Анкета: Македонија е социјално конзервативна средина
Истражувањето покажа дека Македонија е социјално конзервативна средина. Поддршката на про-избор (право на избор во однос на развод, абортус, еутаназија и сексуална ориентација) изнесува 27,05 отсто, додека поддршката за про-живот, неодобрување на горенаведените ставови, изнесува 72,95 проценти
Ова е првпат Македонскиот центар за меѓународна соработка да ги истражува ставовите на граѓаните во однос на животот.
Според резултати од истражувањето, многу малку граѓани оправдуваат насилство врз жената, само 3,1 отсто, и врз децата со 6,9 проценти. Притоа, бројноста на граѓаните кои тоа ги оправдуваат бара натамошно внимание на овие прашања. Внимание бара и релативно високото оправдување на тепањето на децата од 19,9 отсто кај етничките Албанци.
Ставовите на мажите и жените за родови прашања, вклучувајќи и абортус, се слични и не се разликуваат за повеќе од +/-5 процентни поени, со исклучок на проституцијата.
Постојат разлики меѓу етничките Македонци и етничките Албанци, кои се повторуваат меѓу христијаните од православна традиција и муслиманите.
Поддршка на про-избор прашањата има меѓу 31,5 отсто од етничките Македонци и меѓу 16 отсто од етничките Албанци.
Религиозните граѓани ги поддржуваат про-живот прашањата со 76,22 проценти, а нерелигиозните граѓани со 56,6 отсто. Покрај ваквите ставови, и двете групи имаат слични ставови за другите прашања, на пример во неодобрувањето на проституцијата.
Поддршката за про-избор прашањата е најголема во Скопје и таа изнесува 40,12 отсто. На другата страна, најмала е поддршката во руралните подрачја со 77,92 отсто.
Не постои значајна разлика врз партиска или идеолошка основа меѓу десницата и левицата, односно меѓу симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Меѓу симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ поддршката за про-живот е 76 отсто, а меѓу симпатизерите на СДСМ е 67,8 отсто. Поголема разлика има само на прашањето на еутаназија.
И во религиозноста не се забележува значајна разлика меѓу симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, од кои вмровци 84,9 проценти, односно 79,2 социјалдемократи отсто се религиозни.
Податоците од истражувањето покажуваат дека повеќето граѓани 83,3 отсто се религиозни. За нерелигиозни се сметаат 14,8 проценти, а 1,1 се изјасниле за атеисти.
Истражувањето било спроведено со теренска анкета во домаќинствата на национален репрезентативен примерок. Анкетата ја изработил Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (ИСППИ), чија одговорност е и методолошката исправност.
Анкетата е спроведена во март 2009 г. на репрезентативен примерок од 1.600 испитаници. Популациската рамка на примерокот е население постаро од 18 години, а критериуми за репрезентативност биле: пол, етничка припадност, возраст, место на живеење и региони.
http://www.forum.com.mk/Македонија#_tools/article/2813/view
Запази разлика .... насловов тука ...
а тренди новинаркава у време ... СМЕ ТОНЕЛЕ ...
и да се повторам
ако се процентиве точни тогаш јас ги поздравувам ...
ако за авторката за текстот е тренд абортус, развод, хомосексуалност, еутаназија, наркоманија.
тогаш јас и пожелувам да проба нека биде у тренд нека абортира, нека се дрогира, нека се разведе и на крај нека се еутанизира.
а ако има син нека го напраи педер за да биде у тренд.