СЗО прогласи пандемија на свински грип! [Швајцарците пронајдоа вакцина!]

Член од
27 јануари 2009
Мислења
1.044
Поени од реакции
40
Ќе може малку подетално за ова... Пример како/каде да најдам матичен млеч?Го има по аптекиве и ако да под кое име? И дали ако побарам во аптека Олигојак+Селен ќе знаат да ми дадат тоа што го барам? :smir:
се има по аптекиве само прашај и одма ти даваат, а олигојак + селен буквално така пишува и на кутијата
 
S

smart ass

Гостин
се има по аптекиве само прашај и одма ти даваат, а олигојак + селен буквално така пишува и на кутијата
И ефтин е...нешто околу 60-80 денари,а матичниот млеч е поскап,побарај од боснаљек тој е најевтин..околу 300ден,другиот на медекс е поскап.
 

проф.

Величието е едноставно..
Член од
12 април 2009
Мислења
387
Поени од реакции
9
Ќе може малку подетално за ова... Пример како/каде да најдам матичен млеч?Го има по аптекиве и ако да под кое име? И дали ако побарам во аптека Олигојак+Селен ќе знаат да ми дадат тоа што го барам? :smir:
Слободно побарај имаат.. Е сега најдобро е од пчелар, (АМА ДА ЗНАЕШ ДЕКА НЕ Е ПРЕВАРАНТ) исто и ЛУК, КРОМИД ПРАЗ малку народна медицина (се шегувам ) но во овие растенија има природни антивирусни елементи.
 

Виљушка

поЧетник
Член од
12 ноември 2009
Мислења
19
Поени од реакции
0
Од догодина свинскиот грип ќе се третира ко нормален.
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
Полската министерка за здравство Ева Копач одлучи да не дозволи да се набават вакцини против вирусот на свинскиот грип со што дополнително фрли масло на огнената дебата што се води меѓу голем број експерти во светот за квалитетот на овие вакцини. Нејзината одлука наиде на сериозни критики кај организациите за заштита на човековите права, но и на одобрување на дел од парламентарците и јавноста. Министерката одржа говор во парламентот во кој се обиде да ја објасни својата одлука.

„Во ситуација кога треба на луѓето да им препорачам лек, верувам дека секој лекар би се запрашал дали би им го дал тој лек на својата стара мајка или на сопственото дете“ изјави Копач.

Министерката објаснува дека за вакцината се советувала со нејзините искусни колеги - експерти за вакцини и оти за време на преговорите со производителите наишла на околу 20 сомнителни точки. – Која е должноста на министерот? Да потпише договори кои се во најдобар интерес на полскиот народ или да потпише договори кои се во интерес на фармацевтските компании - праша министерката и доби аплауз од дел од пратениците.

„Зошто само 13 отсто од Германците, кои се инаку познати како луѓе кои редовно се вакцинираат, се согласија да се вакцинираат против свинскиот грип иако за нив вакцините се бесплатни? Зошто ги немаме резултатите од клиничките испитувања или информациите за негативните ефекти на интернет страниците?“ прашува министерката.

Министерката Копач беше децидна дека нема да дозволи употреба на нетестирани ваксини од кои може некој може и да почине.

„Нема да дозволам употреба на вакцини кои не се целосно тестирани и од кои може да починат повеќе луѓе, отколку од самиот грип“ одлучно вели Копач.

Во Полска досега регистрирани се 234 случаи на грипот А Х1-Н1, а смртни случаи засега не се пријавени. Министерката за својата одлука ја има поддршката и од премиерот Доналд Туск кој минатата недела изјави дека неговата земја нема да ја купи вакцината сè додека не се докаже дека е целосно безбедна за употреба.


Двајца Кинези починаа по вакцинирање против свински грип


Во Кина две лица загинаа по вакцинирање против грипот Х1-Н1. Како што соопшти кинескиот министер за здравство, ова е прв ваков трагичен случај од вакцината која е од домашно производство. Аутопсијата покажала дека пациентот доживеал срцев удар, но дел од експертите ја исклучуваат можноста дека тоа можело да биде алергиска реакција предизвикана од вакцината. Во меѓувреме, во провинцијата Хунан во јужниот дел на Кина е соопштено за смртта на еден наставник кој починал играјќи кошарка на само осум часа по примањето на вакцината. Од канцеларијата на Светската здравствена организација во Кина тврдат дека нивната позиција во однос на безбедноста на вакцините произведени во Кина, не е сменета. Министерството за здравство исто така пријави 15 случаи со сериозни реакции по добивањето на вакцината, како што се анафилактичен шок и алергии кои можат да доведат до смрт.


ALSAT
 
S

smart ass

Гостин
Аутопсијата покажала дека пациентот доживеал срцев удар
Стресот,е фактор:toe:

така викаа и за девојчето од англиј и на крајот испадна дека било болно
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
Стресот,е фактор:toe:

така викаа и за девојчето од англиј и на крајот испадна дека било болно
смртта на еден наставник кој починал играјќи кошарка на само осум часа по примањето на вакцината

da da ..kosarkata e stresna igra :toe:
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Стресот,е фактор:toe:

така викаа и за девојчето од англиј и на крајот испадна дека било болно
според тебе шо е причинава полска шо избегава вакцинирање?

ај нас ни викаш параноја не фаќало ...
незнаеме шо зборуеме ..
а шо и е на министеркава на полска?
 
S

smart ass

Гостин
После вакцинирање,не се трча,рипа,пие алкохол,кофеин не се пијат антидепресанти,а и плус они јадат кинеска храна готвена на кинески тавчиња...токсични се...има многу фактори.

според тебе шо е причинава полска шо избегава вакцинирање?

ај нас ни викаш параноја не фаќало ...
незнаеме шо зборуеме ..
а шо и е на министеркава на полска?
Исто бе,политичарите фиксно ги фаќа,она е политичарка и игра(политичарката поим нема од здравство-гледаш интернет не знае да користи кутрата:pos2:),за светските унилатерални и трилатерални комисии, а башка после може функција ќе добие.

А немај мака јас гарантирам таму кај февруари дека полска ќе купи вакцини и те како...
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
После вакцинирање,не се трча,рипа,пие алкохол,кофеин не се пијат антидепресанти,а и плус они јадат кинеска храна готвена на кинески тавчиња...токсични се...има многу фактори.
:pos2::pos2:
се заебаваш


Исто бе,политичарите фиксно ги фаќа,она е политичарка и игра(политичарката поим нема од здравство-гледаш интернет не знае да користи кутрата:pos2:),за светските унилатерални и трилатерални комисии, а башка после може функција ќе добие.

А немај мака јас гарантирам таму кај февруари дека полска ќе купи вакцини и те како...
кои свински грипови бре .. кои птичји не заебавај ..
ни од птичјиот се виде нешто ни пак од овој ...
100 души умреле у цел свет пандемија светска прогласија ..
за цела година одкако постои грипов повеќе во сообраќајки загинаа ...
патем се чекаше есен за ширење на грипот .. затоа шо сезона на грип е како и секоја година ... ништо повеќе ништо помалце ...
 
S

smart ass

Гостин
Ама повеќе гинат и од маларија,и од глад-ете во африка....ама фактот што вирусот лесно се пренесува,нарочито во високоразвиените земји каде флуктуацијата на населението е честа,мора да се преземат соодветни мерки,и не есента...туку пролетта ќе биде ударот.....здравје.

Треба малце да се разбирате во работите,остајте ги алекс џонс и смигл настрана...кога имаме пандемија,се евидентираат местата,периодот на траење на инфекцијата,се прави план за можно ширење,понатаму се планира превентива...тоа се се мерки за да се спречи нешто што би можело да има далекусежни последици...врз еконмиите,иако смртноста е мала..тоа не е важно,важно е да не се рашири,а понатаму ако се рашири и со текот на третманот остануваат опции за понатамошна мутација на грипот што е потенцијален ризик.

Сега треба да ви бидат некои работи јасни околу овие ствари...само да се плукало оти ова,оти она без ни тронка интерес...хехх па кои изговори фрчат еејјј

демек ако примите вакцина ај кју ќе ти се намали за 10%:pos2:
кој ова го утврдил жити се...и остај тоа не само за оваа,туку СИТЕ вакцини ги ставаат во еден кош....абе тоа е дијагнозата:smir:
 
M

Mario Gómez

Гостин
Ќе биде потребна надчовечка сила да ме однесе на вакцинација...:pos2:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom