Си ги присвоиле лаптопите место паушали

  • Креатор на темата Креатор на темата vone
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Локација
Тука негде наоколу
Ова е повеќе за во ЧДА но ај......

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]КОМПЕНЗАЦИЈА ВО СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА [/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Си ги присвоиле лаптопите место паушали[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Советниците на Кисела Вода едногласно одлучија да не земат надоместок за присуство на седници за јануари, февруари и за март, а како компензација да си ги присвојат општинските компјутери [/FONT]

%7B861C2FE1-6A3E-4A50-9B06-ECC64114BA0A%7D_sovet-2.jpg
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] Советниците од Општина Кисела Вода се откажаа од паушалите од по 9.600 денари месечно за присуство на седници за јануари, февруари и за март, но за возврат изгласаа да си ги присвојат општинските компјутери. Тие вчера едногласно, без дискусија, ја донесоа предлог-одлуката и си обезбедија услови, по завршување на четиригодишниот мандат во Советот, компјутерите да си ги однесат дома.
"Не само што поведовме иницијатива за воведување на Електронски совет во Кисела Вода туку и за 9 месеци, колку што тој функционира, ние ја осовременивме работата на Советот. Заштедивме пари за хартии и за телефон, па мислиме дека сега имаме право да си ги земеме компјутерите. Со тоа нема да и наштетиме на Општината туку, ако се пресмета добро, може да се утврди дека остануваат вишок пари во Кисела Вода", вака советниците го образложија предлогот за компензација, поднесен од Координативното тело на Советот.
Градоначалникот на Општина Кисела Вода Џорџе Арсов вчера, избезумен од ваквата одлука, ја напушти седницата на Советот. Тој е против оваа одлука и најави дека ќе направи се за да го заштити општинскиот имот.
"Ваквата одлука е срам за Општината. Не знам како можат советници да носат вакви одлуки кои се против граѓаните. Ако советниците со својата работа на компјутерите изминативе 9 месеци придонеле за доброто на граѓаните на Кисела Вода, тогаш преостанува сите во Општината на крајот на овој мандат да си однесеме дома општински предмети. Има Општината и други компјутери, телевизор... ", револтирано коментираа вработените во Општината.
Електронскиот совет во Кисела Вода се воведе во мај минатата година и секој советник доби лаптоп Е510, односно беа набавени 23 компјутери. Од Општината вчера никој не сакаше да каже колку точно чинеле лаптопите, со објаснување дека се во шок. За разлика од нив, советниците по седницата се опуштија. Сите заедно отидоа на ручек во кафеана да прослават за одлуката.
[/FONT]

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=164174&idg=9&idb=2611&rubrika=Makedonija
 
Haha dobri se gledas kolku malce treba Makedonecot da ne bide podelen vo vazni odluki.
Znaci ednoglasno ja donele odlukava i Sorosoidive i Antickive znaci dopre do nivnite sitni dusi govorot na premierot da bidat obedineti.
 
Дај шта даш :toe:

Конечно обединување :smir:
 
Aлооо Шабани. Уште не ја научивте најбитната лекција на однесување- Скромноста. Ќе доаѓате ќе молите после, ќе се лигавите како ку*ви, ќе тропате по врати да гласаме за вас. Ви е*ам лингурите.
 
Гласањето како се одви? Колку беа за, против и воздржани за предлогов? И зошто никој не кршел кутии?
Како беше она со поповите што мрсат...
 
Гласањето како се одви? Колку беа за, против и воздржани за предлогов? И зошто никој не кршел кутии?
Како беше она со поповите што мрсат...
Далеку се овие од попови... ни тие не би се снашле, како овие :S
 
Јас не гледам ништо лошо во одлуката што ја донеле. Само нека не им даваат нови лаптопи.
 
Најсмешно во целава работа ќе биде..кога на следната седница ќе се појават без лаптоповите и ќе побараат други за да можат да работат... и со право бидејки со земените, сега веќе лична приватна своина може да прават што сакаат, да ги дадат, подарат, продадат, фрлат....и никој не може да бара од нив да ги носат на седници...
 
Хахахаха...
Леле бе се одлепило начисто у курац.:)
Ма тоа на сите од глава би им ги скршил.:)
 
Гласањето како се одви? Колку беа за, против и воздржани за предлогов? И зошто никој не кршел кутии?
Како беше она со поповите што мрсат...
Тоа со поповите ти е: сложни калуѓери среде петок мрсат :vozbud:.

Абе некако со тешка мака се изгласа тоа, пола пола беа, па на крај дојде еден да одлучува и со тешко срце, несакајки да им го сипи кеифот на оние што сакаа изјави: Гласам за да си ги земиме лап-топчињата дома, па оние што не сакаат, нека ги остават. И така бидна, само што малцинството некако му се приклучи на мнозинството... еден за сите сите за еден и оп со лап-топче екстра :).

Јас не гледам ништо лошо во одлуката што ја донеле. Само нека не им даваат нови лаптопи.
Ни јас не гледам, само кога оваа гарнитура сега ке се замени, новите на што ке работат? Или да земат камен и длето па да делкаат во камен.
Како е ова возможно бе, да си ги земат компјутерите. Нека си го земе Бранко сега службениот Мерцедес кога ке си замине... Ова кај нас само може да го има.
 
ц ц ц ... овие се загреови ... не се нормални ... да им се плукнам у луѓето ...
 
Еј подобри се од градоначалникот на Аеродром :pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
 
Најсмешно во целава работа ќе биде..кога на следната седница ќе се појават без лаптоповите и ќе побараат други за да можат да работат... и со право бидејки со земените, сега веќе лична приватна своина може да прават што сакаат, да ги дадат, подарат, продадат, фрлат....и никој не може да бара од нив да ги носат на седници...

Ќе те подсетам дека ова не е сега измислено..туку е само наследено..како принцип...на/во владеење
Како нешто што сега набрзина ми иде во умот:
-Вилите на Водно..и други атрактивни локации...како се „купени„..од комунистичките чауши..сите по ред..без исклучок.
???
(Киро..својата тазе реновирана од Владата тогашна вила на Водно, ја
„купи-л„..велат за 15.000ДМ..а за „реновирањето„ било дадено..велат околу 3,2 милиони (тогашни) ДМ..
Или по сегашни „цени„..платил 7,5 ИЛЈАДИ Евра..а Владата (читај Народот) 1,8 МИЛИОНИ Евра..
пс
Документи постојат во Катастарот..барем се надевам дека ги има..а ако не..сигурно ги има по печатот..од времето тогашно..
:pipi:
 
За вилите и останата галантерија на нашиве офарбани со сите бои отвори си посебна тема..... таму ќе ги пцуеме....

Овој случај е карактеристичен по тоа како и нашиве закрвени политички противници многу лесно наоѓаат заеднички јазик на општо задоволство кога треба нешто да си спакуваат и однесат дома.
И не им е првпат...колку пати до сега 100% се согласиле во собранието на РМ кога решаваат за нивните плати, хонорари, додатоци, привилегии....... итн....
Абе милина да ти е кога ќе ги видиш како заедно без подметнувања соработуваат!:vozbud:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom