МАНУ бара да се направи етногенеза на Македонците

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ја подржувате иницијативата на МАНУ?

  • Да

    Гласови: 27 75,0%
  • Не

    Гласови: 9 25,0%

  • Вкупно гласачи
    36
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
МАНУ бара да се направи етногенеза на Македонците

Првична иницијатива за мултидисциплинарно научно истражување на етногенезата на македонскиот народ поднесе до Владата лингвистичкото одделение на МАНУ, со кое раководи академикот Катица Ќулафкова.

До крајот на годинава МАНУ ќе ги прецизира сите елементи што ќе ги опфати истражувањето, кое, според очекувањата, наредната година треба да влезе меѓу стратегиските проекти на оваа највисока институција од областа на науките и уметностите.

- Истражувањето треба да опфати стручњаци од сите научни дисциплини, кои директно или индиректно се поврзани со етногенезата на македонскиот народ. При тоа мислам на антрополози, етнолози, етнографи, фолклористи, историчари, балканолози, генетичари, лингвисти, стручњаци за топонимија и други - вели академикот Ќулавкова

Истражувањето, кое во моментов на засилување на процесите на самоидентификација во поширокиов регион се наметнува како стратегиски интерес, би дало одговори на прашањата што се активираа со процесот на т.н. антиквизација на актуелниот општествени амбиент.

Имаме ли врски со античкомакедонскиот супстрат? Од каде е нашето потекло? Кога се доселени Словените во регионов? Каков генетички потенцијал наследиле тие? Каква била овдешната топонимија пред нивното доселување? Што сè учествувало во формирањето на македонскиот идентитет?

- Обезбедувањето одговори на сите овие прашања е стратегиски интерес за Македонија и чинам дека е вистинско време тоа и да се стори. Никој не сака да го девалвира својот статус за нечија идеологија. Затоа политиката треба тоа да и го препушти на науката - вели академик Ќулавкова.

Сите држави во регионов, вели таа, имаат или барем велат дека имаат направено такво истражување на етногенезата на своите народи.

- Нивната категоричност дури и во случаи кога зад тоа убедување не стои научно докажана теза ја истакна нашата несигурност што е многу незгодна позиција во вакво време на сеопшто регионално превреднување на сопствените корени и идентитети - вели Ќулавкова.

Според очекувањата, проектот за истражување на етногенезата на македонскиот народ, во 2010 година би бил носечки на Центарот за стратегиски истражувања на МАНУ.

Иницијативата доаѓа во време кога прашањето за идентитетот, среде преговорите за името со Грците, станува врвно актуелно. Лобирањето на Грција придонесе придавката „македонски“ да биде избришана од сите графи на документацијата во ЕУ и да биде заменета за изразот „треба да се дефинира“. Регионот е зовриен од пресметката околу античките корени, а идентитетот е најчесто споменуваниот и уште почесто оспоруваниот квалитет во личната карта на овдешните народи.

„Нова Македонија“ неодамна ги пренесе резултатите на швајцарскиот институт за генетички истражувања „Игенеа“, кој проучувајќи го генетичкото наследство на регионов утврди дека современиот Македонец има дури 30 отсто античкомакедонски генетички потенцијал, за разлика од современиот Грк, кој има 15 отсто такво генетичко наследство.

Ј.Ф.

Извор НОВА МАКЕДОНИЈА

Интересно барање на МАНУ иако ми се чини дека порано имало вакви истражувања, сепак се знае под какви услови тие биле правени...
Дали ја подржувате оваа иницијатива и дали вакво истражување би можело да ни помогне во борба за вистината...???
 
Култузин си требал анкетава да ја направиш јавна. Во целост ја подржувам иницијативата.
 
Па еве ако можат МОДЕРАТОРИТЕ нека ја направат јавна...
Моја согласност ИМА...
Само прашање е колку од оние што сакат да гласат би гласале јавно, од друга страна ќе се избегне ситуацијата на гласање на ПАДОБРАНЦИ за кои оваа тема не е наменета , како на пр.колегите од Бугарија...
 
Убаво е онака цела анализа за Македонскиот народ да се направи. Конечно е да види на што сме.
 
од една страна ваквата иницијатива може да го зацврст националното дејание, од друга пак на некој начин со покренување на истата можеби да се искористи како наш сомнеж.

ја с мислам ддека ова требаше многу поодамна, во секој случај подржувам иако можеби тајмингов не е баш најсреќен.
 
Само прашање е колку од оние што сакат да гласат би гласале јавно, од друга страна ќе се избегне ситуацијата на гласање на ПАДОБРАНЦИ за кои оваа тема не е наменета , како на пр.колегите од Бугарија...

Одлично кажано нека се види кој е кој. Модератор ај те молиме.
 
Знаејќи ја нивната досегашна работа јас не им верувам на МАНУ.:nenene:
 
од една страна ваквата иницијатива може да го зацврст националното дејание, од друга пак на некој начин со покренување на истата можеби да се искористи како наш сомнеж.

ја с мислам ддека ова требаше многу поодамна, во секој случај подржувам иако можеби тајмингов не е баш најсреќен.

Мора де се направи. Сите наши соседи имаат само ги кријат и „баш се чудам“ зашто :vozbud:. Нека се направи, немора дома да се објавува.
 
МАНУ бара да се направи етногенеза на Македонците

Истражувањето, кое во моментов на засилување на процесите на самоидентификација во поширокиов регион се наметнува како стратегиски интерес, би дало одговори на прашањата што се активираа со процесот на т.н. антиквизација на актуелниот општествени амбиент.

Имаме ли врски со античкомакедонскиот супстрат? Од каде е нашето потекло? Кога се доселени Словените во регионов? Каков генетички потенцијал наследиле тие? Каква била овдешната топонимија пред нивното доселување? Што сè учествувало во формирањето на македонскиот идентитет?

- Обезбедувањето одговори на сите овие прашања е стратегиски интерес за Македонија и чинам дека е вистинско време тоа и да се стори. Никој не сака да го девалвира својот статус за нечија идеологија. Затоа политиката треба тоа да и го препушти на науката - вели академик Ќулавкова.

Сите држави во регионов, вели таа, имаат или барем велат дека имаат направено такво истражување на етногенезата на своите народи. :pos2:(што пронашле навистина ме интересира).

Според очекувањата, проектот за истражување на етногенезата на македонскиот народ, во 2010 година би бил носечки на Центарот за стратегиски истражувања на МАНУ.

Иницијативата доаѓа во време кога прашањето за идентитетот, среде преговорите за името со Грците, станува врвно актуелно. Лобирањето на Грција придонесе придавката „македонски“ да биде избришана од сите графи на документацијата во ЕУ и да биде заменета за изразот „треба да се дефинира“. Регионот е зовриен од пресметката околу античките корени, а идентитетот е најчесто споменуваниот и уште почесто оспоруваниот квалитет во личната карта на овдешните народи.

„Нова Македонија“ неодамна ги пренесе резултатите на швајцарскиот институт за генетички истражувања „Игенеа“, кој проучувајќи го генетичкото наследство на регионов утврди дека современиот Македонец има дури 30 отсто античкомакедонски генетички потенцијал, за разлика од современиот Грк, кој има 15 отсто такво генетичко наследство.

Ова подцртаното навистина ме загрижува, вика дека никој не знае точно што како, а ми зборува за преселба. Значи веќе пред почнувањето на самото истражување има некои предрасуди и предиспозиции кои се фиксни и ни самото истражување не ќе може да ги руши.:drk:

Друго вика дека политиката не смее да се меша во науката, додека науката јавно го изнесува своето мислење околу самиот спор со името. Навистина хипокритично однесување од кое ми се лоши со самото тоа што јасно се гледаат некои скриени намери. :tapp:

Трето ме нервира што неколку пати ЦИНИЧНО се насочени „античките корени“ како мистификација а не вистина. Со други зборови си играат со чуствата на просечниот Македонец и неговото национално убедување уште пред да се фатат на научна работа. :nesvest:

Навистина се надевам дека медиумот има направено пропуст во изјавувањето на веста, но ако вака се поставени целите, критериумите и предефираните истражни точки едноставно треба да се помириме со фактот дека оваа истражување не е слободно а во најмала мера Македонско.

Се надевам дека цел просес ќе се одвива фер, ама по оваа изјава верувам дека сум најголем скептик.

п.с. За зеленото: Гејците имаат 5% а не 15% Македонски корени.
 
Do koga na Balkanot ke si gi prebrojuvame krvnite zrnca????

Zarem dosega posle se sto se sluci na Balkanot vo izminative 100 godini ke istrazuvame koj sme i sto sme.

Ne znam samo od kade doagja taa tolkava isfrustriranost na nasite akademici koi i posle 60 godini priznaena i suverena drzava Makedonija seuste si gi baraat korenite i si dokazuvaat samite sebesi deka se Makedonci.

Do koga ke patime od takvi moroni i idioti koi zaradi sopstvenata nesigurnost vo toa sto se i koi se ke ja plakjaat cenata site ostanati Makedonci!!!

Sramota!!!!!!!!!!!!

MANU=Makedonska Akademija na Nedorasnati i Umobolni!!!!!!!
 
Трето ме нервира што неколку пати ЦИНИЧНО се насочени „античките корени“ како мистификација а не вистина. Со други зборови си играат со чуствата на просечниот Македонец и неговото национално убедување уште пред да се фатат на научна работа. :nesvest:

A што ако навистина се мистификација, а не вистина? Дали тогаш ќе ги прифатиш резултатите од такво истражување? Или пак ќе биде лага?

Ваквите истражувања не се за нас бе луѓе...џабе веземе. Во балканот каде што сите се испоебале меѓусебе, луѓето сеуште веруваат во чист етникум... и после вакви истражувања, скокаат од камени мост разочарани дека никогаш тој не бил чист македонец/албанец/бугарин/грк/шотијазнамшо.

После едните ќе фаќаат сеир ..ете ви рековме не сте антички македонци, туку новомакедонци, другите ќе викаат ете ви викавме дека сте бугари, третите јужни срби со говорна мана. Сејте си мирни, бидете си тоа што сакате, не ви треба МАНУ да ви каже како се осеќате.
 
Секоја чест!
 
МАНУ не ни треба кога во секое време ја имаме ИГЕНЕА.:)
 
Ова подцртаното навистина ме загрижува, вика дека никој не знае точно што како, а ми зборува за преселба. Значи веќе пред почнувањето на самото истражување има некои предрасуди и предиспозиции кои се фиксни и ни самото истражување не ќе може да ги руши.:drk:

Друго вика дека политиката не смее да се меша во науката, додека науката јавно го изнесува своето мислење околу самиот спор со името. Навистина хипокритично однесување од кое ми се лоши со самото тоа што јасно се гледаат некои скриени намери. :tapp:

Трето ме нервира што неколку пати ЦИНИЧНО се насочени „античките корени“ како мистификација а не вистина. Со други зборови си играат со чуствата на просечниот Македонец и неговото национално убедување уште пред да се фатат на научна работа. :nesvest:

Навистина се надевам дека медиумот има направено пропуст во изјавувањето на веста, но ако вака се поставени целите, критериумите и предефираните истражни точки едноставно треба да се помириме со фактот дека оваа истражување не е слободно а во најмала мера Македонско.

Се надевам дека цел просес ќе се одвива фер, ама по оваа изјава верувам дека сум најголем скептик.
кон болдот ....

Пак параноја ?
Пак сите се со скриени намери ?
пак сите се корумпирани?
пак пола свет сака да не избрише од од икс причини?
пак тајни заговори и да винчи кодови?

На научната фела и е смачено од сиве овие препукувања и сака да даде научно видување кое според мене требаше одамна да се направи целиов овој спор за име и потекло требаше уште од почеток да се предаде во рацете на историчарите ,антрополозите и генетичарите .

Што е се упрпавте ,инаку ако тоа истражување се врши на наша страна тогаш мора и на грчка а послден пат чув дека сорос го плукале баш ради ова бидејќи неговата организација обелоденила дека мнозинството грци потекнуваат од субсахарска афркика ...

Да не зборувам дека грчкиот генетски код е загаден со ромски ген пораади децении наназад неконтролирано посвојување(то ест купување деца од бугарски роми имаше написи за тоа )
И најнизок наталитет во балканот: In 2004 the population growth rate was estimated at 0.2%, the birth rate was estimated at 9.73 births per 1,000 population and the death rate was estimated at 10.08 deaths per 1,000
population

Lonk

Според мене најфер е видувањето на научниците не можете да одите против докази и факти
 
Што е се упрпавте ,инаку ако тоа истражување се врши на наша страна тогаш мора и на грчка а послден пат чув дека сорос го плукале баш ради ова бидејќи неговата организација обелоденила дека мнозинството грци потекнуваат од субсахарска афркика ...

Според мене најфер е видувањето на научниците не можете да одите против докази и факти

Добро,моме,ти што си по националност?

Оти некако последно време ми ја плукаш државата и народот.:toe:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom