Милошоски: Целта на Грција не е само името, туку македонскиот идентитет
Скопје, 16 април (МИА) - Спорот со Грција не е за името, туку има за цел да наштети на националниот и јазичен идентитет на македонскиот народ, изјави министерот за надворешни работи Антонио Милошоски коментирајќи ја изјавата дадена деновиве од амбасадорот на Грција во Вашингтон Алаксандрос Маљас дека предлогот „Република Северна Македонија“ може да доведе до решение за спорот.
- Ако оние кои веруваат дека со лесни и брзоплети отстапки по однос на уставното име на Република Македонија ќе направиме нешто што ќе го зацврсти нашето национално достоинство сметам дека треба да се преиспитаат, бидејќи тука притисоците нема да запрат. Овој спор не е само за името и овој спор има една скриена, а сега веќе станува и отворена агенда да наштети на националниот и јазичен идентитет на македонскиот народ и на македонските граѓани. Како политичари, како новинари и како граѓани на Репбулика Македонија имаме суверено право врз основа на меѓународните норми, но имаме и обврска да го заштитиме нашето национално достоинство, оцени Милошоски.
Определувањето на обележјата на суверенитетот на една држава, на една нација, вклучително и името, додаде тој, не зависи од изјавата на еден грчки амбасадор, ниту пак од волјата на една грчка влада.
- Поминаа времињата кога туѓи влади одлучуваа за Репбулика Македонија. Денес Македонија е независна држава и наше право и наша одговорност и суверено право е на граѓаните на Република Македонија да одлучуваат за Република Македонија. Земете го примерот со САД. Америка географски гледано е многу поголема територија, но никој не го спори правото на американските граѓани да си ја нарекуваат сопствената држава Соединети Американски Држави, ниту, пак, ги става под притисок или отвора дилеми дека тоа треба да биде некаква друга Америка затоа што не се наоѓа на целата географска територија на Америка, вели министерот Милошоски.
Според него, изјавата на Маљас дека предлогот „Република Северна Македонија“ може да доведе до решение е еднострана идеја која се уште не е конкретизирана и одговара само на една страна, поради што се нарушува целта на процесот на дијалогот за да се стигне до компромисно решение, изјави денеска министерот за надворешни работи Антонио Милошоски.
- Давањето коментари од високи претставници на грчката дипломатија за какви било предлози кои се уште не се конкретизирани покажува дека таквите предлози кога ќе се конкретизираат одат во прилог само на една страна - се небалансирани, се еднострани и сметам дека со тоа се нарушува целта на процесот на дијалогот за да се стигне до компромисно решение. А со изјавата дадена од амбасадорот на Грција во Вашингтон се потврдува дека ваквите идеи се еднострани и одговараат само на една страна. Сметаме дека тоа ќе биде доволно добар показател за медијаторот да го земе предвид и во работата на ова прашање да стигне до некој избалансиран предлог, рече Милошоски.
Во однос на географските одредници, тој посочи дека во Република Грција до 1988 година не постоеше област која го носеше името Македонија. Во 1988 година со декрет на грчката Влада Северна Грција како област е преименувана во област Македонија и Тракија, додаде тој, за неколку години подоцна, повторно со декрет, оваа област да биде разделена на источна Македонија, централна Македонија и западна Македонија.
- Во употребата во Грција на терминот Македонија има доволно географија за што сметам дека дополнителна географија не е потребна за да се прави разлика со Република Македонија која е основана како држава и се наоѓа на истото место од своето основање, не е поместена ниту посеверно, ниту појужно, ниту позападно, ниту поисточно и кога сме се основале како држава во 1945 година во тогашната Југославенска Федерација Грција немала никакви пречки со нашето уставно име. Напротив, имаме дописи со кои тогашната Канцеларија на врски во Скопје го употребувала без проблеми уставното име на Република Македонија, подвлече шефот на македонската дипломатија, во изјавата за новинарите во НУБ „Свети Климент Охридски“ каде беа промовирани три изданија во рамки на владиниот проект за превод на 500 референтни стручни, научни книги и учебници што се користат во САД и ЕУ.
http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=63902854&lId=1
ЕВЕ ЗА ОНИЕ НА КОИ НЕ ИМ Е ЈАСНО И ВЕЌЕ ПРИФАТИЈА (МИСЛМ ОД ФОРУМОВ) СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА.
Е СЕГА КАКО ЈАС ДА НЕ МИСЛАМ ДЕКА ОВИЕ ОД ФОРУМОВ КОИ АГИТИРАА ЗА ИМЕТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДЕКА НЕ СЕ НА ГРЧКАТА СТРАНА.
АЈДЕ ОБЈСНЕТЕ МИ КАКО?