Владата и ЕВН на суд во Вашингтон

  • Креатор на темата Креатор на темата marsovka
  • Време на започнување Време на започнување
M

marsovka

Гостин
Владата и ЕВН на суд во Вашингтон
Вицепремиерот Зоран Ставрески вчера не беше запознаен со поднесената тужба пред Вашингтонскиот арбитражен суд
58BFA7F4B36EB940AAEB554FDF95AF4F.jpg

ЕВН Австрија поднесе тужба до арбитражата во Вашингтон против владата на Македонија поради спорот со компанијата ЕЛЕМ, која е во целосна сопственост на државата, соопштија вчера во Скопје високи претставници на ЕВН Австрија. Тужбата ја подготвила меѓународната адвокатска компанија „Фрешфилдс брукхаус деринџер“, а е заснована врз три меѓународни договори. Ако судот пресуди против Македонија, државата ќе мора да плати повеќе стотици милиони евра казна.

- ЕВН досега не добила предлози за наоѓање решение од која било страна во спорот надвор од судот, ниту била заштитена од неоснованите побарувања. Наместо тоа, ЕЛЕМ најави дека ќе пристапи кон реализација на првичната одлука, односно конфискација на имотот на ЕВН, затоа како одбранбена мерка ние поднесовме тужба до арбитражата во Вашингтон против владата на Македонија - изјави Стефан Цах, директор на одделението за односи со јавноста на ЕВН Австрија посочувајќи дека тужбата веќе требало да биде доставена и до Владата.Според Цах, ако се спроведе судската одлука на македонскиот суд, ќе дојде до повторна национализација на компанијата бидејќи износот што треба Австријците да го платат е еднаков на вкупните средства на ЕВН Македонија.

- Сметаме дека ова е точка на кулминацијата на дискриминацијата кон ЕВН, која се случува од 2006 година наваму. ЕЛЕМ е во целосна сопственост и контрола на државата. Сите постапки на оваа државна компанија се направени под контрола на владата. Токму затоа ќе бараме надомест на сите штети, според договорот за заштита на инвестициите потпишан од двете држави - најави Цах.

ЕВН ја обвинува владата за повреда на Договорот за заштита на инвестициите меѓу Македонија и Австрија, за Енергетската повелба, како и мултилатералниот договор меѓу Македонија и Енергетската заедница, со кој земјата се обврза целосно да ги почитува правните норми во енергетскиот сектор во ЕУ. Вицепремиерот Зоран Ставрески вчера не беше запознаен со поднесената тужба пред Вашингтонскиот арбитражен суд.

- Не знам на што мислите, односно за кој дел од проблемот со ЕВН. Немаме добиено официјална информација за тужба. Кога ќе ја добиеме, Владата ќе може да се изјасни - изјави Ставрески.

Според извршниот директор на ЕВН Австрија, Гинтер Офнер, вратата на компанијата останува отворена за средба со претставниците на власта и разумно решение, со што би се спречило плаќање на големи суми отштета.Покрај тужбата во Вашингтон, ЕВН Македонија вчера ја обжали одлуката на првостепениот суд.

- ЕВН Македонија поднесе и жалба до Апелацискиот суд поради пресудата на првостепениот суд. Очекуваме и се надеваме дека откако ќе бидат запознаени со нерегуларностите во првата инстанца и ќе ги земат предвид сите факти, ќе се донесе фер одлука - додаде Офнер.Правните застапници на ЕВН посочија дека жалбата е на 70 страници, во која се посочени „многуте повреди на парничната постапка, меѓу кои и физичкото враќање на доказите од страна на Судот“. Апел до сите инволвирани страни спорот да се реши со дијалог, упати Игор Гиевски како претставник на ЕВН Македонија дека ова е македонска компанија во која работат 3.000 лица кои се засегнати од спорот.
Рикер: Инвеститорите бараат сигурност
Инвеститорите мора да бидат сигурни дека судскиот процес ќе биде изведен темелно, го коментира вчера амбасадорот на САД Филип Рикер повторно судскиот спор ЕВН - ЕЛЕМ, повторувајќи дека претставниците на меѓународната заедница се загрижени „за недостатокот од транспарентност и начинот на кој е спроведен судскиот процес“.

- Треба да се обезбедат еднакви услови во кои инвеститорите ќе се чувствуваат сигурни дека нивните договори ќе се почитуваат и дека судските процеси се правични и транспарентни во рамките на едно независно правосудство - рече тој.
Горан Ризаоv
[FONT=&quot]http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=993665FECBD3114AA36FA638E975F54F[/FONT]

Хм....некој рече дека нема да поднесат тужба до арбитражен суд и дека само ќе се договорат ?
ауч....ова ќе боли многу ќе боли
 
Хм....некој рече дека нема да поднесат тужба до арбитражен суд и дека само ќе се договорат ?
ауч....ова ќе боли многу ќе боли

Кај си бе марсовке....:smir:
Пак стојам на ставот дека ќе се договорат....
И струја пак ќе имаш дома како ништо да не било....
 
