Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Брат .. компромис е кога двете страни даваат нешто свое а не кога едната држава не дава ништо ... а другата со прифаќање на барањата на првата иде у ЗИЈАН доживотен ....
Заеби и ЕУ и Нато ... кај и да е ке се распаднат ... преку такво од нив ...
А за дотичните како колешката на Тиквичка ... не им текнува дека Безвизен Режим им доаѓа исто =)
точно ...
ајде протест ...
Не Сакаме у НАТО и ЕУ под УЦЕНА
еден мирен протест у СК на плоштад а?
шо народ ќе бевме се исподеливме кој е за Македонија а кој е за ЕУ НАТО ...
и уште неможам да се изначудам како некои од форумов велат ... да сме влегле у НАТО и ЕУ друго не било битно ќе се шетале низ ЕУ и ќе зимале 1500евра плата ,... кој мозок еејјј :uvo:
А што бараме ние како држава од другата страна како разумен компромис?Јас мислам дека и ние треба нешто да побараме од другата страна да дадат,итоа нешто свое,кога веќе идниот наш председател вика дека ќе се обидеме да го решиме прашањето со разумен компромис.Или добивам впечаток како да нема разумен компромис кога не бараме ништо од Грција.![]()
Еве една можна насока на одвивање на настаните: судот во Хаг донесува одлука дека Грција не ја почитувала привремената спогодба со нејзиното вето во Букурешт. Тоа значи дека тој договор не важи, што знали дека ние си го враќаме 16-кракото сонце на знамето, си го враќаме првобитниот устав и сме Македонци пред целиот свет.
И потоа нема ни потреба за компромис.
Е сега, клучниот проблем е: дали Меѓународниот суд во Хаг е вистински на страната на правдата или на страната на ЕУ, т.е. на страната на силата?
Во првиот случај, ЕУ е прифатлива опција (но *само откако* ќе се добие пресуда во корист на правдата, т.е. наша корист). Во вториот случај, треба да се збогуваме со ЕУ, зашто не вреди влегување во организација која го оспорува мојот идентитет.
Без разлика на тој суд и колку ќе се одолговлекува тој процес, ние треба постојано да сме единствени во нашите ставови дека ЕУ (па и НАТО) *не вредат по цена на нашиот идентитет*. Никој нема право да ми вели мене како ќе се нарекувам, зашто сум роден Македонец, живеам како Македонец и ќе умрам како Македонец.
И целата битка е тоа да им го овозможиме и на нашите деца: да бидат Македонци во Македонија, за и тие тоа да можат да им го овозоможат на нивните деца. А како тргнало, тоа нема да биде по тивок пат, т.е. ќе мора да се води постојана борба, главно против грчката политика.
Но, само преку борба се покажува кој колку вреди, нели?
Затоа, сите оние кои мислат дека не треба да се бориме за нашиот идентитет, слободно нека ги пакуваат куферите и нека заминуваат од државава, зашто веќе ја продале својата душа на друг.
А што бараме ние како држава од другата страна како разумен компромис?Јас мислам дека и ние треба нешто да побараме од другата страна да дадат,итоа нешто свое,кога веќе идниот наш председател вика дека ќе се обидеме да го решиме прашањето со разумен компромис.Или добивам впечаток како да нема разумен компромис кога не бараме ништо од Грција.![]()
Затоа, сите оние кои мислат дека не треба да се бориме за нашиот идентитет, слободно нека ги пакуваат куферите и нека заминуваат од државава, зашто веќе ја продале својата душа на друг.
Па не ли и беа доволни 18 години мамата нивна предавничка!!!:nerv::nerv::nerv:
Јас па велам воопшто да не се чека никаква пресуда никаков компромис туку уште сега да се каже НЕ за промена на името Македонија и НЕ за промена на идентитетот Македонски.
Ако може така ајде влагаме у куката на НАТО и ЕУ ако не кој ги е*е и НАТО и ЕУ и Грција не ми треба ништо.
Кога можеле моите предци да бидат под тортура 5 века зошто ние да не можеме да издржиме барем половина и тоа самостални без никаква тортура и малтретирање!
Во однос на твоето болдирано... Има една разлика: денес НЕ е најважно да се погазиш себе и својот идентитет и НЕ е најважно да си НАТО и ЕУ, туку е најважно да си Македонец. Тие 18 години беа потребни (за жал) за луѓето масовно да сфатат дека и НАТО и ЕУ не вредат толку многу како Македонството. Тие 18 години беа потребни за да се создаде национална свест кај Македонците и конечно да почнат да размислуваат со своја глава (за жал, нели, сè уште не сите...)
Значи: веќе не е „ин“ човек да си го продава својот идентитет за „подобри услови“, зашто човек мора прво да има *свои* добри услови, па да може да си дозволи луксуз да бара подобри. Но, идентитетот воопшто не е луксуз - тоа е основата на секој човек и беа потребни 18 години за луѓето да сфатат дека *никој* нема да ги сака, ако тие самите не се сакаат, т.е. ако го немаат прифатено својот идентитет.
Значи, Македонци, за вас нема ЕУ и НАТО, ако се декларирате како Македонци. А ако се откажете од Македонството (како до сега), пак нема ЕУ и НАТО, зашто има огромна работа за да се елиминира Македонството: јазикот, фолклорот, историјата итн. Значи, ако одлучите да се продадете, ќе треба уште неколку генерации, за да бидете примени во НАТО и ЕУ.
Од проста логика се заклучува следното: НАТО и ЕУ не ги добивате во секој случај. Борбата е само дали сакате да сте Македонци или не и дали и вашите поколенија сакате да бидат Македонци или не.
Реално ... прашај ги тие 200.000 што бараат ... Јас ниту имам ниту сакам да имам контакт со луѓе што си го продаваат гзот за ШОПИНГ во Европа ... и според мене тоа е медиокритетско размислување ....
А како што гледаш ...Кога се согласија дотичните од ес де ес да се викаме БЈРМ (Фиром) ... Ние добивме што ? Нато или ЕУ ? или можда Вето ? :pos2::pos2:
Само јама за таквите ... реков и пак ке кажам.
И мислиш ли дека ја имаме националната свест?!?!?!
Мислиш ли дека ја имаме во мнозинство та свест кај нас мегу народот!
Ние што досега од 3 претседатели ( исклучувајки го Иванов ) на 2 сме извршиле атентати.
Ние што дозволивме од мнозинство да станеме малецинство во сопствената држава.
Ние ли што во соседните држави се плашиме да се кажеме дека сме Македонци!
Ние ли ............................ итн итн.
Верувај во овие 18 години лугето ни ронка не и е побудена националната свест туку на највисоко ниво им е подигната ПАРИЧНАТА СВЕСТ!

Не е само шопингот низ Европа во прашање бе,верувај дека не е.Многу поважна е слободата на движење што ни е скратена како луѓе,а најмногу од се е болната помисла дека некои наши политичари упорно како муви,се прават мутави дека Македонија не е изолирана земја,само што нејзините граѓани се затворени во ГЕТО.Со тужбата во Хаг практично признаваме дека сме изолирани,ама во јавноста настапуваме како да не сме.Инаку никој во Македонија не се согласил да се вика БЈРМ,тоа беше наметната привремена референца која наместо 3 месеци изгледа ќе трае 30 години.Неа не ја измисли Киро,Бранко или ЉуБчо,ја измислија оние кој не држат во изолација и на кој некои наши политичари им се упикуваат со тоа што даваат погрешни изјави “колку ни било убаво“ во земјава,дури и прават реклами од таа “убавина“.Тоа ти е како на врзан пес да му објаснуваш колку му е убаво што е цел живот врзан со синџир од 1 метар.
Веруваш дека ние сме ги извршиле тие атентати врз сопствените председатели и покрај фактот што го заслужуваа тоа?А националната свест се зголемува драстично кога луѓето ќе ги видат придобивките од тоа.Какви придобивки има мнозинството од народот за да ја зголеми масовно националната свест?Нема да му плаче детето дома за чоколатце од 10 денари ако му кажеш дека е Македонче?
-Националната свест се зголемува братко доколку се почуствуваат драстични придобивки од тоа,никако не со невработеност(најголема во Европа) не ни со скулптури,цркви и џамии на плоштади,со нишалки и клупи и по некоја дупната фонтана,со сали и игралишта за фудбал,не се зголемува ни со криминална приватизација ни со мафијашко водени стечајни постапки а понајмалку со забрани,уцени,притисок,чемер,јад и голема масовна сиромаштија на народните маси.Националната свест се зголемува со обезбедување сигурна егзистенција за населението која не мора таа да биде којзнае на какво ниво,доволно е да се преживее нормално,да не се туткаш кога треба да ги платиш сметките за прескапата вода,струја и комунални давачки,кога знаеш дека ќе можеш без насолзени очи да му се испулиш на сопственото дете и да му дадеш 10 денари за храна или чоколадце од почетокот на репликава.Така се создава и се подига националната свест.![]()

Народе македонски- Калиопи
обработка, аранжман, продукција - Дарко Димитров
![]()
*.mp3 4.01MB десен клик Save Target As... превземена e: 4019 пати
Народе македонски
Мој народе Македонски
со какви идеи си ти?
Доста беше, разбуди се,
свести се не спиј ти. [2]
Ти не знаеш кој си, што си,
други те знаат,
срам голем е за тебе,
сам да не се знаеш. [2]
Не сакаме богатство,
Не сакаме пари,
Туку сакаме слобода
И човечки правдини [2]
Мој народе Македонски
со какви идеи си ти?
Доста беше, разбуди се,
свести се не спиј ти. [2]
Јас ја имам таа свест. Јас не дозволувам да станам малцинство во својата држава. Јас не се плашам дека сум Македонец и тоа го велам каде стасам.
За останатите не е моја работа, зашто не сум на таква позиција, другите да ги убедувам дека се Македонци и да го бранат Македонството. Но ќе го поддржам секој кој ќе се постави на таа страна и секој, кој има национална стратегија да ја води Македонија и Македонскиот народ кон успеси, при тоа постојано нагласувајќи дека сме Македонци и ништо друго, ќе ја добие мојата поддршка.
А паричната свест секогаш секому лесно му се подигнува. Уметноста е таа парична свест да ја преточиш во национална свест. Е за тоа треба време и работа.
Среќа, натаму одат работите.