Протест на Плоштад Слобода

  • Креатор на темата Креатор на темата firewall
  • Време на започнување Време на започнување
A шо има лошо во протестите за изразување на на свој ставови и мислења, па вие да протестирате околу тоа? :) /jk

Него, поголеми глупости неам видено, едноставно наречи го пикник у парк со добра музика, пифце и мала саботна шетња.
 
што имаше па толу “немирно’’ за толкаво кукање
Нив ги тепаа граѓани исти како нив. Не ги тепаше полиција не ги тепааа Алфи не го тепаше АРМ ни ништо слично.
Која им е таа парола и цвичења за фашизам и ропство без ситуација кога вторите би се јавиле како тепачи.
Не ми ги објаснувај происутните жити се, добар дел знам лично, дел се членови на СДС(што си имат цел)дел се помодари и позери што би протестирале за се и сешто само да протестираат и секогаш им е крива државата за тоа што мајка им жали што ги родила, третиот дел се мањина тешка што ја дала идејата и што како колатерал по некое правило го крка на крај.

Aбе, ти кажав јас, и од ВМРО нека се, и од СДС нека се, и Грци нека се,и Бугари нека се, и Албанци нека се. Кој сака нека биде. Око не ми трепнуе.
Се пријавил во МВР дека ќе протестира? ДА.
Има демократско право да протестира? ДА.
Јадел ќотек од луѓе кои што според снимките се утврдени дека се во врска со ВМРО? ДА

Така да...ти само се обидуваш да ги оправдуваш тепачите, со тоа што сакаш да ме убедиш дека тие тепаните немале право да протестираат.
За жал, не сум партиски обоен, така да, ме заболе кој организирал, и кој бил член на СДС или ВМРО. Мене само ме боли што доколку утре јас сакам за Нова Година да организирам протест, ќе дојде некој од Свети Николе со платен превоз до Скопје, за да ми удри клоца, дека моето мислење не се совпаѓа со нечие друго.

А да беа СДС толку бедни, колку што и де-факто се...ќе си се одвиваше протестот, луѓето ќе ги игнорираа, кој ги ебе, ги знаеме овие, предавници се...продужи даље. Утре е нов ден, и никогаш волку теми немаше да бидат отворени. Ама неее...видоа студенстко движење, движење на младите, па макар и од СДС организирано, и мора тука со ќотек да го решиме овој проблем.

И после ти ми се правиш поштен човек и мене ми поставуваш прашања од типот "зарем само со калаш се решаваат работите...."

Хех...the irony.
 
Него, поголеми глупости неам видено, едноставно наречи го пикник у парк со добра музика, пифце и мала саботна шетња.

Кој не би сакал така али има пост изборни моменти на форумов за жал. Јас идам највеќе заради забавата иако малку ме запецка и факторот "абе пак партијата ова она ке прави".
 
Кој не би сакал така али има пост изборни моменти на форумов за жал. Јас идам највеќе заради забавата иако малку ме запецка и факторот "абе пак партијата ова она ке прави".

Ху гивз а фак абаут дем. Партијата ова, партијата она, неписмени луѓе се чуствуваат посигурно и по моќно припаѓајки во некоја потесна социјална група, се чуствуваат подржани, сакаат да имаат лидер, доволно се хендикепирани да неможат сами работа да си најдат, па купуваат буреци за друг да им најде. Деца од 16 години се партиски определени еј, која патетика.

Ви вил гоу анд хев а гуд тајм <3
 
Ете ја замката. Ако излезат поборниците на црквата ке се заебат и тоа многу добро. Овој протест иде под друго име и мотив. Слобода на говорот а не против локацијата на црквата. Ако тепачите се појават пак е тогаш ке се знае дали е ова партиски мотивиран протест или правилен протест за слобода на мислењето. Дур не се случи тоа, партија мотивирано, Милчин, Рилчин е само на ниво на шпекулација и ништо повеќе.

Ти така мислиш, но Милчин Рилчин поентира. Впрочем во тоа е проблемот што протестите никако не можат да се извлечат од канџите на мршојадците, па револтот потоа е оправдан. Денес имаше некаква дебата во собрание за претходните протести, значи веднаш потоа се закажува овој протест. Колку што видов на таа дебата дебатираа опозиционери и ја користеа сета шанса и речник да бранат веќе познати ставови на опозицијата, така што многу работи укажуваат дека вистинските организатори се политичари кои немаат за цел да го подигнат граѓанскиот концепт и правото на протести, туку да ќарат преку него колку што може да се ќари. Истото важи и за т.н. христијани. А вистинсиот полет и занес на многумина што така наивно и искрено ќе се приклучат на овие протести ќе биде вулгарно искористен силуван и како што реков ставен на контото на политиката без притоа да биде свесен.
 
Ти така мислиш, но Милчин Рилчин поентира.

А што ако пак некој не тера да мислиме дека пак Милчин and co. го организира ова па да се деси нешто пак лошо? Секогаш има едно ако и тоа ке го дознаеме по протестите.
 
А што ако пак некој не тера да мислиме дека пак Милчин and co. го организира ова па да се деси нешто пак лошо? Секогаш има едно ако и тоа ке го дознаеме по протестите.

Ќе искористам една реплика од „Блаканкан“: „Вие си знаете“!

П.С. Имајте мирен протест, чист ум и искрени намери. Во парк бидете тотално откачени! :smir:
 
Aбе, ти кажав јас, и од ВМРО нека се, и од СДС нека се, и Грци нека се,и Бугари нека се, и Албанци нека се. Кој сака нека биде. Око не ми трепнуе.
Се пријавил во МВР дека ќе протестира? ДА.
Има демократско право да протестира? ДА.
Јадел ќотек од луѓе кои што според снимките се утврдени дека се во врска со ВМРО? ДА
болдот е скроз релативен аргумент не проаѓа на ниеден суд.
и најбитното и воедно доаѓаме на мојата поента т.е дека се работи за тепачка на две групи граѓани, правото за протест им е загорезно од нивните сограѓанаи кошии и не станува збор не фашизам и диктатура спроведена од државата, теза која овие очајно сакаат да ја да издејствуаат
 
ВМРО-вците, не треба да не го подржуваат протестот , туку да организираат контра протест.
 
ВМРО-вците, не треба да не го подржуваат протестот , туку да организираат контра протест.
Точно, тие треба да организираат протест против правото на притести! :kesa:Катасрофа!
 
Точно, тие треба да организираат протест против правото на притести! :kesa:Катасрофа!
Правото на протест е уставно и загарантирано. Со каменувањето на плоштад, истото се прекрши. И нормално, некому ќе му изгледа темата на протестот неважна, небулозна и глупава, а некој ќе се почувствува загрозен и ќе сака да покаже револт и несогласување. Затоа впрочем-може да се поддржи или да се оди контра протестот. Но правото да го има, за било која тематика, ако постои кворум е секако аксиоматично.
 
бедно.

сите тие на протест од чаша потешко не кренале...на нива бе , па да видам дали после ќе се глупирате со представи за кавзитоталитарни жртви!.

немале право на протест! еј...дечурлана хипичка и наркоманска. урбана сељачана.
 
Немој така, па ние градиме демократска држава.:pos::pos:
Нема Европа, без идиотизам, кретенизам, и дебилизам, затоа ајде сите на протест за изградбата на ЦРКВА.
 
бедно.

сите тие на протест од чаша потешко не кренале...на нива бе , па да видам дали после ќе се глупирате со представи за кавзитоталитарни жртви!.

немале право на протест! еј...дечурлана хипичка и наркоманска. урбана сељачана.

Абе и да биле деца и тоа другото, не се глупи и неинформирани за околината. Кога нешто е неправда знаат сите како е макар и било најмала работа. А ако има поголема група кои им смета неправдата и се чуствуваат ограничени (во овој случај) тогаш тоа е протест.
 
Сигурно ке го нема истото сценарио. Ке биде мирно и дали некој медиум ке го регистрира ова зашто ептен е андерграунд организирањево.
Ќе бидат сите медиуми таму.
По настаните од 28 топ тема им е, па ќе дојдат сите.
Море будала народ колку имаме во државава еј!
Организирале протест за правото на протест бе! Нели е малце глупаво? :toe:
Може е малце глупаво.
Али тоа што се случи на 28 беше многу глупаво, така да бранењето на уставно загарантираните права на граѓаните не го гледам како глупост.
се работи за тепачка на две групи граѓани
Мене уште ко мал ме учеа дека не е убаво да лажам.

Воопшто не се работи за тепачка на две групи граѓани.
Ѕирни тука, ќе видиш дали е тепачка на две групи граѓани, или напад на една група граѓани врз друга група граѓани. Околности - нападнатата група граѓани има уредно најавен мирен протест во МВР. Другата група има само желба за тепање.
бедно.

сите тие на протест од чаша потешко не кренале...на нива бе , па да видам дали после ќе се глупирате со представи за кавзитоталитарни жртви!.

немале право на протест! еј...дечурлана хипичка и наркоманска. урбана сељачана.
Таа дечурлана хипичка и наркоманска (во која по некоја случајност и јас спаѓам) утре ќе ти ја води државава.

И истата таа дечурлана хипичка и наркоманска не е слепа и глупа па да не сфаќа што се случува.

Ти ебам државата во која „големите“ размислуваат вака.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom