Суштината не е во тоа дали Миленко е кодош. Во овој случај да за тебе, додека пак за другите не. Тоа дали се игра фудбал или не и тоа е јасно, меѓутоа останува нејасното: Што ако оваа афера ете не била откриена? Што ако и понатаму продолжеле со местење на натпревари? Што ако по нив и други клубови тргнат и договараат натпревари? Што ако на пример наместо Победа бил фатен и Вардар и Работнички? Пак ли некој кодош крив ќе ни биде? Или пак за да ја прикриеме вистината секогаш ќе обвиниме друг. Да земеме дека вистина Миленко е клучниот сведок, а Победа осомничената и дека Миленко тоа го направил од лични побуди. И во тој случај ќе кажам дека Миленко не е крив, тој само искористил една вистина (која патем не е демантирана) за да се освети некому. Тоа е сосема легално. Кодош е човек кој кодоши ама при кодошење лаже, а Миленко во тој случај е сведок и ја кажал вистината. Тоа треба да се разграничи кај нас, за да не правиме се она што ја кажува вистината кодош.Сакам да кажам дека при самото правење на местењето се превземаат ризици малверзацијата да биде откриена. Тоа ти е исто како на граница. Сите шверцуваат стока, некои многу некои ситно, ама тој што ќе го фатат ќе наплати за сите. Во нашиот случај таква е работата. За големината на казната и јас лично мислам дека е голема, Победа има право да се жали, но казна треба, не само на неа туку на сите кои така прават. Зошто бе јас да одам на натпревар и без грло да останам рикајќи ко магаре, а сеното некој друг да го пасе?
Викаш рикаш ко магаре а? Па рикај бе до сабајле ако сакаш.. ко си будала да одиш на фудбал..
После викаш Миленко не бил кодош оти работите што ги кажал биле вистина а? А кодошот кажува лаги а? Сега ќе ти кажам што е кодош оти врска немаш.. ќе ти кажам со еден пример.. јас и ти имаме бутик за облека.. земаме фармерки од турција кои вредат 10 евра, ти ги продаваш во твојот бутик 30 евра, јас во мојот ги давам 100 евра. Арно ама јас си имам овци за стрижење и им викам овие моите не се од Турција, доста се квалитетни.. итн.. и како што ти кажав си имам овци (читај богати луѓе кои пазарат кај мене) и си ги стрижам.. И доаѓаш ти еден ден, застануваш пред мојот дуќан, и на сите кои влегуваат им викаш не купувајте овде.. ги зема од Турција.. јас ги давам истите за 30 евра.. вас ве лажи.. еве ова е кодош! А МИленко во случајов е кодош! Значи ако мене ти вака ми направиш јас ќе те запалам жив тебе.. ако ми се мешаш во бизнисот кој ми носи огромна заработка..
Е сега друга работа..
Куро ме боли за Ацуле мене.. ако сака утре нека пцојса ич куро нема да ме боли, исто и за Хари горе.. друга е работата..
Погледај ги последните две емисии на Миленко.. ги имаш на интернет.. во првата гостин Џаро, во втората гостин претседателот на Работнички.. во двете емисии наголемо се зборува за казната која треба да ја добие Победа.. но исто така се кажува уште една работа.. казната која треба да ја добие и ФФМ на чело со Хари.. со што тој би паднал од таа функција.. значи има некоја друга цел проблемов.. ама што се случува.. оп добива казна Победа (енормно голема), добива казна Ацуле ама не добива Хари! И сега што? Сега јас ти викам пак го имаш истиот проблем.. само има една работа која не може да се промени.. за да се турне Хари беше кодошена Победа.. бидејќи токму од неа Хари дојде таму.. и овие малоумниве мислеа дека така ќе го турнат него.. ама не падна.. и сега што имаме? За нивната игра која ја играа и кодошеа Победа и Прилеп ќе трпат во наредните 8 години. Местат скоро сите клубови во Европа кои се од послабите лиги и кои знаат дека нема да дојдат до групите од Уефа или ЛШ! Ама во ниедна земја не се случил овој преседан да бидеш издаден од сопствените за нивни зацртани цели.
И што ти е крива Победа и Прилеп кога имаме неспособни институции кои немаат сила да го сменат Хари? Андора - Македонија? 1-0? Кладилници затворени во Азија? Никој крив, никој должен, во државава куро ги заболе сите.. и на грбот на Победа ќе се обидеме да дојдеме на власт во ФФМ?
Сега читам некој тука проблемот ќе се решел.. кој проблем бе акмаци едни? Хари додека е на власт во ФФМ ќе прави што сака.. утре ќе испадне Победа, ќе влезе 11 Октомври (за оние кои незнаат и тој е од Прилеп и настапува на истиот стадион), ќе биде шампион првата година.. знаете зошто? Оти така му се сака на Хари.. нити Грујо нити Бранко не можат да го сменат.. не го сакам нити јас.. како што кажав таа е реалноста.. за оние кои незнаат..
И викате изборна година а? да да.. изборна.. ама има едно собрание со едни делегати.. она второно кое беше копија не е во игра.. а ова собрание 60 % го контролира Хари.. така да има тој доволно пари да ги плати 51 % од делегатите и повторно да изберат некој негов човек..
Е деца деца.. не е крив Хари.. уште помалку Победа.. крива е државата.. не ВМРО, не СДСМ, туку државата.. системот во кој живееме.. оваа сиромаштија.. оваа неправда.. каде има богати и сиромашни.. а оние богатите прават што сакаат.. плаќаат.. односно.. не прават тие.. туку сиромашните прават.. не оти сакаат.. оти мораат.. да однесат дома леб кај своите.. за земат некоја пара од богатите како Хари.. крив е системот не Победа.. уште помалку Прилеп.. така да.. никогаш нема да го искорениме ова.. или можеби ќе се искорени некогаш.. ама ние нема да доживееме.. а ќе бидеме сведоци како еден клуб заради глупостите на еден прост новинар.. и за борбата за превласт.. стана ЖРТВА! Ајт сега гитла сите таму.. оставете ја Победа и Прилеп во овие црни денови за нив..