- Член од
- 5 март 2009
- Мислења
- 54
- Поени од реакции
- 8
Незнам зошто сите зборуваат за реконструкција на тимот после поразот од Барса.Тим што освои 4 титули,стигна до финалето на ЛШ и полуфиналето на ФА Купот сигурно немал слаба сезона па да се зборува зо реконструкција.Тоа можеби му треба на Ливерпул кој многу очекуваше,а ништо не освои.
Ако евентуално се продаде Тевез тогаш сигурно Ферги ќе купи друг напаѓач,но ако Тевез остане тогаш според мене единствено ни треба човек од средината т.е. организатор на играта.
Подетално да објаснам.Таков човек според мене единствено е Сколс кој веќе е стар е ретко кога може да изигра еден цел натпревар на едно исто ниво што се виде оваа сезона.Гигс колку и да е одличен играч сепак не е човек за средината т.е. организатор.Сезонава блесна само на неколку натпревари кога ја имаше таа улога,а другите ги одигра на едно нормално ниво кое сепак за големи натпревари треба да е многу повисоко.Керик е добар за во средината но тој пред се според мене повеќе е дистрибутер на топки отколку организатор на играта.Знае да направи одлични пасеви за напаѓачите и да пополнува дупки во средината но сепак и тој не е тип на играч за кој јас мислам дека треба да биде.Видете само што ни направија Чави и Иниеста во финалето на ЛШ.Нас ни треба еден таков играч,поготово како Чави,одличен организатор кој супер се надополнува со поофанзивниот Иниеста и одлично функционираат.
Андерсон е разбивач на играта и него не го сметам за таа позиција.Сличен на него е и Харгрејвс кој според мене е подобар од Андерсон,но сеуште го немаме на располагање и тука е одличниот Флечер кој е олараунд играч за во средината,но сепак не е организатор на играта каков што треба да имаме.Реков дека според мене таков играч е Сколс но тој е стар.Нас ни треба Сколс но во неговите најдобри години,а кој може него да го замени мислам дека знае само Ферги.Пример земете го Лука Модрич од Тотенхем.За една година се издигна и стана носител на нивната игра.Има одлична техника,одлично чувство за простор,одличен дистрибутер на топки е и неретко оди во напад и дава голови.Исто како Сколс во неговите најдобри години.Таков играч ни треба.
Поради се ова мислам дека нас не ни треба реконструкција,туку само еден одличен организатор на играта.