A
ateist
Гостин
Весник Вест од петок 20 март 2009 бр 2628
ЗАШТО НЕ ГИ КОДОШЕЛЕ ГАЗДИТЕ ЗА НЕИСПЛАТЕНА ПЛАТА
15.000 работници ги чекаат казни од УЈП
Работодавецот е должен на работникот да му достави заверена писмена пресметка за пресметаните и уплатените придонеси најдоцна 15 дена од денот на исплатата на плата. Доколку работникот не ја извести Управата за јавни приходи дека придонесите не му се платени, ќе биде казнет со глоба од 500 до 1.000 евра
Околу 15.000 работници сe уште не добиле бруто-јануарска плата. Но освен што останеле без пари, тие ќе бидат казнети и од Управата за јавни приходи зашто не го пријавиле нивниот газда дека ги крши законите во државата.
"Работодавецот е должен на работникот да му достави заверена писмена пресметка за пресметаните и уплатените придонеси најдоцна 15 дена од денот на исплатата на плата. Доколку работникот не ја извести Управата за јавни приходи дека придонесите не му се платени, ќе биде казнет со глоба од 500 до 1.000 евра", стои во Закон за придонеси од задолжително социјално осигурување.
Во Управата за јавни приходи велат дека тие, како извршен орган, мора да работат согласно законите во државата.
"Законите се јасни. Контролните механизми се дефинирани и во поглед на работниците и во поглед на работодавците. На дежурниот телефон 198 се јавиле 113 работници. 80% од нив пријавиле дека не зеле плата, и нашите служби ги препратиле во Трудовата инспекција, бидејќи платите се надлежност на таа инспекција. Останатите јавувања се однесувале за Управата", велат во УЈП и не прецизираат колку работници се јавиле за да кажат дека не добиле пресметка на плата.
Податоците на Управата за јавни приходи покажуваат дека газдите во јануари пријавиле дека во државата има вкупно 439.729 вработени во вкупно 57. 768 правни субјекти. За нив до УЈП се доставени пресметки за плати и за придонеси, но над 5.000 фирми не платиле.
За работодавците е предвидена казна од 2.000 до 3.000 евра ако не достават пресметки за плати во УЈП до 10-ти во месецот, не му дадат ливче од плата на работникот, дадат плата, а претходно не ги платат придонесите или ако неправилно ја пресметаат платата и придонесите за работниците. Управата пресметува и дневна камата од 0,03 отсто за неплатените придонеси.
Р. Фотиновска