Си ги присвоиле лаптопите место паушали

  • Креатор на темата Креатор на темата vone
  • Време на започнување Време на започнување
А да не спомнувам дека податоците во компјутерите гарант некому ке притребаат... Ке имаат солидна мака наредната гарнитура на советници.
 
А да не спомнувам дека податоците во компјутерите гарант некому ке притребаат... Ке имаат солидна мака наредната гарнитура на советници.

Они ги купуваат лаптопите не податоците во нив. Ако ги земат тие може да одат во затвор за тоа.
 
Они ги купуваат лаптопите не податоците во нив. Ако ги земат тие може да одат во затвор за тоа.

кој купува ... како може да им текне инвентарот да си го земат ... нормални ли се тие .... ја незнам некој реагираше ли на ова или така ќе си помине ...
ситни души сите по ред. ..
 
За вилите и останата галантерија на нашиве офарбани со сите бои отвори си посебна тема..... таму ќе ги пцуеме....

Овој случај е карактеристичен по тоа како и нашиве закрвени политички противници многу лесно наоѓаат заеднички јазик на општо задоволство кога треба нешто да си спакуваат и однесат дома.
И не им е првпат...колку пати до сега 100% се согласиле во собранието на РМ кога решаваат за нивните плати, хонорари, додатоци, привилегии....... итн....
Абе милина да ти е кога ќе ги видиш како заедно без подметнувања соработуваат!:vozbud:

Од принципиелни само причини ти го споменав начинот на „поопштествување„ на државниот имот кај нас..станува збор за имотот (Вила) на Водно...и само да ти послужи за билолкава компаративна анализа овде и насекаде..
Инаку има илјадници сеуште неспоменати примери ..како се „доаѓа-ло„ до одредени богатства..а кои подоцна постанале и се прикажани како приватна и „со крв„ заработена лична или пак „наследена„ сопственост..
И никого немав ниту имам намера да псујам..само ви покажувам дека принципот е наследен..и ако треба некој да се сега и овде КАЗНУВА..треба да се започне од 1944 година па навамо..без ИСКЛУЧОК..
За посочениот случај има и опис во Библијата..со каменување на ороспијата..за која Исус рекол..:
(карикирам) НЕКА ФРЛИ КАМЕН САМО ОНОЈ КОЈ НЕМА ВАКВО ИЛИ СЛИЧНО НЕДЕЛО НАПРАВЕНО...во својот живот.
пс
Што не(ма да) значи дека не го и ОСУДУВАМ..


:toe:
 
Eh bre Makedonce, Makedonce, zivo grehce sme si.

:kesa: :kesa: :kesa: :kesa: :kesa: :kesa: :kesa: :kesa: :kesa: :kesa: :kesa: :kesa:
 
Како што многупати спомнав, пак ќе дефинирам:
Ова е уште една добра причина, како и на сите претходни избори, да излезам рано на избирачко место, да земам ливче - и да пишам еден гоолем икс по целото ливче, од крај до крај....
Сеуште не сум сретнал саглам човек да речам, е за овој вреди да гласам, овој ќе направи нешто...
Ама, пуста надеж, можеби еден ден ќе се појави политичар кој мисли на сопствената држава и народ....:toe:
 
Чиста трагикомедија, циганштаана на ниво.
 
Мора и со слика да се овековечат ситните души(со градоначалникот):



grado%20i%20sovetici.jpg


http://www.kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=52

Дали некој од овие повторно се кандидира?
 
Ќе те подсетам дека ова не е сега измислено..туку е само наследено..како принцип...на/во владеење
Како нешто што сега набрзина ми иде во умот:
-Вилите на Водно..и други атрактивни локации...како се „купени„..од комунистичките чауши..сите по ред..без исклучок.
???
(Киро..својата тазе реновирана од Владата тогашна вила на Водно, ја
„купи-л„..велат за 15.000ДМ..а за „реновирањето„ било дадено..велат околу 3,2 милиони (тогашни) ДМ..
Или по сегашни „цени„..платил 7,5 ИЛЈАДИ Евра..а Владата (читај Народот) 1,8 МИЛИОНИ Евра..
пс
Документи постојат во Катастарот..барем се надевам дека ги има..а ако не..сигурно ги има по печатот..од времето тогашно..
:pipi:

Акое рецидив не значи дека не треба строго да се казни.

Черешна се од корен корнеше, советник се од лаптоп делеше...:pos2::pos2::pos2:
Или не се делеше.

МИЗЕРИЈА !!!
Бизарна мизерија.

Eh bre Makedonce, Makedonce, zivo grehce sme si.

:kesa: :kesa: :kesa: :kesa: :kesa: :kesa: :kesa: :kesa: :kesa: :kesa: :kesa: :kesa:

Не бе гревче, обезлаптопосани беа, сеа се модерни.

Чиста трагикомедија, циганштаана на ниво.
не ги врешѓај циганите, сега е нивна декада, а уште не се опариле.
Мора и со слика да се овековечат ситните души(со градоначалникот):




grado%20i%20sovetici.jpg


http://www.kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=52

Дали некој од овие повторно се кандидира?
Нели Џорџе киднал, ја здувал, налутен од ваквата постапка.

Гарант. Еден лап топ е малку, мора барем три.
 
Сељачишта.....

СКАНДАЛ НА ПОСЛЕДНАТА СЕДНИЦА НА ЕКС-СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА

Новинарите на јавен линч!

Бесрамнице! Јас не знам со кој образ дојде овде пред сите нас. Марш надвор. Овде има чесни луѓе, кај ти е личната етика. Не може овде никој паметен да се прави. Излези овде, на говорницата да се извиниш јавно", беа само дел од отровните стрели упатени од јавната говорница кон седмата сила

4C356AABFCAE564481DB8E68D8A0BA65.jpg
Скандал на последната седница на Советот на Општина Кисела Вода од стариот мандат! Советниците на заминување, очигледно загрижени само за службените лаптопи кои ги користеа и сакаа да ги присвојат без притоа да дознае јавноста, упатија јавни закани кон новинарите кои ја обелоденија нивната намера. Имено, тие на една од минатите седници донеле одлука за да ги земат лаптопите, а за возврат да се откажат од надоместокот што им припаѓал за јанаури, февруари и март, за седници на координативни тела кои според општинската евиденција, никогаш не биле одржани. И покрај тоа што оваа одлука ја поништи Уставниот суд, советниците го искористија правото по втор пат да ја усвојат.
Најострите зборови, закани и навреди кон новинарите беа изговорени од устата на советничката Лепа Шеќерова, инаку просветен работник, педагог. Таа на седницата дојде со 35-минутно задоцнување, но сепак ја искористи можноста уште задишана да земе збор и преку микрофоните да ја исплука новинарската професија, а новинарите да ги набрка надвор, небаре и дошле кај неа дома на гости. Шекерова особено беше гневна на една новинарка која претходно неколкупати пишувала за оваа скандалозна одлука која патем, беше поништена и од Антикорупциската комисија и од Уставниот суд.
"Бесрамнице! Јас не знам со кој образ дојде овде пред сите нас. Марш надвор. Овде има чесни луѓе, кај ти е личната етика. Не може овде никој паметен да се прави. Излези овде, на говорницата да се извиниш јавно", беа само дел од отровните стрели кои Шекерова ги упати од јавната говорница. Претседателот на Советот на општината Зоран Антовски, се обиде но не успеа да ја замолчи, па мораше да ги исклучи микрофоните. Потоа настана мешаница.
613E47E38D80224E95BDC7C91F6B0CC9.jpg
Дел од членовите се оградија од зборовите на нивната колешка, дел ја поддржуваа. "Вие сакате само сензации!; Не смеете да пишувате што ќе ви текне!; Ќе ве тужиме!; наспроти "Оставете ги, тие си се на работа исто како нас; Не се сите исти;...викаа свртени кон присутните новинари. Овој вербален линч воопшто не беше пријатен за претставниците на медиумите кои редовно ја следат работата на локалната власт. Нивната задача е да слушаат и да информираат а не да се објаснуваат со советниците.
- Дали ова значи дека некој сака да не замолчи, да не контролира или пак да не спречи во извршување на службената задача!? Дотолку повеќе што се наоѓаме во периодот на фискалната децентрализација кога општините стануваат се понезависни од централната власт и добиваат се поголеми ингеренции - реагираа тие.
Новинарите, сепак, не се уплашија. Успеаја да дознаат дека до вчера, до 14.30 часот од вкупно 23 советници од лаптопите се откажале само четворица. Новите советници кои утре треба да ја одржат првата конститутивна седница ќе останат без основен алат за работа бидејќи општинската комуникација е целосно компјутеризирана. Советниците ги добиваат и материјалите за секоја седница во електронска форма. Сега, доколку екс-советниците не ги вратат лаптопите ќе треба да поминат три-четири месеци за да се распише тендер за набавка на нови.



http://www.vecer.com.mk/?ItemID=1A024A3F8FC3D642B58D39CA00D6279D
 
"Бесрамнице! Јас не знам со кој образ дојде овде пред сите нас. Марш надвор. Овде има чесни луѓе, кај ти е личната етика. Не може овде никој паметен да се прави. Излези овде, на говорницата да се извиниш јавно", беа само дел од отровните стрели кои Шекерова ги упати од јавната говорница. Претседателот на Советот на општината Зоран Антовски, се обиде но не успеа да ја замолчи, па мораше да ги исклучи микрофоните. http://www.vecer.com.mk/?ItemID=1A024A3F8FC3D642B58D39CA00D6279D
Цитатов требало нејзе да и го кажат, а не таа да го кажува... :tapp:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom