bitushanec
Борец за човекови права
- Член од
- 17 јануари 2006
- Мислења
- 3.741
- Поени од реакции
- 815
ne siri lazni informacii
НАТО не го менува начинот на гласање за прием
Можеме да потврдиме дека консензусот останува начин на одлучување при приемот на нови земји, велат во седиштето на алијансата во БриселНАТО не размислувал ниту ќе размислува за промена на процесот на одлучување кога станува збор за проширувањето, нагласува алијансата по изјавата на еден од кандидатите за претседател на Македонија дека земјава ќе биде примена бидејќи ќе се измени и начинот на прием на нови членки во Сојузот. Влезот на нови земји останува возможен само доколку сите членки се согласат со тоа, потврдува портпарол на Северноатлантскиот пакт, кој завчера на самитот ги прими во своите редови Албанија и Хрватска.
- Начинот на одлучување при прием на нови земји-членки не е променет и за негово менување не се размислува - вели портпарол на организацијата. Одлучувањето при прием на нови земји во НАТО се заснова врз Вашингтонскиот договор потпишан на 4 април 1949 година.
„Страните можат, со едногласна согласност, да поканат која било европска земја што е во можност да ги продолжува принципите на оваа Повелба и да придонесува за стабилноста на северноатлантската област за да и' пристапи на оваа Повелба“, вели членот 10 од договорот на сојузниците потпишан во Вашингтон со кој е креиран Северноатланскиот пакт. За промена на начинот на одлучување во НАТО имало и повици и размислувања, но никогаш во однос на проширувањето, објаснува дипломат во Брисел.
Во НАТО велат дека нивната организација е составена од членки на кои не им е забрането да имаат свои ставови, кои не секогаш се совпаѓаат со оние на алијансата. Во тој контекст тие ја сместуваат и изјавата на канадскиот министер за одбрана кој во една дебата се произнесе за одлучување на сите минус еден.
- Ставот на министерот е негов личен став, што НАТО ниту сака ниту може да го коментира. Ние можеме само да потврдиме дека министрите во приватни дебати имаат право да изнесат личен став. Можеме исто така да потврдиме дека консензусот останува како начин на одлучување во НАТО - велат во седиштето на алијансата во Брисел.
Во ЕУ работите се нешто поинакви, иако и таму проширувањето подлежи на едногласност. Промена на процесот на одлучување од консензус во мнозинско гласање е предвидена со Лисабонскиот договор на ЕУ што би требало да биде усвоен наесен доколку Чешка и Ирска, двете најскептични држави во поглед на оваа повелба, се согласат да го ратификуваат. Оваа нова европска повелба предвидува укинување на едногласноста во многу области за да и' се овозможи на ЕУ поглатко да функционира и да не биде блокирана поради националните интереси на земјите-членки. Процесот на проширувањето е една од ретките области каде што правилото на едногласност останува да биде во сила.
izv.dnevnik
ВЕДНАШ СЕ ЈАВИ ГРЧКОТО ЛОБИ.
ПРЕКУ ОНАКВОТО МИ Е ОД АНОНИМНИТЕ НАТО ФУНКЦИОНЕРИ.
НАТО МОРА ДА ОДЛУЧУВА СО 2/3 МНОЗИНСТВО, ЗОШТО ЌЕ СЕ БЛОКИРА КАКО ИМА ВЕЌЕ БААГИ ЧЛЕНОВИ. ШТОМ КАНАДА ВЕЌЕ Е ЗА ТОА, ВЕДНАШ ПО НЕА ЌЕ ДОЈДАТ ГЕРМАНИЈА, УСА ИТН.
А ГРЧКИТЕ ЛОБИСТИ ВО МАКЕДОНИЈА ИСТО ТАКА ЗАБОРАВИЈА ДА КАЖАТ ПРЕД НАРОДОТ ДЕКА СО ЛИСАБОНСКИОТ ДОГОВОР, КОЈ МОРА ДА СЕ УСВОИ, ГРЦИЈА ЌЕ НЕМА ПРАВО НА ВЕТО ВО ЕУ, ПА ЗАТОА БРЗА ДА НЕ` ПРИТИСНЕ И ДА НЕ ИЗБРИШЕ, СЕКАКО СО ЛОГИСТИЧКА ПОДРШКА НА ПЕТОКОЛОНАШИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА.