- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
КОЈ Е ВО КАБИНЕТОТ НА ИВАНОВ?
Прв работен ден и за новите луѓе од Кабинетот на Иванов. Новиот претседател, покрај администрацијата која ја наследи од Бранко Црвенковски, започна и со помала група на свои соработници.
На позицијата генерален секретар на претседателот е поставен Дарко Ангелов кој работел во Советот на Европа и за ОБСЕ. Советници на Иванов ќе бидат Љубен Арнаудовски - советник во неколку претседателски кабинети, Љубен Тевдовски кој раководеше со Секторот за национални приотитети во Министерството за надворешни работи, Јордан Плевнеш - актуелниот потпретседател на УНЕСКО во Македонија и поранешен македонски амбасадор во Франција, угледниот професор на Правниот факултет Светомир Шкариќ, основачот на Европското движење во Македонија како и актуелен декан на ФОН универзитетот Димитар Мирчев, еден од најдобрите македонски амбасадори Ристо Никовски кој дипломатската кариера ја заврши како амбасадор во Москва, и дипломатот Љуљета Ќуфлиу.
Асистенти на претседателот Иванов се поранешниот портпарол во Министерството за култура Златко Јанковски, како и новинарите Игор Каровски и Цветин Чилиманов. Првите луѓе од Кабинетот на претседателот утре ќе ја имаат првата официјална странска средба во Брисел.
Izvor SITEL
Sto mislite za lugeto vo kabinetot na Ivanov...?
Mislam deka kvaliteten kadar sobral ...