Апсолвентски екскурзии

  • Креатор на темата Креатор на темата bobipp
  • Време на започнување Време на започнување

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
12.058
Поени од реакции
7.239
Луѓе дали вреди да се оди на апсолвентска екскурзија, кажете какви искуства сте имале и слично !?
 
Вреди да се оди и ако имаш материјални можности обавезно да одиш.:wink:
Јас за 800 евра(вкупно се на се)ја видов пола Европа.
 
Да ми речат вечер се трга одма би се спакувала и би отишла.:pipi:
Бев 20 дена лани на апсолвентска и си поминав најубаво на свет. Сакав и оваа година да одам пак, aма викам ај да не претерувам:)
Инаку значи искрено се е на брзање, но ја гледаш пола Европа. Ги посетуваш најзначајните места во секој град и напорно е, но се исплатува. А и не се скапи најискрено. Значи во споредба со тоа што ќе го видиш и ако некогаш решиш сам да одиш ќе те фати многу поскапо. А и можеш поевтино и поскапо да си поминеш во зависност од колку ќе трошиш на јадење (дали сендвичи или ресторани), дали ќе одиш на шопинг во Барселона и сл. Мој совет е да се посети се што е во програмата од знаменитостите, зашто тоа е она што се памти. Имаше полно што не одат да посетуваат него седат во соби и се пијанчат. И сега подобро е да памтиш дека си се напил во Париз или да се пофалиш што си прошетал и тоа ќе го помниш!
А напорно е што пола ноќи си во автобус, но се тоа се заборава и по веќе трет ден се навикнуваш.
Јас им љубоморам на тие што ќе одат годинава на апсолвентска :) И најубаво нека си поминат:smir:
 
Ќе го напишев истово ова од Росоњеркава,ама ме мрзеше. :)
 
Дефинитивно вреди јас бев минатата година и долго време бев под импресии. Да можам повторно би одела. Бев преку Дипломатик се беше супер. За тоа дека е напорно се согласувам цела ноќ спиеш во автобус па сабајле на разглдување на градот се оди но се се заборава. Ги памтам убавите моменти журките во автобус, Париз, Фиренца и Виена. Ако имаш финансии мој совет ваква екскурзија не се пропушта.Па ако отидеш пиши како после тоа како си поминал.
 
Ауу, едвај чекам догодина да одам на апсолвентска. Знам дека ќе биде напорно, ама тоа можеби ќе ми биде единствената шанса да ја прошетам цела, т.е. пола Европа.
 
Апсолвентска екскурзија е нешто најјако и најубаво.Многу е заморно,ама се тоа се поништува кога на пр. ќе ја видиш Ајфелова Кула или кога во Венеција ќе го посетиш познатиот плоштад Свети Марко.Па јас во венеција прв пат во животов видов онолку разни култури и народи на едно место.Имаше се од Американци до Јапонци,од Данци до Јужноафриканци...
 
оваа година ке одам па ке ве замолам да ме посоветувате на со да пазам најмногу и некои други поважни работи
и ме интересира дали во изминатите години некој не доби виза
поздрав
 
Росонерка убаво си кажа. Нешто најубаво што ми се случило е апсолвентската екскурзија. Неверојатни денови, ќе видиш многу, многу ќе научиш, забавно е се. Не би можела да издвојам нешто за кое ќе кажам е таму ми беше најубаво. Ако верувате тие 20тина дена бев насмеана 24 часа, уживав во потполна смисла на зборот. Во Виена немој да заборавите да пробате од познатите Моцарт чоколади или ликерот. Минхен ах, шопинг во огромните трговски центри, пиво во пивница, играње, наздравување, незаменливите колбаси кои ако си гладен ќе ти бидат преубави :):) Сигурна сум дека ќе се вљубиш во Париз - толку се ти кажува ова, само да не се изгубиш во метрото:pos: Ќе се вратиш во детството во Дизниленд, ќе го гушнеш Мики Маус, ќе врескаш на Индијана Џонс, ќе пребродиш страв во огромниот балон :) Барселона ауу уф шопинг дефинитивно, мора да се проба сангриа, да се денса у диско:je:Монако, Монте Карло само ќе кажам ах, само не се фаќај многу за џеб:pos: Шпагетите и пицата во Верона се превкусни. Миланската скала во градот на модата ќе те воодушеви. Луксузот наречен кафе во Венеција навистина ме освести, чудно е како функционира градот на маските. Ова е значи еден процент од доживеаното, вреди да се отиде, а ако идеш изнасликај се ама баш се! Овие се некои од местата, градовите каде што бев, детали ако пишувам ќе зафати многу. Преубаво доживување, сакам пак да идам, ама неможам од работата уф.
 
Само колку да ми љубоморите,
на 27ми април тргнувам на апсолвентска :)
 
оваа година ке одам па ке ве замолам да ме посоветувате на со да пазам најмногу и некои други поважни работи
и ме интересира дали во изминатите години некој не доби виза
поздрав

Па зависи агенцијата од која амбасада вади шенген визи. Најчесто тоа е француската амбасада и тука нема големи проблеми (лани јас кога вадев никој не одбија мислам дека). Но ако е италијанската е тогаш возможно е да не се даде виза. Мојот факултет лани одеше на апсолвентска и вадеа визи во италијанска амбасада и едно 40% не добија виза.

A не носи голем пребагаж мој совет. Зашто ќе смениш 6-7-8 хотели и најголемо замарање беше тоа всели се, мкни го куферот (мојот беше поголем од мене :pos:) па пак отселисе. Но сепак треба да се носи гардароба од кратки ракави до џемпери. Зашто за 20 дена во 10 држави времето може многу пати да се промени драстично.
Храна земи си кроасани, грицки но тоа и по пат ќе купуваш не е цената многу различна од Македонија, речиси слични се цените. Носи си многу вода, дури многу носеа пакети вода што стоеја во автобусот :)
И внимавај многу на паричниците и апаратите посебно во Барселона и Париз. Ужасно се краде во овие градови. И секаде затварање на прозорците во хотелите. Во секоја тура на апсолвентска има инциденти вакви, внимавајте да не бидете вие тоа.

И уште еден совет да си испланирате секој ден која сума на пари да си ја трошите. Не за друго зашто имаше последните дена доста лица кои стоеја надвор и не ги посетуваа музеите и дворците зашто немаа пари. И тоа зашто не беа доволно организирани да си испланираат.
За влезниците во знаменитостите требаат дополнителни 200-250 евра да си знаете.
А тоа е она што вреди, не вотката, коњакот и пивото. Тоа и во Скопје го има.

Да си поминете најубаво. После 15ти мај слики чекаме :)
 
фала мн за советите
јас ке одам преку астранскомерц
ама пак многу ми е шубе(страв) за виза eheheheh
poz
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom