Не сакам да живеам во ЕУ што го поддржува грчкиот експанзионизам
Грчката рампа нема да биде крената во скоро време, што значи Македонија нема наскоро да влезе во НАТО и ЕУ, но вашата држава не смее да се предаде и на тој начин да го загрози својот идентитет.
Грчката политика има цел да ја натера меѓународната заедница да го оспори постоењето на македонска нација, значи да ја натера Македонија да прифати име кое означува географски поим, а не национален, вели во интервјуто за „Нова Македонија“ Марко Атила Хоаре, аналитичар од „Хенри Џексон Сосаети“ институт кој неодамна излезе со анализа во која Грција ја нарече „бељаџија во регионот“. Хоаре бара од САД, Велика Британија и другите сојузници да извршат силен дипломатски и политички притисок врз Грција со цел да ги сопрат нејзините бесмислени барања. Тој објаснува дека емотивно е приврзан со Балканот затоа што студирал историја на поранешна Југославија и живеел во Босна и во Србија, каде што како новинар го покривал падот на Милошевиќ.
- Македонија треба да се спротивстави на притисокот од ЕУ да прифати непринципиелен компромис - не само за свое добро, туку за добро на сите Европејци. Јас како европски граѓанин не сакам да живеам во Европска Унија што поддржува територијален експанзионизам, вели тој.
Наспроти апелот на „Хенри Џексон Сосаети“ и на други угледни институти за тоа дека меѓународната заедница треба да им стави крај на грчките уцени кон Македонија, постои еден реален проблем со кој државава е ставена во ќош - или ново име или нема НАТО и ЕУ. Зошто има недостаток од волја да се притисне „бељаџијата во регионот“, како што ја нарековте Грција со цел да престане со уцените?
- Проблемот не се состои толку во тоа што западните лидери ја поддржуваат Грција, колку што е во тоа што тие не покажуваат доволно интерес да и дадат поддршка на Македонија. Во услови кога се соочуваат со глобални проблеми, за нив е полесно да не прават ништо во однос на проблемот меѓу Грција и Македонија. Грција во старт е во подобра ситуација од Македонија како членка на НАТО и ЕУ и затоа добива поддршка по дифолт. Македонија мора да биде трпелива и да се обиде да ја добие битката за европското и западното јавно мислење по пат на систематско лобирање и развивање на блиски билатерални односи со оние држави што ја поддржуваат, како САД, Велика Британија, Турција, Италија и Русија.
Грција дури и официјално признава дека преговорите не се само за името на државата, туку и за македонскиот идентитет. Можно ли е да се постигне решение со кое нема да се загрози нашиот идентитет?
- Грчката рампа нема да биде крената во скоро време, но Македонија не смее да се предаде и на тој начин да го загрози својот идентитет. Грчката политика оди во насока да ја натера меѓународната заедница да го оспори постоењето на македонска нација, значи да ја натера Македонија да прифати име кое означува географски поим, а не национален. Атина ќе продолжи да притиска сè додека верува дека може да го силува Скопје и да го натера да се повлече. И сè додека ЕУ верува дека Грција, а не Македонија е страната која одбива компромис ќе го охрабрува Скопје како поразумна страна да се повлече од своите позиции во преговорите. Ова е начинот на кој ЕУ дејствува - секогаш ја наградува посилната и помалку разумната страна. Според тоа, не се исплати да бидете разумна страна. Сметам дека е важно Македонија да не го гледа членството во НАТО и ЕУ како девиза. Вашата држава мора да прифати дека наскоро нема да се приклучи во овие организации што не е крај на светот. Државата мора да се обидува да придобие колку што е можно повеќе од поблиска економска и воена соработка со НАТО и ЕУ, како и со Русија и други земји. На долги патеки, Скопје мора да ги натера Атина и ЕУ да сфатат дека нема да попушти, без оглед на тоа колку долго треба да чека за да се приклучи во НАТО и ЕУ. Во меѓувреме Македонија има пријатели и нема да се распадне.
Кога, според Вас, ќе се постигне решение за спорот?
- Не сум оптимист дека тоа ќе се случи наскоро. Решението за името зависи од демократизацијата на Грција и промената на грчката политичка култура од националистичка, во постнационалистичка. Тоа е бавен процес, но мора да се случи. Тоа може да се спореди со турскиот став за арменскиот геноцид: официјална Турција се уште не го признава геноцидот, но сè повеќе образовани турски граѓани се подготвени да зборуваат за тоа. И Грција ќе се демократизира и тогаш сè повеќе образовани Грци ќе застанат против националистичката парадигма на Атина. Македонците мораат да бидат трпеливи и да прифатат дека мораат да почекаат да се случи демократска промена кај нивниот јужен сосед.
Во македонската јавност се отвори дебата за тоа дали ЕУ може да им помогне на Македонија и на Грција да го решат проблемот, слично како што им понуди рака на Словенија и на Хрватска. Во прилог на ваквата идеја е впечатокот дека преговорите под Обединетите нации се закочени, но од друга страна, пак, ако се случи тоа, Грција ќе биде во поповолна позиција како членка на ЕУ.
Скептичен сум дека преговорите ќе завршат со решение, како меѓу Македонија и Грција, така и меѓу Словенија и Хрватска. Во двата случаја ЕУ одбива да направи разлика меѓу она што е правилно и тоа што е погрешно и на тој начин преговорите се наклонети кон посилната страна, т.е. кон државата што веќе е внатре во ЕУ и која го употребила правото на вето. Македонија треба да даде отпор на притисокот од ЕУ да прифати непринципиелен компромис - не само за свое добро, туку за добро на сите Европејци. Јас како европски граѓанин не сакам да живеам во Европска Унија што поддржува територијален експанзионизам. Сакам да живеам во ЕУ што прави разлика меѓу правилното и погрешното. За доброто на сите Европејци, се надевам дека Македонија и Хрватска нема да попуштат.
Македонија ја тужи Грција во Хаг за прекршување на Привремената спогодба со ветото во Букурешт, додека Грција, пак, инсистира на тоа дека одлуката едногласно ја донеле сите членки на Алијансата. Какви се изгледите Македонија да го добие судскиот процес?
- Сметам дека Македонија има навистина добри шанси да го добие процесот. Меѓутоа, дури и меѓународниот суд да донесе таква пресуда, тоа ќе биде само една добиена битка во борбата, која ќе продолжи.
Грција го негира постоењето на македонско малцинство во земјата и одбива да ги почитува препораките на повеќе организации како Советот на Европа и Обединетите нации да ги признае малцинските права. Зашто ЕУ замижува пред фактот што една нејзина членка не ги почитува правата на малцинствата?
- Неуспехот на ЕУ да ја притисне Грција за прашањето за македонското малцинство е апсолутен срам. Повторно се работи за недостаток на интерес кај дел од земјите-членки.
Во ваша колумна истакнавте дека инсистирањето на Грција да ја држи Македонија надвор од НАТО и ЕУ е резултат на силната поддршка што ја добиваат од Саркози и на тоа што на спротивна страна не постои поддршка за Македонија на ниво на ЕУ. Што е причината за ова, станува збор за недостиг од дипломатија или за нешто друго?
- Македонија немаше баш среќа со изборот на Саркози за француски претседател. Мала држава како Македонија има ограничена можност да влијае на државите од Европа. Сепак, македонската дипломатија треба да лобира уште посилно, но и да започне пропаганда, која ќе биде насочена кон европската јавност. Македонија мора да продолжи да го развива туризмот за сè повеќе европски граѓани да ја посетат земјата и да станат свесни за проблемот со Грција. Македонците мораат да бидат упорни но и разумни, зашто никој не почитува националисти.
И Албанија може да уценува со вето
Оценувате дека Албанија како членка на НАТО може ако сака да направи вистински кошмар за другите држави од регионот.
- Само замислите ако Албанија како членка на НАТО тргне по стапките на Грција и почне со неразумни барања кон кандидатките за влез во Алијансата, вклучително и Македонија. Што тогаш? Не сакам да истрчувам со ваква оценка затоа што засега Албанија води разумна регионална политика, но во принцип, Тирана може да побара од Македонија, Србија и Црна Гора територијална автономија за албанското малцинство, како услов овие земји да се приклучат во НАТО. Каде ќе бидете вие тогаш? Не велам дека ова ќе се случи, но ако Македонија попушти кон грчките уцени, ќе се охрабрат вакви нешта.
дали мислите дека човекот е вмровец,или реално ги гледа работите