преминува и подрачјето од границата кон Косово до еден километар северно од патот Тетово-Јажинце. Безбедносните зони во остатокот од државата остануваат непроменети.
Документот, најверојатно, бил изготвуван во ист период како и оној со оценките на Европската комисија во врска со проценувањето на условите од патоказот за визна либерализација. Во интерниот документ на Европската комисија,од четирите области за кои беше оценувана, Македонија доби две петки и две четворки. Петките, Македонија ги доби за безбедност на личните документи и за почитување на основните човекови права кој ги опфаќа мерките за антидискриминација. Со четворка беше оценето сработеното во делот за реадмисија, нелегална миграција, системот за интегрирано гранично управување и за почитување на јавниот ред и мир.
Македонија доби највисоки оценки споредено со останатите земји од Западен Балкан. Како единствена земја која ги има исполнето условите, Македонија треба да добие препорака за укинување на визите и нејзините граѓани да можат слободно да патуваат низ државите од Шенген-зоната. Одлуката ќе следува по министерскиот совет закажан за 25 мај. По препораката на ЕК, мислење дава Европскиот парламент, а одлуката со квалификувано мнозинство ја носи Европскиот совет.
DE601E83655F7E498FD7A3EC47605BB1.jpg

262C5380199F1947ABB39601638D1199.jpg


http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=CC8DBAD55E2239428DBFC405C27BED49
 
Izgleda Makedonija ke ima idnina:smir:
 
Meне ме интересира која е причината што Македонија насекаде стоеше како држава со површина од 25.713 км.квадратни,а сега секаде стои дека има 25.333 км.квадратни?

Оти ваква промена?
 
Meне ме интересира која е причината што Македонија насекаде стоеше како држава со површина од 25.713 км.квадратни,а сега секаде стои дека има 25.333 км.квадратни?

Оти ваква промена?

i jas toa go zabeleziv a nikade od nasite novinari i nikoj nisto da spomne za ova....nekoj izgleda si sitnal 400 km2
 
Кога ќе можам да одам таму на селски туризам со знамето на Република Македонија на мојот грб, тогаш таму ќе биде безбедно и ќе нема никаква зака.

До тогаш... :nenene:
 
Meне ме интересира која е причината што Македонија насекаде стоеше како држава со површина од 25.713 км.квадратни,а сега секаде стои дека има 25.333 км.квадратни?

Оти ваква промена?

После перење се собира :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom