Македонија е примена во ЕУ!

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сте биле во некоја земја од ЕУ подолго од 7 часови?

  • Да.

    Гласови: 80 67,2%
  • Не.

    Гласови: 22 18,5%
  • Во Грчка на одмор.

    Гласови: 7 5,9%
  • Во Бугарија на одмор.

    Гласови: 10 8,4%

  • Вкупно гласачи
    119

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Возраст
39
...или/и во НАТО. Ајде малку брејнсторминг, фикција, фантазија, чаршиски муабети, преданија, реални сознанија и така натака и така навака.

Што мислите дека ќе се промени? Од синоќа на полноќ, откако се поклопија стрелките на 00:00, веќе сме во ЕУ и НАТО топтан. Што се промени? Што ќе се промени? Утре кога ќе одите на работа, ќе работите понапорно? Ќе работите полесно? Платата на први ќе е поголема? Помала? Или нема да го чекате први и уште првата наредна прилика ќе фатите магла од тука?

Не навлегувам како не примиле во ЕУ, еве да речеме дека е под идеални услови: Бившата Отоманска Провинција Грција останала со кракти ракави - ние сме примени како Македонија, со сите заштити на идентитетот. Дури и ни признале дека Александар и Филип, Пердика, Аминта, Архелај, Аристотел, Кирил и Методиј, Климент и Наум, Самуил, Крале Марко, Гоце, Даме, Александров и екипа се чисти Македонци, различни од сите останати народи на Балканов. Ни признале, цел свет дека сме и колевка на универзумот (ако е некој кабаетлија и „џимрија“ - прилепчани ќе разберат).

Која ќе е промената? Што е тоа што ви се врти низ глава и ве тера да кажете ДА кога на телефонска анкета ќе ве прашаат дали сакате Македонија да влезе во ЕУ по и не по секоја цел?ж

Ве молам за искреност.
Пропратно, една мала анкета. Јавна.
 
Ќе се отворат границите , многу граѓани ќе побарат парчето леб некаде надвор, што автоматски ке направи притисок врз газдите на домашните фирми , во недостиг на работна сила ќе се зголемат платите...
 
Како што ќе се промени? Ќе бидеме дел од ГОООЛЕМОТО европско семејство. Ќе имаме плата од 1.000, море не, 2.000 ЕУР, сите ќе не респектираат. Седиштето на ЕУ од Брисел ќе се пресели во Скопје. Има да одлучуваме за секоја ситница. Ќе им правиме проблем на Косово за границата (да ни дадат едно 500км2). Пошто нема да имаме за што да се караме, СДСМ и ВМРО ќе се спојат (ВМРО-Кумровечка), на нашите девојки/жени ќе им пораснат цицките... и така натака.... :nesvest:
 
Ништо нема да се промени. Освен тоа што ќе поскапи се, а мал дел луѓе ќе живеат подобро. Исто ко што е во Бугарија и Романија, беда невидена.
 
Во НАТО сме?

Ооооо, кутрите наши војничиња, сега по автоматизам ќе мора да бидат вазали на американската империја.

А од друга страна, ако не влезевме, Уганда ќе не’ нападнеше и немаше кој да не брани.

А и во ЕУ сме биле :vozbud:

Ај да видам пасошот во која фиока ми е.

Ќе ви пишам утре. Од Норвешка.
 
Во момента,кога влезете во ЕУ става следното:

1.Проблемите на РМ стават проблеми на ЕУ.
2.РМ ке получи достап до еуропските фондове.
3.Граганите на РМ ке получат правото да шетат само со лична карта во рамките на ЕУ.
4.РМ ке получи право на безмитен пренос на продукциja.Ке имате един огромен пазар без мито.
5.РМ ке загуби дел от независноста си.
6.Некои држави(покасно и сите),ке дозволат грагани на РМ да работат свободно и законо во нивните држави.
7.Странските инвестиции ке се зголемат во пати.
8.РМ ке има представители во еуропеjскиот парламент.
9.РМ ке има своj комисар во еуропската комисиja.
10.РМ ке плата членски внос во ЕУ.
11.Вашите интереси ке бидат гледани,като интереси на ЕУ спремо трети држави.
12.Ке имате подржката на сите 27 држави при преговори и проблеми со трети држави.
13.Стабилност
и уште и уште.....
 
1.Ќе ги нема редиците пред амбасадите кои досега ги имаше, но редиците ќе ги нема повеќе само за оние кои и досега патуваа.
2.Оние што веќе наредното утро ќе ја напуштат Македонија за жал ќе мора да се разочараат од некакви си подточки под кои е примена Македонија во ЕУ,прва подточка арабајтен јок првите две години( пример Романија,Бугарија....) туристички бујрум....

сега за сега ова ми е на памет
 
Реално нема многу да се смени. Ќе бидеме малку помалку сиромашни, од Брисел ќе ни кажуваат кои закони ќе мораме да ги промениме, ваљда нема више да се расправаме со Албанците, ќе ни порасне вредноста на нашите имоти (па ќе можеме да главиме со хипотеки).
 
Vo 00:00 Makedonija vleguva vo Nato...

