19.04.2009, 18:36
ОМО ИЛИНДЕН И ОМО ИЛИНДЕН ПИРИН НА РАЗЛИЧНА ЛОКАЦИЈА
ДЕВЕДЕСЕТ И ЧЕТИРИ ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ЈАНЕ САНДАНСКИ
Изминаа 94 години од смртта на македонскиот револуционер Јане Сандански, лик кој се уште ги бранува односите помеѓу Бугарија и Македонија.
Чествувањето по повод годишнината од смртта на Сандански создаде забуна и кај македонските претставници во Бугарија. Денеска во Роженскиот манастир, каде се наоѓа гробот на Јане Сандански, го посетија припадниците на организацијата ОМО Илинден. Политичката партија на Македонците ОМО Илинден Пирин наредниот викенд ќе ја одбележува годишнината, но не во манастирот туку во Мелник. Место каде е поставен споменик на револуционерот, во близина на селото Влахи каде што е роден Сандански.
Претставниците на организацијата ОМО Илинден велат дека немале никаков проблем од бугарските власти за време на одбележувањето на годишнината. Напротив откако ја слушнале музиката дел од мештаните им се придружиле во прославата, а чест на гробот на Сандански му оддале и 50-тина туристи од соседна Србија кој го посетиле манастирот. На чествувањето не присуствувал никој од македонскиот државен врв. Јане Сандански е познат по неговите размислувања и борба за создавање на слободна и независна Македонија.
- „Не бугарска Македонија сакаме ние, туку Македонија на Македонците, Македонија ослободена од тиранијата." Пишува Сандански во писмото кое во 1904-та го упатил до неговите жители на Мелник.
Тој е учесник во Илинденското Востание, Младотурската револуција и балканските војни. Поради својата непроменлива борба за слободна Македонија убиен е во 1915-та година во Пирин.
http://www.sitel.com.mk/default-mk.asp?ItemID=8043A01936CBD240B13A59655FC02C71