Росонерка убаво си кажа. Нешто најубаво што ми се случило е апсолвентската екскурзија. Неверојатни денови, ќе видиш многу, многу ќе научиш, забавно е се. Не би можела да издвојам нешто за кое ќе кажам е таму ми беше најубаво. Ако верувате тие 20тина дена бев насмеана 24 часа, уживав во потполна смисла на зборот. Во Виена немој да заборавите да пробате од познатите Моцарт чоколади или ликерот. Минхен ах, шопинг во огромните трговски центри, пиво во пивница, играње, наздравување, незаменливите колбаси кои ако си гладен ќе ти бидат преубави


Сигурна сум дека ќе се вљубиш во Париз - толку се ти кажува ова, само да не се изгубиш во метрото

Ќе се вратиш во детството во Дизниленд, ќе го гушнеш Мики Маус, ќе врескаш на Индијана Џонс, ќе пребродиш страв во огромниот балон

Барселона ауу уф шопинг дефинитивно, мора да се проба сангриа, да се денса у диско:je:Монако, Монте Карло само ќе кажам ах, само не се фаќај многу за џеб

Шпагетите и пицата во Верона се превкусни. Миланската скала во градот на модата ќе те воодушеви. Луксузот наречен кафе во Венеција навистина ме освести, чудно е како функционира градот на маските. Ова е значи еден процент од доживеаното, вреди да се отиде, а ако идеш изнасликај се ама баш се! Овие се некои од местата, градовите каде што бев, детали ако пишувам ќе зафати многу. Преубаво доживување, сакам пак да идам, ама неможам од работата уф.