ВМРО-ДПМНЕ: Актерот Петар Арсовски го клеветел Ристо Шишков

Статус
Затворена за нови мислења.

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
ВМРО-ДПМНЕ: Актерот Петар Арсовски го клеветел Ристо Шишков

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ тврди дека има основани сомненија оти носителот на листата на СДСМ за градот Скопје, актерот Петар Арсовски, во 1979 година директно учествува во конструкцијата на обвиненито против својот колега Ристо Шишков, основоположникот на македонскиот филм и театар

Поради тоа ВМРО-ДПМНЕ бара Комисијата за утврдување на фактите согласно Законот за лустрација да утврди која била улогата на Петар Арсовски во сведочењето пред судот за случајот Шишков, информира на денешната прес конференција Оливер Шамбевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Според документите со кои располага ВМРО-ДПМНЕ, како што наведе Шамбевски, актерот Арсовски го клеветел Шишков дека го напаѓал тогашниот комунистички режим и неговата политичка персонификација Јосип Броз Тито.

- Во сведочењето пред Судот Арсовски го клевети својот колега дека изјавил оти го мрази другарот Тито и дека во прилог на тоа се заколнал и во своето дете. За овој вербален деликт Шишков е осуден и затворен од властите, а неговата кариера целосно уништена, рече Шамбевски, и додаде дека тој случај претставува највпечатлив пример како биле уништувани судбини на десетици граѓани на Македонија заради тесни кариеристички или политички мотиви на мала група соработнци на комунистичкиот режим. Шамбевски ја повика Комисијата за утврдување на фактите во врска со Законот за лустрација, најбрзо што може да постапи по изјавите за несоработка со тајните служби на сите кандидати за претседател, градоначалници и советници на претстојните избори.

- Тоа е единствениот начин да ја зацврстиме македонската демократија и владеење на правото, истакна пратеникот Шамбевски.

Извор: http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=21344

Се надевам дека веќе еднаш ќе почне лустрацијата дека системот ќе го исчистиме од кодошите, кои работеа против чесните луѓе, патриоти, против интересите на Македонците.
 
Па и улогите му се такви.Секогаш глумел комунист и симпатизер на титовиот режим.Сега барем знам зошто толку добро глумел.Глумел од срце.:tapp:
А од лустрацијата не очеквам нишо посебно.Досијеата на големите риби одамна се запалени.
 
WTF?! За своето време Ристо Шишков беше најголемиот борец против комунизмот и ја скрши сликата на Тито,мислам дека тоа се случи во Охрид и за тоа го затворија или така нешто беше? :raz:
Ако Петар Арсовски го има шпионирано еден од нашите најголеми глумци тогаш срам да му е!!! :kesa:
 
Џабе е. Останаа само ситните риби. Останатите имаа доволно време да ги уништат доказите. Но, ние им дозволивме да останат на власт после падот на комунизмот. :toe:
 
Аууу ако е ваква цела кампања, кој што правел од кога се родил, колку женски имал и колку пати како тинејџер др*ал дома, срамота.
 
““НА СИТЕ ВИ ГИ ЕБАМ ЖЕНИТЕЕ!!!! НА СИТЕ!!!’’ :icon_lol:

Лустрација е уствари процес за судење на кодоши во систем во кој сите(80%население)радо живеел ??
 
Аууу ако е ваква цела кампања, кој што правел од кога се родил, колку женски имал и колку пати како тинејџер др*ал дома, срамота.

Сакаш да кажеш дека треба кодошите да останат неказнети? Не се говори за женски и др*ање, туку овие луѓе со своите дејства им ги уништувале животите на своите жртви. Губеле работни места, лежеле во затвор и т.н.
 
Сакаш да кажеш дека треба кодошите да останат неказнети? Не се говори за женски и др*ање, туку овие луѓе со своите дејства им ги уништувале животите на своите жртви. Губеле работни места, лежеле во затвор и т.н.
А како до сега не објавија такво нешто бе? Баш дека е носител на СДСМ и баш сега пред избори? А ј жити се не заебавај, намерата позната.
 
А како до сега не објавија такво нешто бе? Баш дека е носител на СДСМ и баш сега пред избори? А ј жити се не заебавај, намерата позната.
Нека излезит да демантират кодошот.:toe:
 
““НА СИТЕ ВИ ГИ ЕБАМ ЖЕНИТЕЕ!!!! НА СИТЕ!!!’’ :icon_lol:

Лустрација е уствари процес за судење на кодоши во систем во кој сите(80%население)радо живеел ??

Нека, нека Пејо, нека лустрираат, може и ќе излустриаат, па ќе ни тргне, ама мора да се лустрира и Маневски, Славевски, Фрле, Б.Ц. мајка му на Гвујо, самиот Гвујо бил кодош, Љубчо....

Но, мора и да се испоосудат сите за велепредавство поради бугарофилија, србофилија, гркољупство, макеодномрзство.
 
Де бре луѓе...па шпиунлукот на Арсовски е јавна тајна....незнам веќе кој не знае за некогите ангажмани надвор од актерството...
 
ја не знаев..жими се...

рак да беше ке го излечевме до сега...ама ова...предлабоко е навлезено
 
Инаку не е само Петар Арсовски „тастер“ од кај актерите...има тука уште неколку...
 
Па и улогите му се такви.Секогаш глумел комунист и симпатизер на титовиот режим.Сега барем знам зошто толку добро глумел.Глумел од срце.:tapp:
А од лустрацијата не очеквам нишо посебно.Досијеата на големите риби одамна се запалени.

Глумел и „гробар - бугар“ во Балканкан
 
СДСМ со критики до ВМРО-ДПМНЕ, а на истата конференција за печат ја прави истата грешка... Се ставаат во улога на јавен обвинител и на Комисија за лустрација...
И ваквите постапки (од двете партии) треба да ги осудат граѓаните, а не теми да отвараме!

СДСМ ќе го тужи Шамбевски

Дали актерот Петар Арсовски, носител на советничката листа на СДСМ за Скопје, бил соработник на тајните служби во поранешниот режим.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска, излезе со основани сомненија дека Арсовски во 79. година директно учествувал во конструкцијата на обвинението против неговиот колега, Ристо Шишков, и ја повика комисијата за лустрација да испита која била улогата на Арсовски во случајот.
„Во сведочењето пред судот, Арсовски го клевети својот колега, дека изјавил дека го мрази другарот Тито, ова се однесува на Шишков, и дека во прилог на тоа се заколнал и во своето дете. За овој вербален деликт, како што знаете, Шишков е осуден и затворен од страна на властите, а неговата политичка кариера, целосно уништена“, изјави Оливер Шамбевски од ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ со соопштение одговори дека во интерес на вистината ќе иницираат судска постапка, дека ВМРО-ДПМНЕ се служат со подмолни конструкции, во манирот на партиско полициски проверки на нивните кандидати.
Во исто време, пак, како што стои во дописот, му препорачуваат на началникот за аналитика на ВМРО Шамбевски, да го истражи случајот со носителот на нивната листа во Скопје, Владо Поповски кој во 91-та, како главен уредник на „Студентски збор“ и секретар на Републичката конференција на Социјалистичката младина, цитирам, попреку го погледнал и со груби зборови му се нафрлил на тогашниот републички секретар за правосудство и управа, Михајло Маневски, затоа што се обидел единствено за себе да си ги препише заслугите за активностите на движењето за Југославија.
По реакцијата на СДСМ од ВМРО-ДПМНЕ јавно ја прикажаа и пресудата врз основа на која го сомничат Арсовски.
„Наместо да се затскрива зад партиски соопштенија, да излезе и на Македонската јавност да и објасни, која е неговата улога, во случајот Ристо Шишков“, изјави Шамбевски.
Од лустрациската комисија која наскоро очекува да почне со работа, велат дека не сакаат да се мешаат во меѓусебните партиски препукувања, но дека на стартот од работата ќе ги побараат сите досиеја и ќе ги проверат поднесените изјави не само на сите кандидати за претстојните избори туку и на актуелните функционери. Ако некој од нив излажал а сепак бил соработник на службите, тогаш неговото име ќе биде објавено во дневните весници.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom