Шефер ја префрла топката на македонска страна

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Шефер нема оптимизам за членството на Македонија



Јаап де Хоп Шефер

Генералниот секретар на НАТО во заминување нема зголемен оптимизам за надминување на спорот за името - што е предуслов за членство во Алијансата, по минатонеделните разговори со властите во Македонија.

Јаап де Хоп Шефер по вчерашните разговори со грчкиот државен врв на македонските власти им порача дека мора да покажат флексибилност за прашањето на името.

„Морам да додадам, отворено и искрено, дека по мојата посета на Скопје минатата недела, мојот оптимизам не зајакна, слушајќи ги властите во Скопје. Се надевам дека тие ќе разберат дека за решавање на прашањето за името, тие мора да покажат флексибилност“, рече Шефер во Атина, по средбата со грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани..

Првиот човек Алијансата, одговарајќи на новинарско прашања во врска со грчката блокада за приемот на Македонија во НАТО на самитот во Букурешт, рече.

Никогаш немало вето. НАТО не го познава зборот вето. НАТО го познава зборот консензус. Иако луѓето можеби се разочарани, имаше консензус лани во Букурешт и повторно имаше консензус во Стразбур и Кел“, вели Шефер, кој на крајот од јули заминува од функцијата.

Министерката Бакојани рече дека Грција сака да ги види „своите соседи и пријатели во семејството на НАТО“, но откако ќе се реши прашањето за името.


Извор А1



Значи како што и порано зборував во Букурешт немаше ВЕТО (барем така се толкува )...
А целата вина како што кажува Шефер е на страна на Македонија...
Среќа што си оди...човект...
 
Нивниот песимизам за мене е голем оптимизам.
 
Се е веќе така познато и познато и познато и ...
 
Шефер сигурно си добил некоја вила на гечкото приморје:toe:
 
не признава вето ,само консензус.....овој сака да не заебава нешто )))),а како може консензус ако некој од членките кои го чинат консензусот стави блокада т.е. вето.

а бе овие мислат дека неписмен народ живее тука изгледа )))))
 
не признава вето ,само консензус.....овој сака да не заебава нешто )))),а како може консензус ако некој од членките кои го чинат консензусот стави блокада т.е. вето.

а бе овие мислат дека неписмен народ живее тука изгледа )))))


Не е тоа брат , Грција на секој начин сака да ја избегне етикетата ВЕТО...
Затао што е многу непопуларна метода на сопирање на интерграција на една земја...
Зборот немаше концензус е многу по прифатлив...
Грција работи на оваа прашање многу долго а ние не смееме да го занемариме...
Ова се политички игри кои можат да бидат клучни...

Концензус значи ДОГОВОР, седнале и се договориле да не ја примат Македонија ...
ВЕТОто е нешто сосема друго...
Ние не сме глупи и знаеме што се случи мегутоа ова игра не ни е нам наменета...
 
абе кој ги ебе бе ...
уцени не прифаќаме ...

а која е таа флексибилност од страна на гејлада?
не мрднаа од ставовите ...
 
абе кој ги ебе бе ...
уцени не прифаќаме ...

а која е таа флексибилност од страна на гејлада?
не мрднаа од ставовите ...

Па поткупуваат се што може да се поткупи, се е*ат со секој што имаат интерес и се подлизнуваат на сите што можат да ги искористат.:toe:
 
јасно ... но флексибилност никаква во спорот ...
не мрднаа ...
е сеа ние требало флексибилност да покажуваме ...
е до кога бе браќа Македонци ...

уште малце флексибилност и ќе си останеме џукели на балканов ... без педигре ..
од цела историја која ја имаме ништо нема да остане се ќе земат комшиите ...

ц ц ц ц
 
Е па нашата демократија во која разни соросоиди и платеници лајат за флексибилност секогаш ќе не става во подредена положба во овој наметнат спор. Плодната почва за постојано раѓање на поголем број на однародени отколку патриоти е одговорот зошто ние постојано треба да сме флексибилни.
 
јасно ... но флексибилност никаква во спорот ...
не мрднаа ...
е сеа ние требало флексибилност да покажуваме ...
е до кога бе браќа Македонци ...

уште малце флексибилност и ќе си останеме џукели на балканов ... без педигре ..
од цела историја која ја имаме ништо нема да остане се ќе земат комшиите ...

ц ц ц ц


Тоа е друже затоа и јас не ја сакам политиката на бескичмењак...
Македонија доволно мрдаше дури и премногу што добивме за возврат ВЕТО...
Кој ни го цени тоа наше мрдање до сега што сме го направиле , НИКОЈ?
Зошто тогаш да мрдам , доволно беше од македонска страна и се надевам дека владата а и претседателот ќе останат на цврстиот став кој го имат заземено...
Ако им се мрда нека мрдат гејовите ТИЕ се на потег...
 
Очигледно ќе не средат ко Србија што ја средија пред 10 години.
Ако не играте по наше ќе си го добиете - тоа е пораката, па сега Грујо нека гради споменици.
 
Очигледно ќе не средат ко Србија што ја средија пред 10 години.
Ако не играте по наше ќе си го добиете - тоа е пораката, па сега Грујо нека гради споменици.
Или мењате име(и во пакет со него народ и јазик) или секоја вечер бомбардирање.Вака нешто???:nesvest::nesvest::nesvest:
па ако толку им сметаме како Македонци една атомска и се ќе си решат.Само што ќе прават со оние преку милион Македонци надвор од РМ???
 
Ne te primaat vo nato dok ne te podelat.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom