Има разлика во тонот на изјавите на Ахмети, Арифи, Алити и уште понекој од останатите членови во Собранието. Интересно е дека почнуваат да се закануваат за излегување од владата.
Поголемата игра доаѓа од Вашингтон. Хилари Клинтон изјави во Конгресот дека треба да се бара решение за името и дека САД имаат разбирање за чуствителноста на Грција.
Се уште бараме изјава од ДПМНЕ или било кој друг да им “контрира’’ на изјавите на ДУИ бидејќи вакви какви што се, не се на арно.
Има разлика во тонот на изјавите заради разликата на гласовите што ги собраа на локални избори а рејтингот на големо им паѓа. Освен тоа од ДУИ, особено од заменик премиерот Адеми се очекува да дејствува како премиер на албанците, значи да издејствува федерална влада а тој кутриот има помалку ингеренции и почит од секретарката на Груевски.
Сега се свестат дека со ваквиот однос Груевски може да владее 40 години а не четири а ДУИ би пропаѓала во политичка бездна.
Скоро сум сигурен дека ДУИ ќе излезе од власта. Изговор ќе биде одбивноста на албанците кон пропагандата на православната,македонска,словенска држава и одбивноста на Груевски кон Косово, џамијата на плоштад и по моја идеја гигантни скулптури на дарданските (косовски) кралеви Бато и Лонгар на плоштад бидејќи Скопје бил главен град на Дарданија.
За танго потребни се двајца па време е да танцуваме.
Колку за Вашингтон, претпоставувам знаеш дека првата официјална средба на Хилари Клинтон беше со премиерот на Албанија, Косовскиот врв, Сејдиу и Тачи одма потоа патуваа на официјална посета на Белата Куќа а претседателот на САД, Барак Обама вече најави посета на Косово, Хрватска и Србија.
Биди сигурен дека ДУИ не е картата на САД. ДУИ сега и во идната широка влада ќе ја има улогата на ПДП во Рамковниот Договор. Нови играчи се наметнуваат, нова политика.
Во секој случај комуњарската политика на македонскиот(словенски) државотворен народ му се ближи крајот и не може да ја спаси ниту Бранко ниту Св. Бранко и Св.Никола.
Тоа е тоа , во блиска иднина ќе треба да одлучиме дали ќе создадеме држава на сите рамноправни граѓани или пак некој ќе успее да ја истурка уште некое време идејата на државотворноста на словенскиот македонски народ иако ова второто е невозможно заради свестувањето на самите македонци.