Vo 00:05... ej abe ja bidna Makedonija be... ajde na zdravje neka ni e drzavata. :):)
 
Ништо посебно нема да се смени... Кој излегол од Македонија со 100 евра во џеб и останал во Е.У. подолго од 3 месеци знае како се заработува и како се живее. Така да, клавам лево уво дека за 1 година 80% од тие што ке заминат натаму наваму ке се вратат.
 
Првите неколку часа т.е. дена или месеци....до година дена многу че се израдуваме, ќе се начукаме ко волови по кафани, цигани, песни, кршење чаши, мафтање знамиња на плоштад, возење по партизанска со отворени прозори и врескање, зголемени плати, мед и млеко, патувања по европа ќе ни нема крај бе!!!

Потоа Македонскиот се обединува од соседниве држави, нема граници, печалбарите од Австралија и остало се враќаат во родната земја, зајакнуваме како држава, цела европа ни се тресе на нас, на еден тип шо се вика Филип му се раѓа син по име Александар. Овој ептен се навежбува и добива знаење од најпознати учители, го презема водството на македонската армија и тргнува во поход и го осваја до тогаш познатиот свет... Го убиваат:cry:. Македонската држава се расцепува, доаѓаат неколку фаци од Европа и светов и ја сјебуваат тотално Македонија......

....После неколку милениуми Македонскиов народ се бори за признавање на својата држава во..... :toe:
 
Патувањето без визи нема да го коментирам бидејќи тоа е можно и без влез во ЕУ и НАТО.
Е сега од моето досегашно искуство како студент во германија, можам да кажам дека од моментот кога ќе влеземе во ЕУ реално од она што го засега обичниот граѓанин ќе биде дека на почеток че почнат да растата цените на се, па ќе има период во кој ќе имам повисоки цени а пониски плати, па после постепено со експортот на работна сила надвор ќе пораснат платите и тек после таму три четири години кога ќе се изградат доволно капацитети на големи меѓународни извозно ориентирани фирми ќе почнат да се враќаат кои поради претходно излегле ради пониските плати. Што се однесува до стандардот, тој ќе почне побрзо да расте тек таму после таа трат четврта година.Со други зборови ништо спектакуларно. Во најдобар случај ако се сожали некој од нашиве политичари да не става многу пари во џеб ќе се изградат повеќе магистрали и авотпатишта и ќе се реновираат дотраените во рок од 4-5 години.
 
Кола/Џип ке си земам за поефтино.Слободни граници шетам кај сакам,нема чекање на граници и нерви кинење нема царини и триста глупости.Поголема безбедност.Како народ повеке афирмирани и така натаму има мн придобивки
 
Јас сметам дека ако во Европа влеземе во состојбата во којашто сме, Македонија ќе се соочи со дупло поголема невработеност, висок стандард, не толку високи плати и слично.
За да не бидеме случај “Бугарија/Романија“, јас предлагам Македонија да стане Европа за да влезе во Европа. Се додека не профункционира правната држава во Македонија, се додека не се стабилизираат одредени работи, за Македонија влезот во ЕУ ќе биде само враќање 5 чекори назад.

Жал ми е шо не можам да бидам оптимистична, сепак ако Македонија денес во ваква состојба влезе во ЕУ, освен безвизниот режим, други придобивки нема да има. Едноставно само фалењето на политичарите што направиле и колку се жртвувале.
Јас сум против да влеземе во ЕУ додека не бидеме сосема политички и правно зрели, затоа што многу полесно ќе може да бидеме уценувани и тапшани по рамо и да добиваме заушки, затоа што на недоразвиена земја најлесно е да и се поставуваат секакви услови. И не, не мислам овде на името, затоа што се договоривме уште во првиот пост дека хипотетичката ситуација дека сме влегле под уставно име. Овде мислам на секаквите услови, стратегии, исполнување на секакви критериуми во самата ЕУ.
Познати се двојните стандарди на ЕУ...за да влеземе во Еу, најпрвин треба да ги подготвиме граѓаните на тоа. Ама целосно да ги запознаеме со фактот што значи да си членка на ЕУ. Дека не е само мед и млеко, дека од многу работи ќе мора да се одвикнеме и откажеме, дека нема да можеш да вариш ракија, дека за се што правиш си има одредена процедура, дека не може да се однесуваш исто како што било претходно.
Во нашиот случај се истакнуваат само и само позитивните работи во ЕУ, за разлика од негативностите кои произлегуваат.
Јас лично, сум ЕУ скептик, затоа моите мислења секогаш ќе содржат доза на скептицизам во однос на рамноправноста на членките, која фактички ја нема. Не сакам Македонија да биде само извор на црпење, без да добие нешто што не е оваквуање во ребро.
 
Во НАТО сме?

Ооооо, кутрите наши војничиња, сега по автоматизам ќе мора да бидат вазали на американската империја.

моментално,иако не сме у Нато..Македонските војници верно и гордо служат за Нато, носејќи мнооогу медали и одликувања кај нас.... значи и да сме,и да не сме у Нато, повторно нашите војници ке бидат на фронт во Афганистан/Ирак?/Босна//...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom