^Леандра, не може ова на еден кантар да се стави, затоа што има три засегнати страни: хомосексуалците, наци-религиозно_фундаментални-хулигани и полицијата (државата).
Кога ќе се стават на кантар хомосексуалците и полицијата (државата), заклучокот е дека нештата се движат напред. Полицијата беше прогласена за херој на парадата. Државата преку неа, покажа дека е тука за да обезбеди права за сите граѓани.
Врската полиција-хулигани е особено карактеристична. Хулиганите најдоа изговор за да се пресметаат со полицијата, бидејќи на фудбалските натпревари немаат толкава слобода и простор за маневар како на отворено. Самиот министер за внатрешни, Дачиќ, рече дека тоа вчера меѓу полицијата и криминалците нема ама баш никакви врски со парадата.
Вчерашните разурнувачки и вандалски напади на околу 6.000 таканаречени противници на парадата на хомосексуалците во Белград, кои им припаѓаат на неонацистичката, клеро-фашистичката и хулиганската сцена во Србија, не беа спонтани демонстрации, туку добро испланирани немири со политичка заднина - сметаат експертите за безбедносни прашања. Професорот на Факултетот за безбедност во Белград, Зоран Драгишиќ, вели:
„Изборот на целите и начинот како тие беа нападнати зборуваат за тоа дека станува збор за добро организирана акција. Младите кои ги извршија нападите очигледно не се во стостојба такво нешто самите да осмислат“, оценува професорот Драгишиќ и се залага сторителите сепак да бидат строго казнети. Но, уште поважно е да се откријат организаторите на нападите зад сцената:
„Она што е многу поважно, тоа е пред лицето на правдата да бидат изведени оние кои ги организирале нападите и кои манипулираат со овие деца. Тука не смее да има попуштање, без оглед на нивните можни академски титули, политички кариери, евентуално мантиите што ги носат. Кои и да се, овие луѓе претставуваат голема опасност и тие се според мене главата на змијата што ја стиснала Србија.“
СПАСИ СРБИЈУ И УБИЈ СЕ, БОРИСЕ, БОРИСЕЕЕ!!! -скандираа вчера тинејџери изманипулирани од црковни контра-либерално-демократски структури.
Делови од Православната црква спроти парадата на хомосексуалците даваа изјави, кои оставаа простор за разни толкувања. Освен тоа меѓу противниците на парадата вчера во Белград на повеќе места можеа да се видат и свештени лица. Социологот по религија Мирко Ѓорѓевиќ вели дека делови од Црквата имаат големо влијание врз екстремистичките движења во земјата:
„Влијанието е големо, а за неволјата да биде уште поголема, големи делови од јавноста кои се идентификуваат со националистичките и екстремистички групи се повикуваат на Православната Црква, а таа од нив не се оградува. Тоа претставува голема опасност затоа што делови од Црквата се и покровители или барем им пружаат духовна логистика на тие екстремисти...“
Политикологот Домоњи потенцира дека екстремистичките организации никогаш не се раѓаат случајно и сами од себе. „Таквите организации, тоа можеме да го кажеме од искуство, никогаш не никнуваат сами од себе, туку се последица од работата на некои специјализирани агенции во општеството.
Да не се лажеме дека хулиганите вчера спонтано излегоа да демолираат, ограбуваат и напаѓаат.
И третата перспектива: хомосексуалци-хулигани -срушен е митот за Србија како православна земја без хомосексуалци. Хомосексуалците покажаа дека не се плашат да излезат. Цврсто сум уверен дека
да не беа амбасадорите на ЕУ и ОБСЕ учесници на парадата, ќе имаше десет пати помалку полиција, но хомосексуалците пак ќе излезеа на парада, и пак и пак и пак беа спремни и да се пресметаат физички и да јадат ќотек ко кучиња. Како Црнците во САД во шеесеттите.