Кај си бе марсовке....:smir:
Пак стојам на ставот дека ќе се договорат....
И струја пак ќе имаш дома како ништо да не било....
исто таак рече дека немаат муда да идат на суд
отидоа ддо таму уште ќе гледаш на гравчиња?
Кога странците дигаат џева веруј ми имаат добри причини и докази за тоа
И ако се договорат колку нас ќе не чини ?:pipi::smir:
 
Да реков, не ги сметав за толку опрани во паметот....
Иста ваква ситуација имаше и во Албанија, истава фирма беше во прашање, тој спор го изгуби ЕВН....
Јас колку што знам...можеш да идеш на суд ама можеш и на сред процес
да ја повлечеш тужбата....
 
Марсовка, само едно да те прашам на чија страна си?

ЕЛЕМ=државна фирма
ЕВН=странска компанија неизвозно ориентирана т.е. пијавица

Ова е поднесување на контра тужба со цел да се заплашат такви како тебе коишто немаат врска со право, а богами и немаат никаква љубов кон сопствената земја.

Ова ти е на пример јас да те силувам тебе, ти да ме тужиш и сеа ја за да те уплашам ќе те тужам дека си ме изгребала за рака:smir:.
 
glupa komparacija исто така ни ти немаш врска од право така да јас,ти и елф можеме само да гатаме на гравчиња

Знам само една работа чим се дигна толкава врева и стигаа писма и од амбасадори значи има нешто ,значи има основа ова да се дотера до судска пресуда и барање за милионска оштета кон држава

Да не го спомувам негативниот публицитет и тоа што си напишавме на челото дека ги бркаме странските инвеститори ....

плус од каде таа мисла дека евн не силува?Или да не е обратно ?

едит не сум на ничија страна освен тоа само сум против јавниот напад врз евн со тоа се бркаат потенцијалните инвеститори

Да реков, не ги сметав за толку опрани во паметот....
Иста ваква ситуација имаше и во Албанија, истава фирма беше во прашање, тој спор го изгуби ЕВН....
Јас колку што знам...можеш да идеш на суд ама можеш и на сред процес
да ја повлечеш тужбата....
Јас колку што знам австриски амбасадори не праќаат писма туку така и не повикуваат наши амбасадори туку така на разговор :pipi:
 
Знам само една работа чим се дигна толкава врева и стигаа писма и од амбасадори значи има нешто ,значи има основа ова да се дотера до судска пресуда и барање за милионска оштета кон држава

Марсовка овој свет не е розов, не се сите чесни, и тие амбасадори не се ангелчиња туку си штитат интереси на сопствените земји.

И тие амбасадори не се непоткупливи, ЕВН им искеширал по 5000 евра и сеа ќе лајат до бесвест.

Јас па повеќе му верувам на нашето судство од амбасадорите ама изборот е твој.
 
И да донесе арбитражата одлука дека ЕВН се враќа во сопственост на државата, ниту еден амбасадор или земја нема да има ама баш никаква јавна замерка, бидејќи арбитражите се создадени исклучиво за вакви спорови.
Може во било кој момент од процесот двете страни да се откажат и да се договорат.
Ако пресудат против државата, наебавме.:toe:
Ако се случи вакво нешто...некој правел егзибиции на сметка на народот...таквите судови не судат по ничии директиви, тоа се трговски судови специјализирани баш за вакви спорови.

Не верувам дека ЕВН е чиста во случајов...ама познавајќи ја алчноста на министрите од било која влада...може и матна да е работава.

Моја прогноза е дека пресудата ќе биде избалансирана.
Нит ќе земе ЕВН толку пари, нит државава ќе си ја врати сопственоста врз компанијата.
 
Знам само една работа чим се дигна толкава врева и стигаа писма и од амбасадори значи има нешто ,значи има основа ова да се дотера до судска пресуда и барање за милионска оштета кон држава

Да не го спомувам негативниот публицитет и тоа што си напишавме на челото дека ги бркаме странските инвеститори ....

Секој пост ти е исполнет со омраза спрема Македонија.
Како најголем душман да си на Македонија.

ЕВН подмачкал неколку амбасадори и сега ние ними ќе им веруваме, а не на судот? ЕВН собира пари од заостанатиот долг на ЕСМ, а пола од тие пари не сака да ги плати на производителот на струја- ЕЛЕМ. Кај го има тоа?! ЕВН самиот си платил 4% од долгот, што во секое право е доказ дека ЕВН го прифатил долгот!
 
Ако е ова СУШТИНАТА на целиот спор...ЕВН може квалитетно да наебе.:toe:
 
Добро ако се сомневаш во Македонска фирма и Владата дека се криви во некој процес со странско тело (фирма или друга влада) тоа значи дека си ја мразиш татковината? Приметувам повеќе пати ако спомне некој против владата одма го етикирате како антипатриот. Аманте бе.

Според мене ЕВН се криви али владата не требаше до толку бомбастично да ја напаѓа ЕВН во период кога се намалени странските инвестиции зашто со ова само си правиме лоша репутација пред потенцијалните странски фирми кои ако не се доволно информирани за ситуацијата, си велат државата се меша во странски фирми и попречува.
 
Во ред е да се сомневаш. Но познавајќи ја марсовка која во ниеден момент не кажала добар збор за Македонија, нормално е човек да се изиритира. Ако не и се свиѓа Македонија нека си најде некој Швеѓанец и нека брка работа.
 
Ако е ова СУШТИНАТА на целиот спор...ЕВН може квалитетно да наебе.:toe:

Тоа е суштината на спорот. ЕВН вели дека не може да ги наплати старите долгови на ЕСМ (албанските места и фирмите во стечај) и затоа не можеле да платат. Од друга страна пак, има тужби и исклучувања на неплаќачите од страна на ЕВН, со цел да се наплатат долговите и дел секако од тој долг е наплатен, но ЕВН сега тврди дека немале обврска да дадат 50% од тие пари, кои припаѓаат на ЕЛЕМ, кој е производител на електрична енергија.

Добро ако се сомневаш во Македонска фирма и Владата дека се криви во некој процес со странско тело (фирма или друга влада) тоа значи дека си ја мразиш татковината? Приметувам повеќе пати ако спомне некој против владата одма го етикирате како антипатриот. Аманте бе.

Според мене ЕВН се криви али владата не требаше до толку бомбастично да ја напаѓа ЕВН во период кога се намалени странските инвестиции зашто со ова само си правиме лоша репутација пред потенцијалните странски фирми кои ако не се доволно информирани за ситуацијата, си велат државата се меша во странски фирми и попречува.

Македонија мора да биде правна држава, без разлика дали се работи за ЕВН или некое гранапче. Така и странските инвеститори поеќе ќе не` ценат, зошто ако се фаворизира ЕВН, другата страна ќе се дискриминира, што е навистина лоша порака за странските инвеститори.
 
Секој пост ти е исполнет со омраза спрема Македонија.
Како најголем душман да си на Македонија.

ЕВН подмачкал неколку амбасадори и сега ние ними ќе им веруваме, а не на судот? ЕВН собира пари од заостанатиот долг на ЕСМ, а пола од тие пари не сака да ги плати на производителот на струја- ЕЛЕМ. Кај го има тоа?! ЕВН самиот си платил 4% од долгот, што во секое право е доказ дека ЕВН го прифатил долгот!

Ако е ова СУШТИНАТА на целиот спор...ЕВН може квалитетно да наебе.:toe:

Во членот три од анексот, пишува дека сумата од 100 милиони евра ќе се дели пола - пола, меѓу двете компании. Членот седум надополнува - доколку дојде до неможност да се наплати дел од побарувањето компаниите ќе направат отпис. Двете компании се заведени како отстапувач и примач на побарувањето. Неодамна и Златко Черепналковски енергетски експерт весникот КОХА изјави дека:

“анексот е јасен, ова не е долг на ЕВН кон ЕЛЕМ, туку е на потрошувачите кон ЕЛЕМ, а ЕВН наследил обврска да го наплати од потрошувачите тој стар долг, а откако граѓаните ќе го подмират, ЕВН да му префрли на ЕЛЕМ 50%

извор
Добро ако се сомневаш во Македонска фирма и Владата дека се криви во некој процес со странско тело (фирма или друга влада) тоа значи дека си ја мразиш татковината? Приметувам повеќе пати ако спомне некој против владата одма го етикирате како антипатриот. Аманте бе.

Доколку критиката ја пласираш со одредена политичка перверзија на задоволство дека се работи за Владата или поконретно за ВМРО, наместо за Македонија и нејзините интереси, тогаш повеќе од симптоматично е доколку се повторуваме во неколку наврати.

ЕВН не е во право, ниту смееме да дозволиме да играме по нивните корпорациски интереси бидејќи ние ја плаќаме сметката за струја.
Во наш интерес е да го добие нашата Влада овој спор и неможе постојано да виткаме опаш пред странскиот фактор кој профитира на нашиот народ.

Договор за купопродажба на акциите во државна сопственост на АД Електростопанство на Македонија на јавен тендер
Скопје, Март 2006
http://www.vlada.mk/files/doc/EVN.pdf
 
Кога странците дигаат џева веруј ми имаат добри причини и докази за тоа
И ако се договорат колку нас ќе не чини ?:pipi::smir:

а тебе ти текнало дека џавкаат и притискаат затоа шо не се у право ... за да се откажеме од спорот?
или не ти текнало па уште во старт даваш заклучок ние сме криви ... тие се во право затоа што кревале џева?!!?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom