Абе зошто сум ја згрешил темата.....
Па и јас си имам клуб за кој навивам......а како се ова нормални и вообичаени работи кога дивјациве си ги искршија ребрата ?
не бе брат тоа се малоумници значи луге со пречки во развој

а она тим во срцето е за такви ......
оти раководството на тимот к..р не му чуе за нив ..па спортистот односно фудбалерот на кој менталниве свршуваат утре може да си замине од тимот за добри 50 000 000 евра ....и тоа да замине во најомразениот тим.....
а овие ке си лаат и ке си го кршат коските зашто се со пречки во развој и неможат да расудуваат да осознаат дека после ке ги боли:helou:
E гледам дека немаш врска од навивачкиот свет т.е култура , во навивачкиот свет имаш повеке врсти на навивачи , исто како во музиката што има поп , рок , турбофолк , хип-хоп , така е и во навивањето , имаш , ултраси , хулигани , кежуалци , значи има разлика од навивачи како тебе до ватрени навивачи како овие што ги наведов ... Значи овие се Хулигани кои не се тепаат за честа на клубот , туку за честа на својата група или градот зависи од каде се групите , и не свршуваат на фудбалерите. Ти не си навивач на клуб ти си симпатизер на клуб , има разлика од навивач до симпатизер , да си навивач тоа значи да го следиш клубот за кој навиваш било дома било во гости , да пееш во негово име цели 90 минути до последен глас , да гинеш за него е тоа е навивач.
Еве ке пробам на кратко да ти објаснам за некои од навивачките култури.
Значи
Што е Ултрас ?
Ултрас движењето или едноставно само Ултрас е име дадено за организираните навивачки групи на спортските екипи (претежно европските) и фудбалските тимови. Се појавува во Италија во текот на доцните шеесети години кога фудбалските екипи ја намалуваат цената на влезните билети на одредени делови од стадионот. Ултрас движењето не треба да биде мешано со Британските Casuals, иако има насилни елементи, хулиганизмот е повеќе исклучок отколку правило.
Ултра култура
Ултра културата е микс од повеќе навивачки стилови, од веењето на шаловите и скандирањето од Англија, Бразилската Торцида и оригиналниот Италијански стил. Ултра групата може да се состои од десетина до неколку илјади членови кои се од различни делови од општеството, заземајќи определен сектор на стадионите за себе и вклучувајќи се во екипата многу повеќе отколку обичните фанови.
Четири елементи ја сочинуваат срцевината на ултра менталитетот:
* Никогаш не престануваат да пеат во текот на целиот натпревар без оглед на резултатот;
* Никогаш не седат за време на натпреварот;
* Следат што е можно повеќе натпревари без оглед на цената и далечината;
* Лојалност на трибината каде што се лоцирани.
Пред големите натпревари, ултра групите припремаат кореографии кои ќе бидат прикажани кога екипата ќе влезе на теренот или кога ќе започни натпреварот. Во зависност од финансиските можности, кореографијата може да биде на трибината на која што се наоѓа групата или пак на целиот стадион. За оваа цел групите користат најразлични материјали како: картони, најлони, бабулина, мали знаменца, хартиени ролни и сл. во боите на клубот распоредени според седиштата така што формираат некоја порака или форма. Овие кореографии се одлична можност да се прикаже љубовта кон својот тим иако некогаш може да биде планирана со месеци и да биде неуспешна.
Хулиганизам
Иако ултра групите можат да пројават насилство тие најчесто натпреварите ги проследуваат без инциденти или со помали препукувања со полицијата и противничките групи. За разлика од хулиганите т.е. англиските Casuals, Ултрасите одат на натпреварите за да го поддржат својот тим, а не да се тепаат со локалните групи. Друга значајна разлика меѓу Ултрасите и хулиганите е тоа што хулиганите сакаат да бидат незабележани кога патуваат на натпреварите за да ја избегнат проверката од полицијата додека Ултрасите пристигнуваат во голема маса и сакаат да бидат забележани од локалните жители и фанови и да остават впечаток на непобедливост и триумфализам, што и озвозможува на полицијата да го следи нивното движење.
Односот Ултраси / клуб
Ултра групите обично имаат претставници кои зборуваат со газдите на клубовите околу влезните билети, местоположбата и употребата на придружни материјали. Некои клубови им обезбедуваат на групите поефтини билети, место за чување на транспарентите и другите материјали, пристап во стадионот пред натпреварот за подготвување на кореографија и сл.
Некои од овие односи со клубот се критикувани од обичните фанови кои ги гледаат Ултрасите како создавачи на проблеми кои само им создаваат проблеми на клубовите а тие немааат никаква корист од тоа. Доколку клубот има повеќе ултра групи тогаш некои од нив не се согласуваат со фаворизирањето на една група во однос на друга.
Кежуалци ( Casuals )
Мода на стадионите,мегу навивачите?Кога би го поставиле ова прашање на било кој кој не се разбира во фудбал ке следува логично прашање/одговор:Па зар постои?Повекето од лугето,ги сметаат навивачите за уличари,багабонти,расипикуки.... таква е состојбата кај нас.Прашајте ја било која жена што мисли во врска со навивачите,најверојатно попреку ке ве погледне...”а да тие се оние што се тепаат по стадионите ,што носат фаерка,тренерки,патики,шалови околу вратот...”Кај нас е можеби така,а би било и без врска да се зборува за мода на стадионите кога на нив нема никој освен оние редовните,најверните.
Кежуалците значи потекнуваат од Англија во 80те години. Тие се модерни навивачи кои користат брендирани марки на облека само за да не бидат забележани од полицијата кога одат на натпревари обично користат марки како Фред Пери-(Fred Perry),Ламбрета-(Lambretta),Бен Шерман-(Ben Sherman),Лосдејл-(Lonsdale),Хулиган-(Hooligan). Во очите на новините , типичниот тинејџерски навивач е сеуште „простак“ во излижани фармерки, прљава јакна и тело полно со белеци. Или е психопатски скинхед со големи чизми и без памет. Мегутоа овие сега се тотално променети. Мораш да се однесуваш примерно за да одиш на утакмици, затоа што сите останати се такви. ако си отиден да изиграваш проститутка тогаш би те исмејувале сите“. Да изгледаш удобно тоа значи се на се - ознаки кои покажуваат колку си потрошил на тоа да изгледаш како кежуал- со познати марки на спортски облеки кои знаат да коштат и до 200 фунти, или ако тоа го пресметаме во година 1983 отприлика би било околку 2 месечни плати зборувам за Англиски стандард на плати.
Трендот мораше да се прати назад неколку години од кога Адидас спортските патики и дождливите маици со капа, почнаа да преминуваат на атлетските патеки до фудбалските игралишта т.е локацијата на трибината. Беа елегантни предмети за „момците“ кои мораа да стојат на отворено и кога можеби некогаш морале да трчат од или до противничките навивачи. Но од тогаш тоа се ескалирало дека Адидас, строго ексклузивната спортска марка настанала заштитен знак на фудбалските навивачи кои знаат да одберат моден тренд. Повекето фудбалските насилства во тоа време биле помегу малолетниците, нивните групи, ги одвојувале често проблематичните „дечињата“ како West Ham Inter City Firm, Leeds "Service Crew" i Portsmouth 6,57 Crew, во возовите за време на патувањето кога се идело на гостувања , најчесто за да ја избегнат полицијата која стално ги прати навивачите. Овие екипи ке се степаат и против екипа со кој нивниот клуб воопшто и не игра, а често ги знаат и членовите на другите екипи по име и репутација. Но за повекето навивачи фудбалското насилство е само нешто во кое се чита по весниците, а нивната облека станува уште поважна во навивачка смисла.
Тешко е да се каже кој клубски навивачи први ја почнале оваа култура. На страниците на "The Face", младински магазин, кој прв почнал да го прати овој изглед на навивачите, може да се пронајде статии околу тоа која „екипа“ е најдобра и каде е тој начин на облекување за фудбал во стварност започнал. Судејки по тоа , Ливерпул или Лондон се местата на кои би требало да се бараат најјаките и најстарите трендови во облекувањето за фудбалските натпревари.