Моќта на Сојузот на студенти?

  • Креатор на темата Креатор на темата slobbo
  • Време на започнување Време на започнување

slobbo

LoneRyder
Член од
16 ноември 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
583
После неколку настани во нашата земја дојдов до едно сериозно прашање, секаде во светот додека студентите имаат најголемо влијание во управувањето на државата, само кај нас ништо, прашањето ми е Каква функција има Сојузот на Студенти во Македонија?!?
Додека студентите жарат и палат по светот (како во париз, атина итн итн) за одбрана на правата на сите нивни членови, нагласувам сите членови, кај нас сојузот нема никаква улога освен тоа што кога има избори им ветуваат на студентите дека ке им дадат ова или она само да гласаат за некоја одпартиите. Моментално на најголемиот сојуз на студенти во македонија, сојузот при универзитетот Св.Кирил и Методиј, дојдов до заклучок дека ништо не направил за доброто на студентите во македонија, чим дозволува нивни членови брутално да бидат претепани од некој си што се “собрале спонтано“, ало до кога тоа?!? Последен пат кога во париз имаше сличен проблем сите студенти одеа на протести со цел да ги заштита нивните колеги и париз гореше, а што се случи кај нас?!? Ништо ама баш ништо, бар да искочеа со едно писмо во јавност со кое го осѕдуваат настанот ало!!!
е во овој момент дојдов до некаков делумичен одговор на моето прашање, зошто кај нас студентите се п&*(и:
1. Ние македончињата сме мирен народ и дозволуваме да не газат сите.
2.Ние на никој не му мислиме лошо безоглед што да ни прави.
3.(е ова е најбитно) Претседател на студенскиот сојуз е партиско дете, кое 5 години е апсолвент само да служи на партијата, и несмее да оди спротив власта!

овде ќе прекинам и очекувам ваше мислење на темава.
Се извинувам доколку ми излетал некој француски збор ама неможам да се воздржам во вакви ситуаации а и сум премногу потресен после последните настани.
 
Јебига затоа и го ставија овој претседател на Студенскиот Сојуз. За да ќути и да не се меша кога владата прави нешто драстично во областа на високото образование и нештата побрзани со студентите.
 
sekade studentite se nositeli na progresot kako i slobodnoto i nepristrasno rasuduvanje...a kaj nas za zal se partiski podeleni i krajno ispolitizirani
 
На сите твои прашања имаш едноставен одговор:
Самоил Малчески.
 
Политизација...
Раководството на сите студентски сојузи(па и на средношколските)е составено од партиски полтрони(зависно од партијата која е на власт)и работат во корист на партијата од која се поставени...
Затоа крајно време е студентите да сватат дека се студенти а не пензионери и да превземат нешто бидеќи сепак тие треба да бидат двигател на општеството(барем така велат:toe:)...
 
Ајде бе комуњари покажете се. Во ’96 имавме комуњарски дрончиња во ССУКМ, па повторно успеавме да ја разбуричкаме комуњарската жабокречина доволно силно дури и БЦ бандитот да излезе и да се обрати, то ест да се лигави да се смириме!
 
Се е гола вода. И сојуз на студенти на чело со Малчески, и бетер унија на студенти со некојси друг, којшто го слушав пред пола саат.... типични полтрони:tapp:
 
Конечно искочија некој фаци кој тврдат дека биле членови на студенски сојуз , а немаше ни име ни ништо само си се пицнале у сако и се мислат ко министри да се, и кажаа дека сами си го барале организаторите ало абе истоиот муабет што го кажа потпаролот на ДПМНЕ!?!?!?!
незнам навистина кој беа тие фаци и што им беше филмот, само знам тешко на нас обичните смртници...
 
nasiot sojuz na studenti e frakcija na UMS na DPMNE ili pred nekoja godina sto bese frakcija na maldite na SDSM

neka setaat u Brisel i neka placat za vizi :)

sramota za studentskiot sojuz
 
nasiot sojuz na studenti e frakcija na UMS na DPMNE ili pred nekoja godina sto bese frakcija na maldite na SDSM

neka setaat u Brisel i neka placat za vizi :)

sramota za studentskiot sojuz

Па глеј сеа некои студенти живеат во штали, а на некој му е до шетање дојдено. Ама тоа ти е кој какви приоритети си има.
 
Студент член на Сојуз на Студенти - Следна станица - Потпарол на партијата
 
Ајде бе комуњари покажете се. Во ’96 имавме комуњарски дрончиња во ССУКМ, па повторно успеавме да ја разбуричкаме комуњарската жабокречина доволно силно дури и БЦ бандитот да излезе и да се обрати, то ест да се лигави да се смириме!
Таа `96, првпат гласав за Претседател на ССУКМ. Тогаш беше избран Диме Велков од Кавадарци, незнам што студираше, кадар на СДСМ, со огромна поддршка од партиското лоби...(прашајте го Рашо, кандидат годинава за градоначалник на Кавадарци од СДСМ)...
Во мојата студентска кариера, фатив неколку изборни циклуси, и партиите на сите тие избори си ги мереа...рејтинзите де...дури и пропаднаа едни избори, дали 2000-та, која ли беше...
Затоа, пак ќе кажам, со ваква студентска организација нема напредок. Нема идеи...има само полтронство.
 
Формата на на кој функционира студентскиот соуз функционира треба да се трансформира. Треба да се укине функцијата претседател на студентски сојуз, и да се воведе студентски парламент составен од по неколку членови од секој факултет, кои членови ќе бидат гласани одново секоја година во избори со групи кои ќе се кандидраат во рамките на секој факултет. Само така ќе може да се разбие молкот на студентите и да дојде до израз нивното мислење и моќ.

Уште од осамостојувањето на државава студентите и нивните мислења се деградирани на ниво пониско од фецес.
 
Е тоа е веќе нешто што наликува на демократија. Ем активно цело време ке биде ем ке неможе некој сигурно да си добие јака функција повеќе од 1 година.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom