Контроверзни фотографии на Македонската студентска унија

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Контроверзни фотографии на Македонската студентска унија



prazno.gif
prazno.gif
13.05.2009 17:00
oliver-dimitrovski.jpg
Оливер Димитриоски е генерален секретар на Македонска Студентска Унија
Терористичка организација во Скопје. Група млади сликани со пиштоли, панцири и маски во еден студентски дом. Под сонцето на Александар, со камата и пиштолот на Гоце и Даме.
Вакви фотографии осамнаа денеска на сајтот на А1. Овие ликови од дружината се членови на Македонска Студентска Унија.
Еден од нив е Оливер Димитриоски, генерален секретар на Унијата. Вели дека фотографиите се приватна сопственост, не станувало збор за терористичка организација, туку за маскенбал од некој први април пред една или пред две години.
Пиштолот и камата, според Димитриоски, се пластични и не биле вистински.
„Не знам, некоја иконографија, некоја си парадоксална иконографија којашто нема врска во ниеден контекст, како што нема врска целото тоа оружје“, рече Оливер Димитриоски, генерален секретар на МСУ.
tepaci-plostad1.jpg
Пиштолот и камата, според Димитриоски, се пластични и не биле вистински
„Вие одете на карневал во Вевчани, има и знамиња од Хитлер, па никој не кажува дека луѓето се фашисти; имате таму симболи на Ал Каеда, па никој не кажува дека некој има тенденција некој да подметнува бомби“, вели Димитриоски.
„Да не се вадат работите од контекст, маскенбал си е маскенбал, не знам што уште треба да се каже“, додаде Димитриоски.
Македонската унија на студенти во последно време се афирмираше со своите ставови за веронауката и за црквата на плоштадот, кога ги осуди дел од медиумите, но кои се само сопственост на не етнички Македонци.
Тие правеле хајка, според нив, против изградбата на црквата на плоштадот. За нападот врз студентите од Архитектура рекоа дека и неколку шлаканици не бил голем инцидент.
tepaci-plostad.jpg
Ден подоцна, промовираните ставови на Унијата беа осудени како подгревање на тензиите и ширење на ксенофобија и верска нетрпеливост.
Комуниколозите предупредуваат - тие што претендираат да бидат дел од јавноста, треба да внимаваат какви пораки праќаат.
„Имаат интерпретација коишто се во некоја рамка на промоција на асоцијални вредности, промоција на насилство, промоција на слики и симболи, знаци коишто не треба да бидат директно упатени до јавноста“, изјави Сеат Џигал, комуниколог.
Македонската унија на студенти наместо да се бори за правата на студентите, се повеќе се занимава со политички случувања.
Унијата е енигма сама по себе, но и за студентите. Не е познато каде се нивните канцеларии, ниту пак колку и кои се нивните членови.
tepaci-plostad1.jpg



Izvor A1
 
убаво за око.....честитки дечки.
 
Контроверзни фотографии на Македонската студентска унија


tepaci-plostad1.jpg



Alal da im e.... se pokazaa vo vistinsko svetlo.... gordost makedonska.

закон фотка...од поодамна е,али јака е:vozbud:

до кварк:ова се први слики од Македонциве со оружје, а можеби е маскембал само,како што се вели во текстот..види на хи5,да видиш албанци у мк,од тетово и скопје, со калаши,бомби, и разно...така да,јбг, тоа е...нека се сликаат...кој ги шиша:vozbud:
 
последната слика сигурно дека не е нивна ама лесно се уклапа во приказната па А1 знаеш онака сакаат да си мрчат отпојќе против државава и се ќе направат добро да нашминкаат некоја приказна и народов лесно се пали на тоа
 
Овие А1 му се нафрлија на патриотизмов небаре ќе го ручат, како тоа се осмелуваат вакви декорации да прават македонците.... нцнцнц.. не бидува.
 
а бе на овие од а1 ќе им објасни ли некој што е кама?
 
последната слика сигурно дека не е нивна ама лесно се уклапа во приказната па А1 знаеш онака сакаат да си мрчат отпојќе против државава и се ќе направат добро да нашминкаат некоја приказна и народов лесно се пали на тоа


ne e nivna....... ova e unija na vmrovci:)
 
Фак. Лани се маскирав како нинџа и се сликав. Јапонска терористичка организација изгледа ке ме осудат.

Аман до толку ли немаат вести за кажување? Јес да не ги бива некои од Студентски Сојуз али волку млитава приказна да се стави како бомбастична е веќе претерано. "Вест"-информација али сеа на телевизија.
 
Личи бре....без пиштолите не е интересно.
Туку се ми се чини дека тој буџетот на соросоидите почнува да се троши на големо.
Претепан Македонец кој сакал да отвори обложувалница во Тетово.
Запелен мост кај Крушопек!
Македонци терористи.....изгледа дека некој сериозно работи на тоа да го расипе соживотот(кој и онака не постои де).:toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom