Македонија е примена во ЕУ!

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сте биле во некоја земја од ЕУ подолго од 7 часови?

  • Да.

    Гласови: 80 67,2%
  • Не.

    Гласови: 22 18,5%
  • Во Грчка на одмор.

    Гласови: 7 5,9%
  • Во Бугарија на одмор.

    Гласови: 10 8,4%

  • Вкупно гласачи
    119
Povekjeto ova leto ke otidat Grcija na odmor.
 
E vtora opicja, ke odat Germanija, Francija, Belgija/dodaj po zelba i tamu ke ostanat :) Primer.
 
Во ЕУ и НАТО може да ни биде полошо. Повисоки цени, ниски плати и поголема беда, како што се случи кај нашиве соседи Бугарине и Романцине. Ако пак го земеме и еврото за валута, ќе испоцркаме од глад.
 
Безвизен режим е можен и без влез во ЕУ и не треба да се поврзуваат едното со другото. Хрватска и Словенија од старт немаа визи за ЕУ а Хрватска сеуште не е ни членка.

Од кога ќе стане МК член најверојатно дека повеќето земји ќе го затворат пазарот на труд барем на неколку години а ако одат на максимум (повеќето ќе одат) тоа ќе биде на 7 години, значи седум години нема да може легално да се работи надвор од МК. Сепак постои веројатност дека некои од поегзотичните земји (како Финска :)) да дозволат работа и порано.

Дел од суверенитетот се губи неповратно! Брисел има моќ да поништи голем дел закони кои не се во согласност со ЕУ (практично сите) и да ја тужи земјата
членка заради непочитување на закони (кадија те тужи кадија те суди-резултатот е јасен).

Мора да се дозволи увоз и употреба на генетски модифицирана храна бидејќи големите корпорации имаат силно лоби во Брисел а ако земјата се противи ќе биде подложена на санкции.

Најголем дел од индустриските и неиндустриските капацитети (се она што вреди и може да даде профит) во рекордно време ќе бидат откупени од странски компании а посебно целото обработливо земјиште со посебен акцент на туристички потенцијалните места. Целиот брег околу Охрид и Преспа веројатно ќе премине во приватна странска сопственост.

Повеќето од цените (скоро сите) ќе поскапат и такви и ќе останат а за колку време платите ќе се зголемат никој не може да предвиди.

Има и некои добри работи но во моментов не ми текнуваат..

Јас сум за привилегирани односи но без редовно членство а посебно не со промена на име.
 
E vtora opicja, ke odat Germanija, Francija, Belgija/dodaj po zelba i tamu ke ostanat :) Primer.

И после кој се враќа од таму повеќе? Дури и браќава што правеа куќи и за внуци по зап. Македонија, децата и нивните внуци не сакаат да дојдат ни на 10 дневен одмор во Македонија...

А дека ќе се исели 30% од Македонија надвор, ќе се исели.
 
Полноќ - Голема прослава на плоштадот. Владата прави приватна забава и нема никој од опозиција. Естрадни ѕвезди, шиткачи на знамиња на Македонија и Европска унија и пијани малолетни партиски пиунчиња. Прослава до утрото.
Следното утро - народот иде по улици и си честита со кој било по пат како да му се родило дете. Сите си потпевнуваат "Земјо Македонска". Утрински емисии со пејачи кои пеат песни со револуционерен карактер.
Низ текот на денот и вечерта - Отворени вести со милион репортажи од Брисел и Стразбург. Неколку часовни снимки од прославувањата низ градовите. Многу експерти насмеани низ цело лица со изјави - Знаевме ние али никој не не слуша...
До крајот на вечерта филмови по каналиве од Македонска продукција. Телма дава опера. Јанко е уште "развеселен" од минатата вечер. Отворена емисија на МТВ со претставница на владата со траење до неколку часа после полноќ.
Следно утро - Луѓето пак си идат на работа и се е исто. Платите не се променети а ни условите. Али важно се радосни зашто се дел од нешто, "поголемо" од нив.

Неколку години подоцна - Пак е исто со состојбата во економијата и се останато. Али барем може да се шетаме по Европа. Иначе топ е...
 
моментално,иако не сме у Нато..Македонските војници верно и гордо служат за Нато, носејќи мнооогу медали и одликувања кај нас.... значи и да сме,и да не сме у Нато, повторно нашите војници ке бидат на фронт во Афганистан/Ирак?/Босна//...

На фронтот во Авганистан? За што? Во Ирак се бореа за америте да имаат ефтина нафта. Во талибанија, за што се борат? За да имаат америте каде да го продаваат своето оружје?

Проблемот со суштества кои убиваат деца се решава на еден начин:
atomic-bomb.jpg


А нашите македонски херои имаат на чив фронт да бдеат. Знаеме со какви хиени сме опкружени.
 
Море ај,“драпајте се сите“ ама да знаете дека на секому од вас меѓу редови му се чита дека тоа му е дамнешна желба.Инаку ни цени ќе се зголемат оти веќе се поголеми одколку во ЕУ,ниту безработицата ќе се зголеми оти толку голема невработеност нема никаде во светот.Во ЕУ другарчиња се продаваат и камења на улица,итоа за прилично добра цена,ако знаеш добро да ги спакуваш и да им измислиш добра приказна како што знаеме само ние Македонците(ова ви го кажувам од лично искуство),па сега вие видете кој се придобивките од влез во ЕУ.:toe:
 
Искрено, досега данајците сигурно отвориле тема по циганските форуми, кај што го исмеваат насловот. “Фиромјаните западнаа во илузија“ -отворена тема од српски кодош, на кеиф на данајците :pos:

А и за смешки е. Па и темата во политика и вести. Може се исплашиле дека е вистина, па сега испраѓаат протестни писма до Оли неаРен :salut:
 
Кај се бе сите 48 мина кои досега гласале на анкетата дека знаат како е во ЕУ, да напишат пост?! Нити третина нема од нив.... Не ми треба статистика колку од форумџиите патувале надвор, туку сакам да размениме мислења.

Еубате.
 
Иако ќе имам гоелм ќар ако влеземе во НАТО и ЕУ ( голем имот - њиви, знаење, работа со компјутери - графика и дизајн ) сепак гласав за НЕ, бидејки сум реален и знам дека но во сон нема да не примат под името Македонија, ако случајно не примат јас частам камионче ладно пиво скопско 0,5л.

Впатм Serpico знам како е во ЕУ, единствено што ми се допаѓа таму е право на избор.
 
Ќе треба да се прогласи за црн ден.
 
Влез во ЕУ и НАТО го гледам од позитивна страна за наше условување и играње со Албанија и Србија со правото на вето кое ќе го поседуваме.ЕУ е лудост а НАТО е најголема лудост од сите.:vozbud:
 
Кај се бе сите 48 мина кои досега гласале на анкетата дека знаат како е во ЕУ, да напишат пост?! Нити третина нема од нив.... Не ми треба статистика колку од форумџиите патувале надвор, туку сакам да размениме мислења.

Еубате.

Изгледа треба ше да нагласиш дека чекање на аеродром не се важи
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom