Цело време зборувате како Русија и Кина ќе бидат светски воени и економски сили, но никој не кажа каква корист Македонија ќе има од тоа и на кој начин ќе и се придружи на овие држави со евентуелна промена на политиката. Македонија може да има економска соработка и со Кина и со Русија, веќе и има, бидејќи имаме трговија со овие држави па дури и со Индија и Турција. Можеме да соработуваме, но не можеме да очекуваме да се отворат фондови во Македонија кои ќе бидат финансирани од овие држави, бидејќи тие се држави, не се унија на цел континент во кои има мрежа на фондови. ЕУ функционира на друг начин и јас не гледам причина зошто толку многу не сакате да бидеме дел од тоа. Ако се разочаравте од ЕУ поради билатералниот спор помеѓу Македонија и Грција за тоа не е крива ЕУ туку е Македонија. ЕУ го користи времето потрошено за решавање на спорот за Македонија да ги исполни бараните критериуми, бидејќи сеуште не сме подготвени да влеземе, посебно на економски план. Во меѓувреме ни порачуваат дека сме спремни и дека треба да се работи на исполнување на критериумите. Спорот е само изговор за нашата неподготвеност за влез во ЕУ. Сакам да кажам дека Русија и Кина се држави идни велесили, но нивната соработка не е некаков сојуз, додека ЕУ е сојуз и малите држави во ЕУ имаат корист од неа.
Да, но не го заборавај СЦО.
http://en.wikipedia.org/wiki/Shanghai_Cooperation_Organisation
И сепак не заборавај дека ЕУ и НАТО се соочуваат со страшна криза и наскоро е многу веројатно дека сад ќе потклене кон исток-от.
Но и факт е дека Македонија се наоѓа во Европа и ќе мора тука да остане.
Како и да е НАТО во иднина ќе има огромна конкуренција од истокот. (доколку воопшто би постоел)