Откажаа компјутерите на владиниот авион на Грујо и Ѓорге

  • Креатор на темата Креатор на темата bitushanec
  • Време на започнување Време на започнување
А вие верувате дека стварно откажале апаратите? Јас не верувам. Мислам дека се работи за мало залажување на народот, дека еве Црвенковски веднаш пробува да ги среди, а народ си е простичок, па веднаш верува...
Нешто слично беше и Путин кога го застрела тигарот, ама чудно, тогаш сите реоквте дека е намештаљка.

Па зар некој зборува за “РАЗАМНИОТ КОМПРОМИС“ што го најави Џорџе деновиве,и кој е многу поважен од расипан компјутер на некаков Лирџет.Финтава е помно испланирана во Брисел,само не би знаел колку ќе запали кај Македонците кој не се толку заслепени од “месијата“ кој е и “прв меѓу еднаквите“.Ме радува фактот што многумина се свестија уште при првата информација за расипаниот компјутер,дека сето тоа е Педофилска тактика,планирана малку порано за свртување на вниманието од поважните проблеми.:toe:
 
Mislam deka avionite vo koj sto letaat bmrovci ne se bezbednii... a zosto? -mislam deka bi bilo izlisno da se proiznesam ..od ocigledni pricini:helou:
 
Koga vi vikav jas i nekolku forumdzii tuka na forumot deka Grujo i dpBne gi fakjaat kletvite vie od dpBne ne veruvate.Koga vi vikame nie vie vikate se toa se komunjarski prikazni.
 
Добро би било како сумирање на сите мислења изнесени во оваа тема да се додаде анкета во темава.

Компјутерите во владиниот авион откажаа заради:

  1. Случајност
  2. Порака од ЕУ до Груевски да омекни во ставот во врска со името
  3. Порака од ММФ до Груевски да не ги избегнува нивните услуги (канџи)
  4. Владин обид за „спин“ на вниманието на јавноста (од подготвеноста за компромис за името - кон дискусии за авионот)
  5. Бранко Црвенковски нарачал саботажа на авионот

Додадете уште некоја можност ако ви текне - ама како да се додаде анкета на постоечка тема - незнам, можда само админите може тоа да го додадат.
 
Бранко пред бегање има исечено некои жици во авионот. Многу е злобен

Пази заебанција...еј

Откачена жица од компјутерскиот систем е причина за вчерашната драма

Прекин на жица го предизвикала дефектот на Сквод Свич системот поради што владиниот Лир Џет вчера при лет од Брисел за Париз се изгубил од радар и не можел да ги следи другите авиони, утврдиле инженерите од овластениот сервисер на авионот.

Во леталото со кое Премиерот Груевски требаше да отпатува во Париз, покрај транспондерот- уред што го идентификува авионот и ја одредува висината на воздухопловот кај аеродромските радари, не функционирале уште 17 други системи и инструменти. Со овој систем биле поврзани и системите за кочење и за разредување кога леталото е во облаци, како и уредите кои даваат податоци за висината, брзината, курсот, работата на моторите и други информации кои се неопходни за безбеден лет.

Сервисерот на Лир џетот денеска не успеа да го отстрани дефектот поради што останува неизвесно дали Премиерот утре ќе се врати во Македонија со него или со редовен лет.

При успешното слетување на пилотите Александар Алаѓозовски и Александар Дрогрешки им помогнала и обуката во САД во која вежбале спуштање на авион со токму ваков дефект.

Поради овој инцидент Агенцијата за цивилно дека формирала Комисија за безбедност која во рок од 72 часа треба да подготви детален извештај за инцидентот. Владината Служба за општи и заеднички работи која е одговорна за одржувањето на леталото вчера соопшти дека леталото редовно се одржувало и сервисирало.

http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=52314&mid=1500&tabId=1&tabindex=0
 
Пази заебанција...еј

Откачена жица од компјутерскиот систем е причина за вчерашната драма

http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=52314&mid=1500&tabId=1&tabindex=0

Што може да напраи цвикцангла...........чудо едно...:) Реков јас дека овие светскиве мутиводи пак ќе не стават у трошок...:)
 
Пак ли овој Брле тоест Бранко за да дојде пак на власт сака да утепа уште еден прецедател е што се прави болен човек да дојде на власт.
 
Пак ли овој Брле тоест Бранко за да дојде пак на власт сака да утепа уште еден прецедател е што се прави болен човек да дојде на власт.

Ај тоа колај било..., ама што сака да не оштети за едно скапо платено авионче...е тоа бе ептен ме иритира..... :)
 
Ај тоа колај било..., ама што сака да не оштети за едно скапо платено авионче...е тоа бе ептен ме иритира..... :)

ОО Свашта сте вие вмровциве све Бранко вие крив господе личен

Иначе требало да се слупа негде барем да се спасиме
 
ОО Свашта сте вие вмровциве све Бранко вие крив господе личен

Иначе требало да се слупа негде барем да се спасиме

крив е гледа самода уништи нешто што е купено со мои и твои пари а да не збориме за тоа дека сака да тргне човек или што го снајде Борис Трајковски по негова вина све прави само да дојде на власт.
 
крив е гледа самода уништи нешто што е купено со мои и твои пари а да не збориме за тоа дека сака да тргне човек или што го снајде Борис Трајковски по негова вина све прави само да дојде на власт.

А па ти од кај си олку сигурен дека Бранко напраил нешто за да откажат компјутерите на авионот или дека бил замешан во несречата со Борис Трајкоски,ако имаш доказ за све ова тогаш добро ама ако немаш што тресес глупости едноставно
 
Стана прецедател после Трајковски а рече дека нема да се кандидира тоа не најголем доказ или сте заслепени од неговите лажги ај те молам гледај пореално малце на работите зашто не е прв пат да се деси ова на некој прецедател кога не е он на власт.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom