city
Модератор - технократ!
- Член од
- 1 март 2005
- Мислења
- 2.780
- Поени од реакции
- 276
- Возраст
- 37

Протестите против самитот на Г20 во Лондон се во полн ек. Еден британски професор предупреди оти банкарите може да завршат на бесилка, францу-ските работници киднапираат директори, милиони луѓе штрајкуваат, а екс-пертите најавуваат радикализирање на ситуацијата доколку продолжат отпу-штањата поради економската криза.
Лидерите во Европа стравуваат оти незадоволството кај работниците може да се претвори во масовен општествен бунт и насилства, слични на оние во Грција. Таков страв постои и во Франција, каде што бројот на невработените достигна 2,4 милиони. Многумина се плашат оти ќе ги загубат работните ме-ста, бидејќи до крајот на годинава се најавени уште најмалку 350.000 отпушта-ња. Милиони Французи излегоа на улиците и побараа од претседателот Ни-кола Саркози да ги заштити нивните работни места.
По најавите за масовни отпуштања, зачестија грабнувањата на директори. Незадоволните работници ги држат во заложништво своите шефови сè доде-ка овие не се согласат да ги исполнат нивните барања. Во фармацевтската компанија 3М, работниците го забарикадираа директорот во неговата канце-ларија за да го натераат да им даде повисоки испратнини на отпуштените. Пред околу две недели, вработените во „Сони Франција“ го држеа директо-рот во заложништво 24 часа и го ослободија дури откако се согласи да прего-вара за зголемување на платите. Во двата случаи, полицијата не интервенира-ше за да ги ослободи директорите, покажувајќи прикриена согласност со та-квите радикални тактики, кои се дел од преговорите за подобрување на ра-ботните услови.
- Можеби на некој странец му изгледа чудно, но тоа е сосема нормално за Франција – изјави портпаролот на „Сони“.
ЗАБРАНИ ЗА ИСПЛАТА НА БОНУСИ
Во обид да го намали незадоволството кај јавноста, владата во Париз мината-та недела најави забрана на бонуси и други поволности за раководствата во компаниите што добиле државна помош. Бонусите на директорите станаа главен извор на гнев во Европа и особено во САД, каде што осигурителниот гигант АИГ неодамна им исплати милионски суми на менаџерите од средс-твата што ги доби од Вашингтон. Тие подоцна се согласија да вратат дел од исплатените пари. Слично, директорите на француската енергетска компани-ја ГДФ Суец се откажаа од своите бонуси откако вработените одлучија да штрајкуваат.
- Тоа ја прелеа чашата. Тешко можеме да ги проголтаме таквите информа-ции кога постојано ни велат оти владее криза и дека нема простор за зголе-мување на платите – нагласи претставник на синдикатот на вработените.
Во уште еден пример за сè поголемото незадоволство кај работниците, вра-ботените во компанијата за гуми „Континентал“ упаднаа на состанок на дире-кторите и ги гаѓаа со јајца и со чевли. Надвор, нивните колеги бесеа кукли со ликовите на раководителите.
- Несомнено, ќе има нови инциденти. Оние што сеат мизерија, ќе жнеат гнев. Тие што укинуваат работни места се насилници, а не оние што се обидуваат да ги одбранат – вели Бруно Лемерл, од синдикатот на автомобилската ком-панија „Пежо“.
СИНДИКАТИТЕ НАЈАВУВААТ ПОРАДИКАЛНИ МЕРКИ
Еден весник неодамна го опиша расположението на работниците со карика-тура на која е прикажан директор што со хеликоптер надлетува фабрика и со мегафон им соопштува на вработените оти се отпуштени.
Во Франција, но и во другите европски земји, владее мислењето дека економ-ската криза ја предизвикаа раководствата на банките и на корпорациите и де-ка работниците го плаќаат цехот.
- Французите тешко може да замислат оти работодавците не ги експлоатира-ат работниците – вели Френсис Крамарц, професор по економија од Париз.
Тој смета дека токму затоа во моментот во Франција се зголемува популар-носта на Оливие Безансно (34) и неговата новоформирана ултралевичарска Нова антикапиталистичка партија. Според една анкета, Французите сметаат оти политиката на Безансно е еднакво уверлива како и онаа на Саркози. Бе-зансно, поштар што се залага за укинување на берзите и за национализирање на поголем дел од француската економија, учествува во „окупации“ на по-штите, кои се дел од тактиката на вработените да ги натераат директорите да преговараат за подобри услови.
Марсел Григнар, лидер на еден од водечките синдикати во Франција, вели де-ка работниците наредните месеци ќе преземат порадикални мерки доколку продолжат масовните отпуштања.
- Секогаш кога работниците сметаат оти работодавците ги третираат на не-праведен, неморален или на неприфатлив начин, постои ризик за нивна ради-кализација – нагласува тој.
Случајно или не, во моментот во киносалите низ Франција се прикажува ко-медија во која работнички најмуваат платен убиец за да го ликвидира дире-кторот, кој ја затворил фабриката без никакво предупредување.
НЕ СЕДЕТЕ СО СКРСТЕНИ РАЦЕ, НАЈДЕТЕ СИ РАБОТА“
Освен во Франција, штрајковите и протестите против економската криза и невработеноста станаа секојдневие и во другите земји во Европа. Во Шпани-ја, членка на ЕУ со највисока стапка на невработеност од речиси 14 отсто, штрајкувачите од малите и средните претпријатија му порачаа на премиерот Хозе Луис Запатеро дека е време да си замине. Слична порака доби и полски-от премиер Доналд Туск. Работниците што штрајкуваа за повисоки плати нагласија оти нема да плаќаат за неговата криза.
Британија неодамна објави оти го минала прагот од два милиони невработе-ни и тоа првпат откако лабуристите дојдоа на власт во 1997 година. Стапката на невработеност во јануари на Островот се искачи на 6,5 отсто. Граѓаните велат дека се плашат оти ќе ги загубат работните места и нагласуваат дека сè потешко наоѓаат работа.
Ова е ново искуство за мене, вели Рунквист Охајон (39), Швеѓанка што по-долг период живее во Лондон и во Париз.
- Во Лондон никогаш не морав да барам работа. Обично ми се јавуваа самите агенции за вработување. Но повеќе не е така. Сега е многу потешко – нагласува таа.
Во Италија, пак, контроверзниот премиер Силвио Берлускони апелираше до отпуштените да не седат со скрстени раце и да побараат нова работа.
- Јас не би седел мирно, чекајќи надомест од државата – изјави Берлускони и веднаш го навлече гневот на јавноста и на опозицијата, која го критикуваше оти ги обвинува отпуштените, иако тие се жртви на лошите економски одлу-ки што тој ги донел.
Околу 370.000 лица беа отпуштени во Италија во јануари и во февруари, што е зголемување од 46 отсто во однос на истиот период во 2008 година. Стапка-та на невработеност во земјата достигна 6,9 отсто во последната четвртина во 2008-та.
КОМУ МУ Е ГАЈЛЕ ЗА НЕВРАБОТЕНОСТА?
Иако ветуваат дека ќе сторат сè за да се справат со невработеноста, лидерите на ЕУ како да не се држат до своите зборови.
- Сите наши мерки имаат цел да го ограничат негативното влијание врз ра-ботниците, работодавците и врз граѓаните и да ја вратат довербата меѓу нив. Заедно мораме да ги удвоиме напорите да ги заштитиме постојните и да соз-дадеме нови работни места – рече претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо на неодамнешната средба на лидерите на ЕУ во Брисел.
Но на истата средба истите тие лидери одлучија дека не им е потребен посе-бен самит за невработеноста, па се откажаа од планираниот состанок во мај. Баросо подоцна ја критикуваше таквата одлука.
- Разочаран сум. Сакав сите 27 членки да издвојат време да разговараат за она што очигледно е најголема грижа за европските граѓани во оваа криза. Знаеме дека најголем дел од инструментите се на национално ниво, но нема причина зошто лидерите да не разговараат на европско ниво за начинот на кој може да ги координираат преземените мерки – нагласи тој.
Британија, Франција, Германија, Италија и Белгија беа меѓу земјите што на средбата решија оти планираниот самитот на ЕУ за невработеноста ќе им да-де лажна надеж на граѓаните пред изборите за Европарламентот во јуни. Од-луката за откажување на самитот доаѓа во момент кога Евростат објави оти бројот на невработени во јануари во ЕУ изнесувал речиси 18,5 милиони. Ана-литичарите претходно предупредија дека до крајот на годинава уште 4,5 ми-лиони Европејци може да ги загубат работните места.
ЕВРОПА ВО ПОТРАГА ПО ЛИДЕРИ
Водечките политичари на ЕУ мора да покажат лидерски способности и да не дозволат натамошно влошување на кризата, им порача Конфедерацијата на европските синдикати (ЕТУЦ) на лидерите на ЕУ.
- Потребно ни е европско лидерство што на членките ќе им обезбеди средс-тва за борба против кризата и нејзините социјални последици – нагласи Џон Монкс, генерален секретар на ЕТУЦ.
Роналд Јенсен, економист во ЕТУЦ, предупредува оти социјалните бунтови во Европа ќе се интензивираат со ескалација на економската криза, и најве-ројатно ќе се претворат во социјална експлозија.
- Отпуштањата ќе продолжат, невработеноста ќе се зголемува, а работодав-ците удрат по социјалната безбедност. Тие ќе им речат на работниците: „Ако сакате да ги задржите работните места, мора да прифатите пониски плати и бенефиции“ – нагласува тој.
Првиот човек на Меѓународниот монетарен фонд, Доминик Строс-Кан исто така предупреди дека кризата ќе резултира со социјални немири во многу земји, па дури и во оние со развиени економии.
Три влади веќе паднаа како директна последица на кризата - во Исланд, Ла-твија и во Унгарија. Падна и владата во Чешка и тоа среде претседателски мандат со ЕУ, задавајќи им огромен удар на лидерските капацитети на Унијата. Експертите нагласуваат дека тој тренд ќе продолжи во текот на годинава. Марко Папиќ, од американската агенција за стратегиски истражувања „Стратфорд“, вели дека падот на владата на Исланд е знак за тоа што ќе се случува во Европа во 2009 година. Папиќ исто така посочува дека 2009-та е изборна година за повеќе европски земји, меѓу кои и Бугарија, Германија и Португа-лија. Според него, сите тие држави ќе мора да одржат предизборни кампањи среде економски колапс, а тоа само ќе ги зголеми шансите за масовни соци-јални немири.
РАСПАД НА ЕВРОПСКИОТ СОЦИЈАЛЕН МОДЕЛ?
Во најлош случај, Европа може да биде сведок на социјална експлозија и на колапс на актуелниот социјален модел, нагласува економистот Јенсен.
- Граѓаните веќе вријат поради големите скандали. Владите се обидуваат да ги спасат банките, а тоа ќе го зголеми јавниот дефицит. Тоа пак нема да биде одржливо за јавните финансии, па владите ќе мора да удрат по социјалната безбедност – вели тој.
Се плашам дека комбинацијата последици од масовната невработеност, кола-бирањето на системите на социјална безбедност и зголемувањето на социјал-ните немири ќе придонесе за распаѓање на актуелниот европски социјален модел, заклучува Јенсен.
Беснее економски национализам
Во обид да се заштитат од последиците на економската криза, владите сè по-често применуваат протекционистички мерки, кои долгорочно ќе и наштетат на глобалната трговија, предупреди неодамна Светската трговска организа-ција (СТО). Лидерите во Европа велат дека се против протекционизмот и економскиот национализам, но повиците за заштита на националните еконо-мии веќе одекнаа во јавноста.
Британци штрајкуваа против најмувањето италијански и португалски работ-ници за градежни проекти на Островот. Тие носеа транспаренти со слоган сличен на ветувањето на премиерот Гордон Браун од 2007-та: „Британски ра-ботни места за британски работници“. Францускиот претседател Никола Саркози неодамна им порача на автомобилските компании дека не сака да види нови нивни фабрики во Чешка доколку сакаат да добијат помош од државата.
СТО нагласува дека дел од пакетите за стимулирање на економиите што ги усвоија некои влади ги фаворизираат националните компании (на нејзиниот список е и ЕУ). Организацијата оценува дека земјите сè повеќе ќе бараат излез во протекционизмот, но предупредува дека таквите мерки ќе остават нас-ледство на неконкурентни индустрии.