Владата потрошила 17,5 милиони евра за реклами

  • Креатор на темата Креатор на темата intel
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
28 јануари 2005
Мислења
2.163
Поени од реакции
18
Веб-сајт
www.kajgana.com
Владата потрошила 17,5 милиони евра за реклами?

05.03.2009
Срѓан Стојанчов
Владата, минатата година, потрошила околу 17 и пол милион евра за реклами и со тоа станува втор најголем огласувач, веднаш по Т-Мобиле, велат податоците на агенциите за истражување на медиумскиот пазар. Овие податоци не ги опфаќаат рекламите во странските медиуми, како што беше кампањата Инвестирајте во Македонија.
Нашата влада е во една перманентна кампања. Владата ги промовира нејзините проекти, а факт е дека тоа влијае и на рејтингот на владеачката коалиција, а посебно на главниот носител на власт ВМРО ДПМНЕ

Во тие податоци не се пресметани ниту парите потрошени за билборди и за радиорекламирање, туку само за реклами на телевизија и во весниците.

Експертите за маркетинг велат дека оваа сума не е реална и е далеку помала, затоа што агенциите ги прават овие истражувања според официјалните ценовници на медиумите кои често даваат огромни попусти за рекламирање. Точната сума е речиси невозможно да се утврди, а Владата и покрај големиот интерес на јавноста до сега не одговори колку пари потрошила за огласување.
Политикологот Жидас Даскаловски од Центарот за истражување и креирање политики вели дека големиот рејтинг на владеачката партија, делумно, се должи и на засиленото рекламирање.

„Нашата влада е во една перманентна кампања. Владата ги промовира нејзините проекти, а факт е дека тоа влијае и на рејтингот на владеачката коалиција, а посебно на главниот носител на власт ВМРО ДПМНЕ“

Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини се сомнева дека за рекламирање се потрошени многу повеќе од 17 милиони евра. Хајредини го поткрепува својот сомнеж со тоа што владата ги крие податоците за парите потрошени за рекламирање.
Однесување без преседан, со злоупотреба на средствата на даночните обврзници за лична промоција и за промоција на партијата на власт.

„Однесување без преседан, со злоупотреба на средствата на даночните обврзници за лична промоција и за промоција на партијата на власт. Фактот дека веќе две години, на арогантен начин се одбива да се одговори и на пратенички прашања за парите кои се трошат од буџетот за реклами зборува сам за себе.“

Според податоците на истражувачките агенции, во изборната кампања за јунските предвремени парламентарни избори, политичките партии потрошиле околу 35 милиони евра за реклами на телевизија и во весниците, не сметајќи ги билбордите.
 
Чабе ќе зборам,чабе ќе серам,кога на ударната вест е дека бране има таен заговор со мујо и хасо да ја даде државата,индетитетот,и се остало.
Вест која бранко не се ни труди да ја демантира бидејќи се убива од смеење кога ја чита .
Инаку интел спреми се да бидеш растргнат жигосан како сдсм(пошто збориш против владата у сред кампања)
А на темава и предвидувам препукувања од типот на сдсм и смрдат чорапите,на вмро им смрдат чорапите ,на марсовците им смрдат чорапите ,...и итн
 
Не 17 мил евра, требало да истрошат и повеќе оти се гледа дека уште има глуп и слеп народ што подржува партија (СДС) која нема идеа буквално за ништо за доброто на Македонија, само подло дејствување за да се дојде до власт.
 
требало од тебе и твоите да земат и да трошат.убаво кажа некој некаде...ВМРО и владата се радуваат шо СДС пропаѓаат,а тоа шо ни тоне државата е споредно...ццц
 
Чекај сеа! Феномен сте вие од ДПМНЕ...темата гласи „Владата потрошила 17,5 милиони евра, а вие се фаќате за СДСМ. Барем најди некоја посоодветна тема за критики кон СДСМ ако сакаш да напишеш нешто. А дека владата во овие услови на глобална криза потрошила 17,5 милиони евра го оправдуваш, тоа е смешно и ќе видиме дали ќе го оправдуваш коа ќе ни се врати на моја и твоја глава како граѓани. Е тогаш ќе видиме сите што добро напраила оваа влада...освен тие реклами кои што не отруја. Експертите прогнозираат дека после избориве токму поради тие пари за кампањи ќе немало средства во буџеотот и ќе немало да се зема плата наредните 3 месеци по изборите. Да видиме што е добро тука после!!
 
Не 17 мил евра, требало да истрошат и повеќе оти се гледа дека уште има глуп и слеп народ што подржува партија (СДС) која нема идеа буквално за ништо за доброто на Македонија, само подло дејствување за да се дојде до власт.

Па тоа викам и ја бе да го еам! Млекарите задоволни,стечајците задоволни ,телевизиите уште позадоволни,пополнувањето на рекордниот буџет од данокот оди како што предвиде Славевски,владата ќе инвестира следните 6/7години 8 миљ...А овие комуњарскиве новинари!наместо да се позабават со Брането кој ни продаде државата од 90 до 2008,па сеа се труди и тоа малце што останало да го допродаде,ама не бе они се на платен список и ми пишуваат за некој измислени 17милл евра за реклами !
 
требало од тебе и твоите да земат и да трошат.убаво кажа некој некаде...ВМРО и владата се радуваат шо СДС пропаѓаат,а тоа шо ни тоне државата е споредно...ццц

Не машко, грешка си, требало уште да потрошат оти ТИ со подршката што ја даваш на предавниците на Македонија ја уништуваш , пари не се жалат за спас на името Македонија, за македонскиот јазик, за македонската црква, за македонската национална свест .
 
Па тоа викам и ја бе да го еам! Млекарите задоволни,стечајците задоволни ,телевизиите уште позадоволни,пополнувањето на рекордниот буџет од данокот оди како што предвиде Славевски,владата ќе инвестира следните 6/7години 8 миљ...А овие комуњарскиве новинари!наместо да се позабават со Брането кој ни продаде државата од 90 до 2008,па сеа се труди и тоа малце што останало да го допродаде,ама не бе они се на платен список и ми пишуваат за некој измислени 17милл евра за реклами !

ДА бе delboy-че земјоделците беа презадоволни за време на СДС, уште жалат што не се на власт, исто и стечајците се задоволни од СДС оти нивната политика на ЈАНЕ МИЉОСКИ со СЕДЕСАРСКА приватизација ги направија одвоена група граѓани на Македонија.... :tapp::tapp: уште малку останавте и затоа овој отпор пред исчезнувањето.
 
само една забелешка
-млекарите протестираат
-стечајците денес ги видов протестираа

ја сум бе баба ванѓа еј како предвидувам
 
ДА бе delboy-че земјоделците беа презадоволни за време на СДС, уште жалат што не се на власт, исто и стечајците се задоволни од СДС оти нивната политика на ЈАНЕ МИЉОСКИ со СЕДЕСАРСКА приватизација ги направија одвоена група граѓани на Македонија.... :tapp::tapp: уште малку останавте и затоа овој отпор пред исчезнувањето.

Знаеш лоши се навиките на народот секогаш да прави споредба со претходниот ако веќе го казнил за неговото нечесно работење! Е затоа и едните и другите ќе не молзат затоа што нив само таков народ им одговара,овие така правеа па зошто и ние да не правиме така,или ММЕ они први почнаа ние само го продолжуваме истото!

За болдот ,незнам дали да почнам да се смеам или да плачам? Кој се тие малце што останале ,неутрални ,Македонци или критикувачи на она што не е добро во државата без разлика дали се твојте на власт или оние кои ти не ги милуваш?
 
Не машко, грешка си, требало уште да потрошат оти ТИ со подршката што ја даваш на предавниците на Македонија ја уништуваш , пари не се жалат за спас на името Македонија, за македонскиот јазик, за македонската црква, за македонската национална свест .

Полека малце, апсолвент сум по Економија, уште 2 испита до дипл. Следев предавања каде учевме за Нафтениот шок во русија и за сите останати економски кризи кои беа настанати до сега. Ти имаш ли претстава што тоа значи, во услови на глобална криза да се трошат енормни буџетски средства за некаква си кампања. Па тоа е колапс на економскиот систем во државата и ти ми се изразуваш со некои народни сентенци „пари се за трошење“:pos2::pos2::pos2:. Прочитај некој економски учебник па после дојди и напиши го тоа. На крајот на краиштата нема шо да серам тука...ќе си се осети тоа по потрошувачката кошница по глава на жител...кога и ја и ти и сите останати ќе осетиме на своја кожа.
 
Тема на тема, јајце на јајце. Ќе се фатите некогаш за нешто друго освен за владините реклами? Си трошат на реклами, сосем е нормално тоа во секоја земја. Ако трошат повеќе од други земји (процентуално де), и тоа е сосем нормално при ненарод со очајна потреба за ново перење на сивата маса, чунки овие пред нив и оние пред нив убаво го испраа и го подгрбавија ненародот.

П.С. Немам книшка, не сум изгорен дпмне-овец, само руживе нервираат.
 
Не машко, грешка си, требало уште да потрошат оти ТИ со подршката што ја даваш на предавниците на Македонија ја уништуваш , пари не се жалат за спас на името Македонија, за македонскиот јазик, за македонската црква, за македонската национална свест .

јас у оваа држава можам да мислам ако сакам дека ТИ си предавник!еве да речеме јас мислам дека гујо ја уништува државата,и мислам дека тој е предавник не помалку од црвенковски и партија и секако да не ги заборавам и ВМРО.и?спас од кој?од главите им вжештени.
 
Значи да сумираме:17,5 милиони евра(реклами)+8 милиони евра(статуи)+17 милиони евра(куполи)=42,5 милиони евра :nesvest::nesvest::nesvest:
И треба да им кажеме браво?????:tapp::tapp::tapp:
Во држава како Македонија,каде што има 350 000 невработени да се потроши ваква сума на пари за нечиј кејф,треба да си будала или пак намерно да го правиш ова.
Ја стварно неможам да ги разберам....
 
не само ти, ногу не можат да разберат,ама тука ако кажеш нешто контра одма ти си СДС,ти си комунист,предавник и шо ли не.никој не сака или не смее разумно да се однесува.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom